петок, 23 јули 2010 г.

Се формираше Клубот на навивачи МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Македонија

Чест и големо задоволство ми е да објавам дека Клубот на навивачи МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Македонија е официјално формиран и признаен од нашите институции и од денес почнува со своите активности.

Конечно идејата на една група на фанови на најголемиот клуб на светот стана реалност и доби една повисока форма на организирање на армијата фанови кои ги има во нашата земја. Во план се многу активности за кои секако навремено и точно ќе бидат известени сите идни членови во Клубот на навивачи.

Зачленувањето започнува во понеделник кога повторно ќе бидете известени како може да го сторите тоа. Доколку имате другар или друг близок пријател, роднина или пријател, информирајте го како со ваша помош би станале водечки фан клуб на некој од европските клубови во Република Македонија. Како доказ дека навистина Клубот на навивачи е формиран, одете на следниов линк и напишете манчестер (на кирилица) и стиснете провери.

Првиот и можеби најтежок чекор е веќе направен, исто така контактираме и со повеќе официјални supporters clubs
низ Европа и од некои веќе имаме отворени понуди за соработка. Направен е контакт и со клубот, од каде чекаме потврда за условите кои ќе треба да ги исполниме пред да испратиме барање да бидеме признаени, иако ни се познати, но чекаме официјална потврда. Во најскоро време ќе има објавено и на блогот инфо кои целото време ќе стои таму каде се убаво ќе биде објаснето како за Здружението, така и за самото зачленување.

Можете да не контактирате на официјалниот маил - red_army_mkd@yahoo.com, Manchester United Supporters Club - MUSC Macedonia која е официјална Facebook група на Клубот на навивачи и преку блогот United Devils - Macedonia кој е официјален блог и место каде можете да ги следите сите новости за клубот.

Нов договор за Видиќ

Дејвид Гил потврди дека Манчестер Јунајтед му понуди нов договор на Немања Видиќ и неговиот агент како и самиот Видиќ го прифатиле.

„Имаше многу шпекулации во медиумите за Видиќ кои не дојдоа од страната на Јунајтед ниту па од страната на Видиќ. Седнавме двете страни и успешно ги договоривме дискусиите, па Видиќ го прифати договорот. Со тие преговори почнавме пред СП, додека траеше турнирот затаија, но откако заврши, еве дојдовме до заеднички јазик.“, изјави Гил.

Тој додаде: „Договорот официјално се` уште не е потпишан бидејќи Видиќ е на одмор, но ќе биде потпишан на почетокот на август.“

Се чека реализација на трансферот на Дефур

По се` изгледа, Манчестер Јунајтед ќе доведат уште едно засилување овој преоден рок. Белгиецот, младата ѕвезда Стивен Дефур е на радарот на Јунајтед и се шпекулира за сума од 13 милиони фунти.

Агентот на Дефур изјави дека неговиот клиент има доовор со неговиот клуб до 2013, но понуда од Јунајтед тешко кој ја одбива. „Сер Алекс во септември на Дефур му испрати писмо, кога тој се мачеше со повредата. Тој е се` уште заинтересиран но мораме да почекаме Стандард да ја прифати понудата.“

Агентот додаде: „Има интерес од клубови од Италија, Шпанија, Германија, но Стивен сака да игра во Јунајтед и во ПЛ. “

четврток, 22 јули 2010 г.

Манчестер Јунајтед - Највреден спортски бренд во светот

Манчестер Јунајтед е највредниот спортски бренд во светот според светски познатиот магазин Форбс, кој оваа анализа ја прави секоја година.

На листата од 50 највредни брендови Јунајтед се најде на првото место со проценета вредност на 1.84 милијарди американски долари. На второто место се најде тимот од американската НФЛ Далас Каубојс со проценета вредност од околу 1.09 милиони американски долари.

Во листата на фактори кои влијаат врз оценката за вредноста на спортските брендови, особено на вредноста на Јунајтед вијаеле продажбата на официјални реквизити на клубот, средствата добиени од спонзорства и ТВ права и сл.

Don't thank the Glazers for this.

Чичарито - 14

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, младата мексиканска ѕвезда Хавиер Ернандез следната сезона во Јунајтед ќе настапува со бројот 14 на својот грб.

Ернандез на СП постигна два гола и беше утврден како најбрзиот играч на турнирот. Ќе му биде предаден бројот 14 и наместо неговото презиме, ќе биде испишан неговиот прекар - Чичарито.

Се надеваме дека Чичарито ќе блесне со бројот 14 на неговиот грб, нешто што не им успеа на Алан Смит и Зоран Тошиќ.

Pre-Season: UNITED vs. Philadelphia 1-0

Рано утрово Јунајтед го одигра својот втор меч од турнејата низ САД со тимот на Филаделфија Јунион на стадиониот на истоимената екипа.


Екипата настапи во следниот состав:

Kuszczak
O'Shea Evans Brown Fabio
Obertan Scholes Cleverley Giggs
Welbeck Macheda
Мечот веднаш започна со блага иницијатива на Јунајтед и иако изгледаше дека се работи за инфериорен противник сепак крајниот резултат говори дека можеби тимот на Филаделфија беше малку потценет.
Голман. Солиден меч на Кушчак, одбрани неколку поопасни топки, сигурен, стабилен на голот. Се на се добра партија на Томас.
Одбрана. Како и на првиот меч така и на овој одбраната се покажа во добро светло, успешно расчистувајќи ги сите посериозни опасности од пред голот на Кушчак. Еванс уште еднаш покажа дека созрева во играч кој можеби уште оваа сезона ќе се бори за местото во првите 11. Браун и О'Шеј искусно си ја завршија својата работа, Фабио исто така солиден. Во 2то полувреме во овој дел на тимот ги видовме и Де Лает, Смолинг, Рафаел и Кори Еванс кои продолжија со добрата игра што резултираше тимот да не прими гол, иако противникот имаше неколку посериозни шанси да постигне гол.
Среден ред. Овој дел од тимот беше микс на младост и искуство. Сколс продолжи со своите одлични игри, прекрасно додаваше, добра визија, ги разигруваше соиграчите. Клеверли покажа дека не беше тука така избран за играч на сезоната во Ватфорд каде беше позајмен, покажува константен напредок во неговата игра. Гигс на ниво како и секогаш без премногу грешки. Обертан имаше малку послабо прво полувреме, некогаш безглаво јуришајќи на голот. Талентот е тука, но тој успешно треба да се спои со менталната страна на играчот, Нани ја пронајде таа врска, се надеваме дека истото ќе се случи и со Обертан. Во овој дел од теренот ги видовме и Флечер кој одигра солидно како и секогаш.
Напад. Искрено се надевав дека Ферги ќе излезе токму со овие двајца играчи во овој дел од тимот. Велбек имаше добар натпревар, трчаше, се бореше и иако промаши неколку изгледни шанси сепак сметам дека тоа што го покажа ќе биде доволно за да добие уште минутажа на турнејата. Малку бев разочаран од Македа, имаше неколку добри додавања, но тоа е се што направи на овој меч. Сигурен сум дека во следните мечеви ќе ме демантира и ќе го потврди талентот кој несомнено го има. Го видовме и Бербатов кој веднаш ја раздвижи екипата и во текот на натпреварот имаше прексрасна шанса која заврши во пречката на голот на Филаделфија.
Голот падна во 75та минута по грешка на еден од играчите на противникот, кога топката дојде до Велбек, кој прекрасно втрча и уште поубаво додаде до Обертан кој без многу проблеми ја пласираше во левиот долен агол покрај противничкиот голаман.
Manchester United vs. Philadelphia Union 1-0 Стрелец: Обертан 75'

Посетители

Администратори