четврток, 26 август 2010 г.

Group C - UNITED, Valencia, Rangers, Bursaspor

Денес во Монако беа извлечени групите за овогодинешното натпреварување во Лигата на Шампиони. Манчестер Јунајтед беше извлечен заедно со Валенсија, Ренџерс и Бурсаспор.



Валенсија - Првиот противник кој го добивме. Знаеме дека Валенсија поради финансиските потешкотии ги продадоа своите први ѕвезди ова лето. Не се истата екипа од лани, но од тоа што го покажаа во подготвителниот период слободно може да се каже дека нема да бидат лесен залак за ниедна екипа.

Ренџерс - Еден од противниците кои ги посакував. Секогаш натпреварите со нив биле прекрасни за гледање, огромна борба, адреналин. Ренџерс во последните неколку години создаде солидна екипа, која го истисна Селтик од врвот на шкотскиот фудбал и бележи добри резултати во Европа. Со нетрпение ги очекувам дуелите со нив.

Бурсаспор - Најнеатрактивното име од последниот шешир, но што е тука е. Шампиони на Турција, не смеат да се потценат. Ќе гостуваме сигурно на стадион на кој ќе има неверојатна атмосфера како и на секој турски стадион.

Се надевам на добри 6 меча во оваа група и секако да завршиме на првото место.Еве го и распоредот на натпреварите

Tue 14 Sep - Rangers| Home
Wed 29 Sep - Valencia| Away
Wed 20 Oct - Bursaspor| Home
Tue 2 Nov - Bursaspor| Away
Wed 24 Nov - Rangers| Away
Tue 7 Dec - Valencia| Home

Зачленување во MUSC

Во овој пост можете да ги разгледате начините на зачленување во првиот официјален македонски фан-клуб на Манчестер Јунајтед, MUSC Macedonia


Во MUSC Macedonia може да се зачлени секој граѓанин на Република Македонија кој е навивач на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, кој ги прифаќа Статутот и Програмата за работа на Клубот на навивачи и доброволно пристапува кон истото.

Секое лице помладо од 16 години МОРА кон својата пристапница да приложи согласност од родител или старател или друг законски застапник.

За едно лице да стане полноправен член на MUSC Macedonia потребно е најпрво да пополни пристапница со своите лични податоци (истите нема да бидат јавно прикажани без согласност на членот). Пристапницата се добива по електронски пат т.е. секое заинтересирано лица испраќа бланко (празен) емаил на red_army_mkd@yahoo.com, и на неговиот маил потоа во вид на атачмент му се испраќа пристапницата која се принта и пополнува (на македонски јазик). Членувањето во MUSC Macedonia чини 300 ден. кои се плаќаат еднаш годишно, а првата година со самото зачленување. Во маилот со пристапницата добивате и упатства како да ја пополните уплатницата со членарината на жиро-сметката на Клубот на навивачи. Пополнетата пристапница и копијата од уплатницата ги испраќате во плико на адресата која ја добивате на маилот.

Доколку имате проблем при пополнувањето на уплатницата ве молиме да го замолите службеникот од банката за помош. Однапред благодарам.

Со добивањето на писмото вие станувате член на MUSC Macedonia.

Како член вие ги имате следните погодности:

- членска книшка
- активно учество во работата на MUSC Macedonia
- да бира и да биде биран/а во органите на Клубот на навивачи
- да присуствува на состаноците
- да биде информиран за собирањата за заеднико следење на натпреварите на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
- Попуст на продукти од официјалниот фан шоп и на карти за натпреварите на клубот на кој MUSC Macedonia организирано ќе присуствува (штом Клубот на навивачи биде признаен како local supporters club)
- редовно да биде информиран за сите преземени активности од страна на MUSC Macedonia и др. погодности утврдени со Статутот

Изглед на членските карти

Јунајтед со последна понуда за Дефур

Долго-годишната потера на Сер Алекс за белгискиот репрезентативец во редовите на Стандард, Стивен Дефур продолжува и кон крајот на летниот период, со според англиските медиуми Фергусон ќе испрател уште една, а воедно и последна понуда за Дефур



Неколку клубови од Европа го следат белгискиот играч од средината, но според шпекулациите тој моментално е најблиску до трансфер на Олд Трафорд.Сер Алекс верува дека би можел да го добие за пониска цена со оглед на тоа што многу тимови веќе завршија со потрошувањето за овој трансфер период.

Дефур досега има изјавено неколку пати дека би сакал да направи трансфер во Англија, и состојбата во којашто се наоѓа Јунајтед поради повредите коишто веќе неколку години го влечат Харгривс, би можело да значи дека Јунајтед е сеуште во потрага по играч во средината.Англискиот Skysports изјавува од нивни извори дека Јунајтед ке испрател последна понуда за талентираниот Дефур.

Дефур имаше сериозна повреда на стапалото минатата сезона со што беше во аут неколку месеци, а Сер Алекс му имаше испратено писмо во коешто му посакуваше побрз напредок во совладувањето на повредата.


Писмото испратено од Сер Алекс кон Дефур и одговорот од Стандард

сабота, 21 август 2010 г.

Preview: Fulham vs. Manchester United

Утре во 17 часот Јунајтед го игра мечот од второто коло од Премиер Лигата на гостински терен со Фулам.


Следи традиционално тешко гостување кое најчесто влијаело врз понатамошниот тек на сезоната за нас. Сепак е второ коло и многу рано за да би влијаел на нашата сезона, сепак ова ќе бидат многу важни 3 бода за нас, за зголемување на самодовербата, за држење чекор во врвот.

Билансот од последните две гостувања кај Фулам е доста непопуларен за нас. Посебно се свежи сеќавањата од ланската сезона кога загубивме убедливо со 3-0 главно поради десеткуваната одбрана. Ниту утре нема да биде полесно за нас. Ќе треба да го дадеме максимумот ако сакаме да извлечеме нешто од овој натпревар. Фулам ќе сака да продолжи со добрата традиција и сигурен сум дека доста мотивирано и самоуверено ќе влезат во овој дуел. Марк Хјуз пред се ќе сака добра дефанзивна 4-ка која ќе треба да се справи со Хернандез и Бербатов кој се надеваме дека ќе продолжи онаму каде што застана против Њукасл. Руни најверојатно нема ни да отпатува со тимот за Лондон поради стомачен вирус кој го добил пред натпреварот.

Главната закана по нашиот гол би требало да бидат Замора и Гера, играчи на кои ќе мораме да обрнеме посебно внимание и каде Видиќ и Еванс ќе мора да одиграат на ниво против нив. Од останатите team news за Фулам би издвоил уште дека можно е Муса Дембеле кој дпојде од АЗ Алкмар да го има своето деби. Шварцер е неизвесен, па може да го видиме резервниот голман Дејвид Стокдејл на голот, а се очекува Пол Кончески да го своето деби оваа сезона.

Кај нас работите се појасни. Мала неизвесност има за Евра, кој се здоби со мал удар на дуелот со Баркодовите, но се очекува да биде фит за утре. Фановите на нашиот клуб се надеваат на неколку работи -

1. Одбраната да одигра на потребното ниво
2.. Продолжување на добрите игри од минатонеделниот дуел
3. Деби гол на Хернандез

Очекувам да ги видам Хернандез и Бербатов во нападот, Во средниот ред очекувам да го видам горе-доле истиот од минатиот натпревар. Се надевам дека Сколс ќе изигра добро утре, бидејќи последните две години не може да се препознае себеси кога играме со овој противник на негов терен. Во одбраната би можело да има промена каде Рафаел би дошол на местото на О'Шеј, кој имаше слаб натпревар со Њукасл. ВДС е сигурен стартер.

Состави:

Schwarzer

Kelly Hangeland Hughes Pantsil

Duff Etuhu Murphy Davies

Zamora Gera


Hernandez Berbatov

Nani Scholes Fletcher Valencia

Evra Vidic Evans Rafael

VDS


Да ве потсетам дека членските книшки од првата тура се готови и утре на заедничкото следење на мечот ќе бидат поделени на оние членови кои ќе присуствуваат.

вторник, 17 август 2010 г.

New signings...no value...crazy market

Во овој пост би сакал да издвојам неколку зборови околу трнфер пазарот, новите засилувања, клупската политика, трансфер метите...

На 1 јуни кога всушност и започна трансфер периодот голем дел од фановите бараа нови засилувања, некои заради тоа што завршивме втори во лигата, други зошто мислеа дека само така т.е. со големи засилувања може да се врати малку загубента гордост од минатата сезона. Повеќето нивните надежи за некои мега трансфери ги темелеа верувајќи дека клубот ги има оние 80 милиони фунти од продажбата на Роналдо или барем дел од нив. Јас одговорно тврдам дека тие пари ние никогаш нема да ги видиме бидејќи веќе се потрошени за исплата на камати поради задолженоста на клубот.

Трансфер периодот за нашиот клуб редовно во последно време имаше неколку random ситуации кои не не избегнуваа. Првата беше дека ќе имаме трансфер сага за заминување на некој наш играч (во Реал нормално), трансфер мети чие пристигнување нема да се знае се до 31 август и мал милион шпекулации околу нови играчи.

Секој фан кој малку подолго го прати клубот и неговата трансфер политика ќе забележи дека во последните години има отстапки од горенаведените примери. Последните неколку трансфери буквално дојдоа многу изненадно т.е. поентата ми е дека ние фановите бевме изненадени бидејќи се носеа играчи со кои најмалку или воопшто не бевме поврзувани, играчи за кои англискиот печат воопшто и не беше запознаен, а сепак дојдоа кај нас. Последен играч кои со кој медиумите беа запознаени и на големо шпекулираа дека би можел да ни се придружи е Антонио Валенсија. Останатите играчи потоа кои дојдоа во клубот беа помалку неочекувани т.е. не се создаде некоја голема попмпа околу нивниот можен трансфер.

Примeрот со Овен, сабајлето излезе шпекулација дека би можел да ни се придружи, за до вечерта manutd.com да го потврди истиот. Нани и Андерсон беа донесени во ист ден без притоа да видиме некои посериозни шпекулации. Обертан исто така, само неколку дена имаше некои шпекулации и тој пристигна. Истото важи и за овогодинешните 3 засилувања. Буквално не прочитавме ништо во медиумите пред тие да станат наши играчи.

Токму следниот дел од постот ќе го посветам на овогодинешниот трансфер пaзар во клубот. Мое лично мислење е дека помина доста успешно кога ќе се земат сите фактори на број и моето мислење ќе го образложам. Најпрво важно беше да се сопрат сите можни шпекулации за наши играчи кои би го напуштиле клубот. Јунајтед го направи вистинскиот потег, Видиќ го продолжи договорот и ја доби платата која ја заслужува, Руни стави потпис на нов договор, беше осигурано останувањето на старата гарда на уште една година. Од овој аспект клубот изигра добро и јас немам никаква замерка.

Второ, требаше да се направи добар баланс на екипата особено со воведувањето на новото правило за состав од 25 играчи со дополнителните услови за кои сум сигурен дека сте запознаени. Некои играчи требаше да бидат продадени, некои да бидат испратени на позајмици. Според мене продажбата на Фостер беше правилен избор, сумата од 6 милиони фунти е сосема солидна, имаме двајца одлични голмани во ВДС и Кушчак и добра 3-та замена во младиот Амос. Тошиќ иако можеби не доби вистинска шанса сепак земавме добри 9 милиони фунти за него, а и ги имаме Нани, Обертан, сега и Бебе, Гигс и по потреба Клеверли и Парк кои би можеле да играат по таа позиција. Би ги издвоил младите Велбек, Кинг, Џејмс кои се на позајмица и тоа првиот во солиден премиерлигаш, а другите двајца во екипа каде би можеле вистински да се развијат во играчи кои сите се надеваме дека ќе ги видиме. Младиот Клеверли на мое големо задоволство ќе добие шанса да се бори за место во тимот, исто така и Македа кој се надевам ќе покаже дека може сериозно да се смета на него. И тука клупската политика се покажа добра.

Новите засилувања. Ако посериозно ја проанализираме ланската сезона ќе видиме зошто токму Ферги се одлучи за овие засилувања, и тоа по едно во одбраната, средниот ред и нападот. Ќе почнам со одбраната. Лани имавме многу повреди во овој дел, на натпреварот со Фулам, Де Лает и Флечер беа централни бекови, се е тука јасно. Незгодната повреда на Рио за жал сеуште е присутна и загрижувачка. Токму затоа Ферги мораше да се осигура тоа да не се случи оваа година. Одбраната дополнително ја засили со Крис Смолинг. Со тоа добивме уште една опција во одбраната која би спречила да се случат ситуации како ланските. Крис е добар млад играч кој со тек на време ќе прерасне во играч на кој сериозно ќе сметаме во одбраната. Ни требаше таков тип на играч и клубот донесе таков проспект на играч. Нема зошто да не бидеме задоволни од трансфер политиката во овој дел од тимот.

Нападот. Тука повеќе од јасно беше дека нападот (па и целиот тим) беше и презависен од Руни. Овен е склон кон повреди, Македа е сеуште млад, а Бербатов некогаш брилијира, а некогаш се губи на теренот. Јасно беше дека ќе треба играч кој ќе му го олесни товарот на Руни, па и на Бербатов (во отсуство на Руни). По донесувањето на Хернандез и после игрите на Светското и во нашиот дрес досега би се обложил дека преку 90% од нашите фанови се задоволни од него (барем до сега) и не би сакале да видат друг напаѓач на негово место, или мaтематички прикажано Хернандез>Бензема како најсериозна шпекулација за овој дел од тимот. Мое мислење е дека конечно нападот е оформен одлично и головите би требало да доаѓаат во поголем дел и да бидат порамномерно распределени помеу напаѓачите. Mission successfully completed и тука.

Среден ред. Намерно го оставив овој дел на крајот. Средниот ред е токму најозборуваниот и дел кадешто фановите бараа и се надеваа на некое мега засилување, а поочајните на било какво засилување. Централниот дел од средината од многумина се карактеризира како најслабата алка во моменталниот состав. На изненадување на сите беше донесен анонимниот Бебе, кој игра како крило. Цената можеби е малку висока за играч кој само 5 недели играл во клуб од првата португалска лига, но Ферги мора да верува многу во неговите скаути од тој дел на Европа и на Карлос Квеироз по чија препорака играчот е тука. Но, да не заборавиме дека овој играч има многу талент или како што англичаните би рекле raw talent. Тоа би значело дека играчот е сеуште во рана фаза на својот развој и дека освен можноста да игра како крило Бебе може да се прилагоди и на позицијата офанзивен играч од средината, или позицијата за која мислиме дека треба да се засили. Со добар распоред на тренинзи, со одлични тренери тоа не би требало да биде претешко да се оствари. Дајте му шанса на играчот, јутјуб клипови и фудбал менаџер се оскудни извори за оцена на некој играч и неговите квалитети.

А за играчи како Озил и останати ѕвезди немојте да жалите ни најмалку. Сакате такви играчи да имаат 2 добри сезони кај нас, по после да почнат да кокетираат со Реал Мадрид или Барселона и да прават се за да добијат трансфер? Јас не сакам. I'd rather give Bebe a chance.


BELIEVE

недела, 15 август 2010 г.

Македа не си оди никаде

Сер Алекс Фергусон изјави дека напаѓачот Федерико Македа не си оди никаде, дури ни на позајмица.

„Тој е еден од играчите на кои мораме да сметаме наредната сезона. Арогантен е и надуен, на тренинзи постојано се расправа со другите играчи и го брани своето его. Но тој има само 18 години а ние цело време го забораваме тоа. Цврст е и со исклучителен талент.

Со тек на времето станува се` подобар и подобар. Чезаре Прандели постојано комуницира со нашиот тренерски состав во врска со неговиот развој и е свесен за неговите можности. Нема шанси тој да си замине некаде, останува тука да го гледаме“, изјави Фергусон.

Посетители

Администратори