петок, 10 септември 2010 г.

Керик во аут 3 недели

Играчот од средниот ред на Јунајтед, Мајкл Керик ќе мора да паузира 3 недели поради повреда на ахиловата тетива.


Мајкл Керик во следните 3-4 недели ќе мора да одмора и да се опоравува од повредата. Со комплетирањето на тимот и со се помалку понови повреди клубот реши да го испрати Мајкл на специјалист за поточна дијагноза која за жал ќе го одалечи од терените одреден период.

'Тој има мал проблем со ахиловата тетива. Керик го имаше овој проблем во последните неколку недели и решивме да го пратиме на специјалист. Сметам дека ова е исправна одлука која целосно ќе му го реши проблемот на играчот, посебно што немаме нови повреди моментално' - изјави Ферги.

Уште еден играч кој нема да настапи во сабота е и Андерсон кој се здоби со мал удар во ногата и многу скоро треба да се врати во полн тренажен процес.

Менаџерот исто така изјави дека Рио е подготвен за игра и дека тој не играл на вчерашниот меч на Резервите против Стокпорт за да биде што е можно поспремен за следните 3 меча против Евертон, Ренџерс и Ливерпул кој се играат во временска рамка од 8 дена.

Подоцна во составот пристигнаа и Валенсија и Чичарито па најверојатно утре ќе бидат на клупата поради долгиот и исцрпувачки пат кој го имаа по нивните интернационални обврски.

За мечот со Евертон, Ферги го изјави следново: 'Ние сме во добра форма. Мечот со Фулам беше само трет за некои фудбалери кај нас, а мора да имате одиграно барем 5-6 натпревари за да влезете во форма', алудирајќи дека мечот со Евертон доаѓа малку подоцна кога играчите се поспремни отклоку на минатото гостување.

четврток, 9 септември 2010 г.

Мајкл Овен : ќе играм еден ден повторно за Англија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен е убеден дека еден ден повторно ќе го облече дресот на Англиската репрезентација.




Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен (30) не е повикан во репрезентацијата на Англија од селекторот Капело, уште од Март 2008та, но Овен кој досега има постигнато 40 голови за Англија, изјави :

"Имам 89 настапи за репрезентацијата, играв уште од мојата 18та година. Oдиграв на ниво последните две години, па се надевам дека еден ден повторно ќе заиграм за Англија, никогаш не се знае" додаде Овен.

среда, 8 септември 2010 г.

Нани : го живеам сонот

Нани откри се околу неговата прва посета во соблекувалната на Јунајтед за весникот inside United.



"Дојдов со мој пријател во Манчестер и ги посетивме музејот и стадионот, се сеќавам кога влеговме во соблекувалната на играчите и восхитувајќи се гледавме каде седат Роналдо, Руни, Гигс", објаснува Нани за inside United.

"Седевме во соблекувалната и замислувавме какво би било чувството да сме дел од од неа еден ден ... и две години подоцна јас дојдов тука. Прекрасно се почувстував кога потпишав за Јунајтед".

"Животот овде е прекрасен, но за мене најважно е да можам да играм фудбал за Јунајтед и да имам шанса да освојувам трофеи за овој клуб", додаде Нани.

"Научив многу овде, постар сум, поискусен и имам повеќе самодоверба. Ова e моја четврта сезона во клубот и се осеќам како дома". заврши Нани.

понеделник, 6 септември 2010 г.

Сколс избран за играч на месец август

Пол Сколс е овомесечниот најдобар играч на нашиот клуб, кој и повеќе од заслужено го доби ова признание.


Пол ја започна новата 2010/11 сезона како во најдобрите денови, водејќи го тимот до 2 победи и едно реми, постигнувајќи притоа 1 гол кој воедно му беше 150-ти во неговата кариера играјќи за клубот.

Сколс пружи одлични партии со Њукасл и Фулам, втората за жал не успеавме да ја победиме. Неговите асистенции и воедно целата игра беа од круцијално значење за перформансот на целиот тим изминатиот месец.

Пол исто така убедливо победи и на анкетата на официјалната страна каде собра пет од вкупно осумте илјади гласови, убедливо пласирајќи се на првото место пред Димитар Бербатов.

На Сколси му посакуваме уште многу вакви признанија во иднина.


недела, 5 септември 2010 г.

Потврден составот за Лигата на Шампиони

Денес од клубот беа потврдени играчите кои ќе настапат за Јунајтед во овогодинешната групна фаза во Лигата на Шампиони.


Две од трите засилувања кои пристигнаа во клубот оваа година ќе играат во првата фаза. Тоа се Крис Смолинг и Хавиер Хернандез, но за жал Бебе не е меѓу оние играчи кои ќе направат деби во најсилното европско фудбалско натпреварување. Заедно со Бебе на списокот не се ставени имињата и на Ричи де Лает и Овен Харгривс, кои би можеле да бидат пријавени од февруари кога ќе започне втората нокаут фаза, секако доколку претходно успешно биде завршена првата.

Списокот од пријавени играчи се состои од 30 имиња кои ќе имаат право да настапат во Лигата на Шампионите од кои 24 играчи се од А, останатите 6 се од Б списокот.

Еве го полниот список на играчи кои се пријавени за настап: Ван дер Сар, Кушчак, Амос*, Невил, Евра, Џ. Еванс, Фердинанд, Браун, Смолинг, Видиќ, О'Шеј, Фабио*, Рафаел*, Гил*, Нани, Андерсон, Гигс, Парк, Керик, Сколс, Флечер, Валенсија, Гибсон, К. Еванс*, Бербатов, Руни, Хернандез, Овен, Обертан, Македа*.

*Играчи од Б списокот.

среда, 1 септември 2010 г.

Кам-бек на Фердинанд

Рио Фердинанд го направи својот кам-бек на теренот по повредата која го одалечи од терените неколлку месеци.

Тој денеска настапи за Резервите на мечот против Олдам Атлетик. Ги одигра првите 45 минути од мечот и според извештаите за мечот тој се покажал доста добро.

На мечот исто така играше и Андерсон, за кого ова е втор меч после тешката повреда, одигрувајќи ги сите 90 минути со што покажува дека е на пат да достигне целосен фитнес во најскоро време.

Мечот заврши со победа на Резервите на Јунајтед од 2-1. Головите за нас ги постигнаа Македа и Ахосе.

Посетители

Администратори