сабота, 18 септември 2010 г.

Видич е новиот капитен

Сер Алекс Фергусон изјави дека Немања Видич ќе биде новиот капитен на Јунајтед, заменувајќи го Рио Фердинанд, барем до крајот на оваа сезона, почнувајќи од утрешното дерби со Ливерпул


Претходно неделава, Фергусон изјави дека на Гери Невил му е одземена капитенската лента, и истотака дека и Рајан Гигс не би можел да го одбере за капитен поради тоа што му е потребен некој што може да игра секое коло.

Рио Фердинанд, кој ќе треба да се бори и за капитенската лента на Англија со Стивен Џерард, поради тоа што го пропушти светското првенство, очигледно ќе треба да почне да дава повеќе од просечни преформанси и на клубски план.Тој беше капитен на тимот којшто играше против Ренџерс, кадешто беа одморени голем број првотимци за дербито утре.

"Како што кажав и порано, потребен ни е играч којшто може да игра константно од коло во коло.Немања Видич е еден од тие играчи.Тој е фит поголемиот дел од сезоната и секогаш би се нашол во првиот тим, доколку не е повреден или го одмарам пред поважни натпревари.Ја започна сезоанта како капитен против Челзи, и така и ќе остане." - изјави Фергусон за MUTV.

Видиќ потпиша нов 4 годишен договор летово и досега ги започна сите 4 натпревари во Премиер лигата за Јунајтед.

"Ова е голем успех за мене.Неможе секој да се пофали дека е капитен на Манчестер Јунајтед и сум пресреќен што сум еден од тие.Ова е огромна одговорност за мене, што секогаш сум посакувал.Но, сите ги знаеме вистнските капитени на тимот, Гери Невил,Рио Фердинанд,Пол Сколс и Рајан Гигс.Тие се вистинските лидери, сите играчи пробуваат да одат под нивните стапки" - изјави 28 годишниот Видич.

четврток, 16 септември 2010 г.

Валенсија успешно опериран

Денес Манчестер Јунајтед потврди дека операцијата на зглобот на Антонио Валенсија поминала успешно.



Валенсија тешката повреда ја доби на мечот против Ренџерс од Лигата на Шампионите кога го дислоцира и скрши зглобот на левата нога. Се очекува играчот да паузира одреден период.

'Операцијата мина добро. Посебен метален диск беше вметнат за да се стабилизира скршеницата, како и тешкото оштетување на лигаментите како резултат на дислоцирањето што секако ќе го одалечи играчот од терените во добар дел од сезоната.

Антонио останува позитивен и одлучен околу целата оваа работа'. - изјави претставник на клубот за официјалниот клупски сајт.



понеделник, 13 септември 2010 г.

Гери Невил не е повеќе капитен на Манчестер Јунајтед

На денешната прес-конференција, Сер Алекс изјави дека Гери нема повеќе да ја носи капитенската лента на Манчестер Јунајтед.





Гери ја наследи капитенската лента од Рој Кин во 2005та, но последните три сезона кариерата на Гери беше многупати прекинувана од повреди. Како што е редот, негов заменик е Рајан Гигс но Немања Видиќ ја носеше капитенската лента во саботата иако Гери беше во тимот.

„Гери се` уште е капитен на клубот на некој начин со неговото искуство и влијание, но, барав да е капитен некој што е константен. Последниве три години често капитенската лента шеташе помеѓу неколку играчи, но јас сакам да имаме константен капитен што ќе игра секоја недела. Ако тој беше константен ќе останеше капитен и ќе беше во саботата. Но морам да земам во предвид многу работи.“, изјави Сер Алекс.

Исто така додаде: „Со целосна почит кон Гери и неговото време во Јунајтед, тој знае и јас знам дека не игра секоја недела а јас барам некој што го прави тоа.“

Како голем фан на Јунајтед а воедно и играч, ова не беше баш лесно прифатена одлука од Гери, но сепак тој изјави: „Не можам да кажам дека ова не ме погодува но има и за мене поголеми приоритети од капитенската лента. И така не можев да бидам константен со настапите. Но јас ќе продолжам да го давам за Јунајтед мојот максимум. Една лента на раката не ја завршува мојата љубов.“

сабота, 11 септември 2010 г.

Харгривс се враќа во Манчестер за две недели

Овен Харгривс се враќа во Манчестер Јунајтед за две недели, но сеуште е непознаница кога тој ќе биде доволно фит за повторно да заигра.

Харго беше повторно вратен во специјалната клиника во САД каде се опоравуваше со помош на специјалистот Ричард Стедман, со надеж дека проблемите со колената конечно ќе исчезнат.

Ферги потврди дека за 14 дена играчот треба да се врати во клубот, но ни самиот тој не знае кога фитнесот на играчот ќе биде доволен за тој да го направи своето деби во оваа сезона.

'Овен има добар напредок и се надевам дека во следните две недели ќе го видиме назад во клубот. Но кога повторно ќе биде спремен да игра по неговото враќање? Тоа допрво ќе го дознаеме' - изјави Ферги.

Тој додаде дека различни критериуми влијаеле за Овен да биде дел од 25-те играчи кои ќе настапат во Премиер Лигата, но не и дел од тимот за групната фаза од Лигата на Шампиони.

'Не би било логично да го вметнам во составот кога тој сеуште не е вратен. Имаме право на измена во составот во јануари, па ако дотогаш е спремен ќе може да биде пријавен' - заврши Ферги.

петок, 10 септември 2010 г.

О'Шеј со пофалби за Бебе

Џон О'Шеј верува дека новото засилување Бебе веќе почнал да покажува знаци на напредок на тренинзите. Џон признава дека не видел многу од него, но од последните неколку тренинзи во клубот смета дека е направен правилен избор.


Одбранбениот играч на Јунајтед ја даде следнава изјава за ESPN: 'Перформансите на сите тројца нови играчи во клубот се доста охрабрувачки. Бебе дојде пред неколку недели во клубот и немав доволно шанса да го гледам на тренинзите, но од тоа што можев да го видам се работи за квалитетен финишер'.

О'Шеј смета дека сите три засилувања имаат добра шанса да се појават во првиот тим оваа сезона.

'Сигурен сум дека тие се подготвени за настап во првиот тим, а менаџерот е убеден дека ќе ја добијат својата шанса' - заврши О'Шеј.


Гери Невил : Сега го мразам Сити повеќе од Ливерпул

Одбрамбениот играч, а воедно и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил изјави дека повеќе го мрази Сити него Ливерпул.


Невил кој е омилен кај фановите поради нескриената омраза кон Ливерпул, зборувајќи за дуелот помеѓу Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд наредната недела посочи колку Сити го иритираат од кога почнаа да трошат голема сума на пари изминативе две години.

"Кога бев помлад немаше сомнеж околу тоа, бев фан на Јунајтед, но Ливерпул освојуваше многу трофеи. Тоа беше ужасен период за фановите на Јунајтед. Љубомора, омраза, страст кон својот омилен тим, едноставно не сакаш да гледаш како најголемиот ривал освојува трофеи."

Ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се уште е големо и покрај фактот што Ливерпул изминативе две децении е далеку од успесите на Јунајтед.

Како и да е градскиот ривал Манчестер Сити покажува желба за висок пласман во Премиер лигата, но со купување на звучни имиња и трошење на многу пари, кое посебно го навлекува гневот на Невил и фановите на Јунајтед.

Исто така Невил прокоментира околу крајот на неговата професионална фудбалска кариера.
"Премногу сум емоционално поврзан со клубот. Не сум сигурен дека можам тоа да го направам, иако мислам дека Гигс и Сколс би можеле. Ќе бидам трпелив, не сум засега сигурен дека можам да ја завршам кариерата," заврши легендата на Јунајтед, кој се мачи со повреди изминативе неколку сезони.

Посетители

Администратори