четврток, 5 ноември 2009 г.

Јунајтед по млад Аргентинец

Манчестер Јунајтед и Панатинаикос се заинтересирани за талентираниот аргентински играч од екипата на Ривер Плата, Давид Вилалва, според Skysports.


17 годишниот играч од средниот ред, кој како и 1000 други беше наречен новито Меси, моментално се наоѓа на Светското Првенство под 17 години, каде Јунајтед има свои скаути.

Вилалва стана познат по тоа што стана најмладиот играч кој играл за Ривер Плата со само 16 години и 7 месеци.Сега, тимови како Панатинаикос и Јунајтед се по неговиот потпис.

среда, 4 ноември 2009 г.

Повреденото трио се враќа во недела

Алекс Фергусон се надева дека повредените Видиќ, Бербатов и Гигс ќе се вратат за неделното дерби со Челзи на Стемфорд Бриџ


Видиќ има повреда на листот додека пак Гигс и Бербатов имаат мали повреди на колената. Сите тројца паузираа на вчерашниот дуел со ЦСКА на домашен терен кој заврши со нерешен резултат од 3-3.

За неделниот натпревар кај Јунајтед ќе отсуствува Невил и најверојатно Фердинанд кој се мачи со повреда на ногата.

''Се надевам дека Видиќ, Гигс и Бербатов ќе се подготвени за настап во недела. Гери Невил е суспендиран, него ќе го замени О'Шеј, а за Фердинанд сеуште не знам дали ќе биде доволно подготвен за настап''-изјави Фергусон за MUTV.

Фергусон: Заборавете на Ливерпул, трката е меѓу мојот Јунајтед и Челзи


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, ги отпиша Ливерпул и Арсенал од трката за титулата, напоменувајќи дека битката ќе се води помеѓу бранителот на трофејот, Манчестер Јунајтед и Челзи.


Сер Алекс Фергусон ќе допатува на Стемфорд Бриџ оваа недела да се сретне со лидерот на табелата и за првпат ќе се соочи со Анчелоти и Челзи.
„Тие имаат одличен и искусен тим како прво. Како второ, нивната стабилност во играта е голем плус и споредувајќи со минатата сезона, тие се за неколку нијанси подобри во тој поглед. Анчелоти во Челзи го донесе системот со кој го водеше Милан. Дијамантот во средината на теренот ги прави Челзи тим кој тешко се поминува на тој дел од теренот, нешто слично како кога тренер беше Мурињо, но Анчелоти оваа тактика ја спроведува многу подобро.“, изјави Фергусон.
Во врска со поразот од Ливерпул, тој додаде: „За да се освои ПЛ треба да се има победнички менталитет и тој ни отсуствуваше од играта на Енфилд. Ние сме секогаш на патот кој го чекорат победниците и кога ќе изгубиме, знаеме дека не смее да се повтори. Секогаш е тешко да се игра против Челзи, но ќе играме многу подобро отколку што игравме на Енфилд, можам да ве уверам во тоа.“

вторник, 3 ноември 2009 г.

Фергусон: Флечер е важен играч

Дарен Флечер ќе настапи за Манчестер Јунајтед на вечерашниот дуел од ЛШ со ЦСКА Москва, кој треба да биде и тест за неговата подготвеност за настап на неделното дерби со Челзи во Премиер Лигата.


Флечер се враќа на терените по здобиената повреда за време на настапот за неговата репрезентација во квалификациите за Светското Првенство. Тој пропушти 5 натпревари за клубот, но е спремен да го направи својот кам-бек на терените на вечерашниот дуел со ЦСКА.

''Многу луѓе сметаат дека Дарен е играч за големи натпревари. Ние бевме свесни за тоа од порано, но сега конечно тој ги добива пофалбите за тоа. Јас сметам дека Дарен од секогаш бил добар на теренот, но со тек на време тој стекна искуство и созреа како играч и сега конечно сите го гледаме тоа''-изјави Алекс Фергусон.

понеделник, 2 ноември 2009 г.

Сонот на Овен


„Сечиј сон е да се освои Лигата на Шампионите и кога си во Манчестер Јунајтед, знаеш дека секогаш си компетентен за такво нешто. Возбуден сум што сум дел од таков тим.“ - Мајкл Овен
Фудбалерот што помина 12 месеци на Сантијаго Бернабе, верува дека во мај следната година повторно ќе се врати таму, но овојпат со Манчестер Јунајтед.

По многуте проблеми што Сер Алекс Фергусон ги има со повредите во неговиот тим за утрешниот меч, Мајкл Овен најверојатно ќе стартува во првиот тим на утрешниот меч против ЦСКА. Овен никогаш не ја освоил ЛШ и е решен да им помогне на неговите соиграчи оваа сезона да ја освојат ЛШ по 4 пат и воедно да стигнат до финалето 3 пат по ред.

„Освојувањето на ЛШ е една од главните работи што се гледаат кога човек потпишува за нов клуб. Тоа е една од работите што многу ги сакам, да играм на големи европски мечеви. Тешко е да се освојат тие трофеи, но тие се наша цел и наша должност е да ја освоиме.“
По изминати 4 месеци на Олд Трафорд, Овен вели дека се чувствува како дома. „Ја сакам секоја минута што ја поминувам тука. Се` е како што очекував, дури и повеќе. Сите ми посакаа топло добредојде.“, изјави англискиот голгетер.

Јунајтед со нов спонзор

Африканската телефонска компанија, Глобаком, потпиша 5 годишен договор со Јунајтед.Млади играчи од Нигерија,Бенин и Гана ќе можат да тренираат во академијата на Јунајтед.



Освен откривањето на потенцијални таленти од Африканскиот континенти, многу фанови на Јунајтед од овие земји ќе добиваат безплатни пакети за сателитско следење на сите натпревари.

"Во Глобаком отсекогаш сме пробувале да си ја промовираме државата најдобро што можеме, и како може да биде подобро од договор со најголемиот тим во светот, Манчестер Јунајтед.Сега дефинитивно ќе има мотиви кај сите млади деца да продолжат со своите фудбалски кариери" - изјави Педи Аденуга, претседателот на Глобаком за Нигерискиот весник "This Day".

Посетители

Администратори