петок, 30 април 2010 г.

Најава:Сандерленд v Јунајтед

Премиер лига, 37мо коло|Недела, 2 Мај 2010|Почеток: 17:00h
Стадион: Stadium of Light, Sunderland



Клучното коло за сезоната во Англиската премиер лига.Додека Јунајтед ќе играат на стадионот на светлината, играчите и фановите веќе ќе си ги знаат шансите за титула, бидејќи Челзи, во 2 часот му гостува на Ливерпул па со победа или нерешено на домаќините, Јунајтед би можеле да се изборат за првото место и да им ја украдат титулата на Челзи во претпоследното коло.Како и да е, како што рековме, must-win натпревар, без оглед на резултатот од Ливерпул.

По лошиот старт на Април со пораз од Челзи и нерешено до Блекбурн, Јунајтед се врати во игра за титулата со 2 победи против Тотенхем и Сити.Головите на Сколс против Сити и на Нани и Гигс во последните 10 минути во натпреварот со Тотенхем не донесоа во ваква позиција и докажавме дека најдобар период ни се последните 10-15 минути.Сега гостуваме на Сандерленд, кој што едноставно обожава да игра дома на Стадионот на Светлината и едвај успеавме сезонава на Олд Трафорд да извадиме нерешено, а минатата сезона требаше 17 годишниот Македа да го реши натпреварот.

Според информациите, Рио и Руни тренирале со тимот повторно и би ни биле достапни за во недела, тоа го изјави Сер Алекс на пресот, заедно со новиот договор на Невил.Еванс добро го замени Рио последните 2 натпревара и не сум сигурен колку би ризикувал Фергусон да го игра Рио.Не би требало да има големи промени во тимот кој победи Тотенхем, со можност да игра Руни во нападот наместо Бербатов.

Сандерленд имаат многу добра форма кога се работи за натпреварите на свој терен, 3 победи во последните 5 натпревари со Барнли,Тотенхем и Бирмингем.Да не заборавиме, Арсенал и Ливерпул си заминаа со празни раце од стадионот на светлината, но и да не заборавиме дека Челзи им даде 7 гола.Минатиот натпревар успеаа да го победат Хал и да го вратат назад во втората лига.Бент е во одлична форма, има повеќе од 20 голови во лигата, најдобар стрелец им е, и дефинитивно ќе претставува најголема опасност.Покрај Бент, во нападот го имаат опасниот Кенвајн Џоунс и во средината Лорик Кана.Стив Брус е еден од подобрите менаџери во лигата и е дефинитивно име кое е за почит во Англија, а воедно и поранешен играч на Црвените Ѓаволи.Алан Хатон нема да игра поради црвени картони, Џон Менсах и Енди Реид се аут поради повреда, а можно е враќање на Ли Катермол и Џорџ Меркартни.

Можни состави:
Gordon

Bardsley - Ferdinand - Turner - Richardson

Campbell - Cana - Meyler - Malbranque

Jones - Bent

V

Rooney

Nani - Giggs - Valencia

Fletcher - Scholes

Evra - Rio - Vidic - Neville

VDS

Мој тип:
Се освен победа е неуспех за нас, дури и ако Челзи победа на Енфилд, мораме да останеме да се бориме до последното коло за титулата.
Сандерленд 1 - 2 Јунајтед


Нов договор за Гери Невил

Иако требаше сезонава да ја заврши каериаерата, Гери Невил потпиша нов, едногодишен договор со Манчестер Јунајтед.




Капитенот на Манчестер Јунајтед, на денешната прес-конференција од Сер Алекс беше пофален и за неговите перформанси откако се врати по 18 месечна пауза.

Сер Алекс изјави: „Најдовме заеднички јазик со Гери и тој ќе продолжи да игра уште една година за Манчестер Јунајтед. Не го кријам задоволството од потпишаниот договор. Неговиот придонес за клубот е фантастичен.“

вторник, 27 април 2010 г.

Манданда сонува за трансфер во Англија

Францускиот голман на мрежата на Марсеј, Стив Манданда изјавува дека сон му е да игра во англиската премиер лига, откако имаше шпекулации дека Јунајтед е многу заинтерсиран за неговите услуги.


25 годишниот голман беше мета на француските новинари и беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, како замена за ветеранот Ван Дер Сар.Манданда е во составот на Рејмонд Доменек за репрезентацијата на Франција во Светското првенство летово, но се смета дека ќе е втор избор покрај талентираниот Хуго Лорис.

Поранешниот играч на Ле Авр, изјави дека сон му било да игра во Премиерлигашки тим.

"Би требало да сакам да останам во Марсеј и следната сезона, но сакам и нов предизвик.Никогаш не знаеш кога ќе добиеш таква прилика и дали ќе има втор пат.Немам досега никаков контакт со било кој друг тим, но признавам дека отсекогаш сум сонувал да играм во Премиер лигата.Слушнав дека Манчестер Јунајтед барале нов голман.Незнам дали е моето име на нивната листа, но никогаш неможеш да знаеш што да очекуваш" - изјави Манданда за весникот JDD.

понеделник, 26 април 2010 г.

Хуманитарен меч на повидок

Сер Алекс Фергусон е задоволен а во исто време и возбуден да ги види своите херои од 99тата година кога Јунајтед освои требл на едно место, на Олд Трафорд, во чест на хуманитарен натпревар.



United Relief на 1 мај ќе биде голем ден. Дали со нетрпение го очекувате?

САФ: Да, бидејќи многу од играчите кои беа дел од тимот во 1999 година ќе бидат таму. Мислам дека ќе биде посебна прилика. Се надевам на голема посетеност, имаме голем број на фанови и фактот што не играме наредниот ден на стадионот, ќе помогне. Ја организираме оваа акција за да собереме пари кои ќе ги донираме во хуманитарни цели, а фановите ќе сакаат барем уште еднаш да ги видат на едно место Јорк, Кол, Стам, Џонсен..

Би било посебно одлично да ги видиме Јорк и Кол заедно. Какви беа тие во 99та?

САФ: Фантастични, поготово во сезоната кога постигнаа 52 гола заедно. Мислам дека беа најдобрите во Европа тоа време, неверојатно партнерство. Никогаш не видов двајца играчи кои толку брзо се поврзаа и сплотуваа таква игра од ден на ден, од меч на меч. Беа толку ефективни што беше тешко да ги заменам на теренот со Шерингем и Солскјер. Некои ми велеа дека сум среќен човек што имам 4 добри напаѓачи во исто време, но јас им велев дека тоа ми создава главоболки (се смее).

Дали мислите дека ќе се соберат доволно средства?

САФ: Тоа е главната цел. Клубот врши фантастична работа со фондацијата и со УНИЦЕФ и се надевам дека ќе бидат собрани доволен број на средства.

Ники Бат планира да се пензионира и да стане тренер

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед која дебитираше во 1992 година и освои 6 ПЛ трофеи, 3 ФА купа и еден ЛШ трофеј со овој клуб.




Неговиот договор истекува летово и неговиот менаџер верува дека Бат има цврстина и карактер за да биде тренер. Хјутон изјави:„Ники е одличен амбасадор. Го знам уште од времето кога играше за Јунајтед каде беше еден од младите и квалитетни играчи. Тука, во Њукасл е еден од клучните играчи, капитен на клубот и е еден од оние кои ги повлекуваат конците на теренот кога тоа му е потребно на тимот.“

„Тренерска позиција во клубот не е нешто за што сме зборувале, но Ники секако дека ги има квалитетите за неа.“

недела, 25 април 2010 г.

Руни избран за најдобар играч во ПЛ за 09/10

На денешната церемонија, Вејн Руни како и по очекувањата беше избран од ПФА, за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2009/2010, земајќи ја наградата од Рајан Гигс, минатогодишниот освојувач.


Иако беше повреден неколку пати, Вејн Руни успеа да постигне фантастични 34 гола сезонава, и го освојува овој значаен трофеј пред Дидие Дрогба,Цеск Фабрегас и поранешниот соиграч Карлос Тевез.

Руни, заедно со Евра,Флечер и Валенсија се најдоа и во најдобрите 11 на ПФА.Руни досега имаше освоено 2 пати наградата за најдобар млад играч во лигата, во 2005 и 2006, и конечно сега ја освојува и највредната од сите.Иако има само 24 години, досега Руни има освоено 3 титули во ПЛ, 2 во лига купот и 1 ЛШ на клубски план, и многу останати на индивидуален план.

Најдобри 11 за 09/10 според ПФА: Харт;Иванович,Дан,Вермален,Евра;Валенсија,Фабрегас,Флечер,Милнер;Руни,Дрогба.

Посетители

Администратори