среда, 4 август 2010 г.

Pre-season: Airtricity League XI vs. MANCHESTER UNITED 1-7

Денес и официјално заврши пред-сезоната за нашиот клуб со висока победа над најдобрите играчи од Ирската лига.
Јунајтед настапи во следниот состав:

Кушчак

О'Шеј Видиќ Смолинг Еванс

Валенсија Керик Гибсон Парк

Руни Овен

Голман.
На оваа позиција ги видовме Кушчак и Амос. Со оглед на многу слабиот противник, особено во офанзивниот дел, не би лажел кога би рекол дека најопасното нешто со кое Кушчак се соочи додека беше на голот беа вратените топки со глава од нашите одбрамбени играчи. Амос го видовме во второто полувреме, прими гол за кој не беше виновен, имаше 1 добра одбрана. Солиден меч за Бен.

Одбрана. Буквално овој дел од тимот беше без работа во поголемиот дел од мечот, а и тоа малку што го имаа успешно го завршија. Смолинг делуваше одлично, стабилен, смирен со топката, доминантен во воздух. Видиќ исто одличен како и секогаш, добар тандем беа со Крис на овој меч. О'Шеј и Еванс не дозволија крилните играчи ниту да се доближат до голот, добро додаваа и ги разбиваа акциите.

Среден ред. Најимпресивниот дел од екипата. Валенсија делуваше одлично, асистираше, даде гол со ЛЕВА, едноставно најдобар поединец на теренот. Браво за Антонио! Парк исто така брилијантен, повлекуваше акции, трчаше даде 2 гола од кој вториот беше доста добро пласиран шут. Средниот дел го сочинуваа Керик и Гибсон. За жал Мајкл порано го напушти теренот поради повреди, се надевам дека не е нешто посериозно и дека многу скоро ќе го видиме назад. Гибсон, со оглед на противникот можеше и мораше подобро, не сум баш најзадоволен од него, некогаш знае да импресионира, ама некогаш знае и да потфрли малку. Ги видовме и Флечер и Нани, првиот стандардно добро како и секогаш, Нани постигна гол од пенал, повеќе се трудеше да биде атрактивен, но сепак со оглед на резултатот не би му замерил.

Напад. По подолго време ги видовме Руни и Овен во првиот состав. Искрено од Овен не очекував ваква претстава, прекрасно одигра, тоа многу ме радува, постигна прекрасен гол. Секој може да каже што сака, ама кога Овен не е повреден тој сеуште е еден од најдобрите финишери во ПЛ. Руни се трудеше, промаши еден зицер, можеше и малку подобро во делот на реализација, ама ова беше прв натпревар за него после Светското, така да оекувам да проработи веќе на следниот меч. Во второто полувреме на нивно место ги видовме Бербатов и Хернандез. Бербатов изигра добро, карактеристично за него со кратки додавања по земја, по некој шут, солиден. Хернандез имаше одличен старт на полувремето, прв допир и гол. Морам да кажам дека се покажа одлично, трчаше, се трудеше, имаше уште еден добар шут. Морам да кажам дека сериозно се наметнува во првиот тим. Браво за Хернандез, за кратко време ќе стане еден од омилените играчи на Олд Трафорд.

Airtricity League XI vs. MANCHESTER UNITED 1-7 Стрелци: Парк 2, Нани(п), Овен, Хернандез, Еванс, Валенсија (ManUtd) и Малкехи (A)

Головите од натпреварот можете да ги погледнете на следниот линк.

недела, 1 август 2010 г.

Гигс: Не ни требаат нови засилувања

Рајан Гигс го подржа ставот на Сер Алекс дека екипата која ја има Јунајтед во моментов е доволно добра за да се бори за титулата во Премиер Лигата оваа година.



'Не ни требаат нови засилувања во овој преоден рок. Добри сме во моментов. Квалитетот на играчите кои моментално ги имаме е многу добар. Исто така имаме и играчи кои се враќаат по здобиените повреди.

'Имаме и одлични млади играчи кои беа на позајмица и се вратија посилни, подобри и ќе имаат голем бенефит по турнејата низ Америка' - заврши Гигс.

сабота, 31 јули 2010 г.

Ѕвездите од СП назад за мечот во Ирска

Фановите на Јунајтед, посебно оние во Ирска ќе имаат можност да ја видат четворката играчи на клубот која настапи на СП повторно во акција.

Вејн Руни, Мајкл Керик, Жи-Сунг Парк и Немања Видиќ плус Антонио Валенсија кој е на пат кон целосно заздравување по операцијата на зглобот, ќе бидат во тимот кој во вторник ќе настапат против најдобрите играчи од Ирската Премиер Лига.

Сите 5 играчи ја пропуштија турнејата низ Северна Америка и токму тековниот меч ќе биде круцијален во нивната подготовка за стартот за новата сезона.

понеделник, 26 јули 2010 г.

Pre-season: UNITED vs. Kansas City 1-2

Денес наутро се одигра и третиот меч од пред-сезоната на Јунајтед каде на мечот против екипата на Канзас Сити Визардс тимот го забележа првиот пораз на турнејата низ САД.


Тимот настапи во следниот состав:

Amos

Rafael Smalling Evans De Laet

Nani Scholes Gibson Giggs

Berbatov Diouf


Голман. Како што се очекуваше младиот Амос ја доби шансата на овој меч да застане помеѓу стаивите со надеж дека ќе покаже дел од својот талент и ќе ја оправда довербата од Ферги. Од тоа што го видов вчера Бен не ми остави некаков впечаток, често излетуваше на нафрлени топки, малку несигурен во интервенциите, рака на среце имаше неколку добри одбрани, но мислам дека сеуште е далеку и од борбата за втор голман со Кушчак. Времето работи за него, се надевам добро ќе го искористи.

Одбрана. Во одбраната ги видовме младите надежи и иднината на клубот во овој дел од тимот. Можам да кажам дека ниту овој дел од тимот не ме импресионираше. Рафаел одигра лошо прво полувреме, играчот на Канзас, Милер многу лесно поминуваше покрај него. Смолинг делуваше сигурен со мали грешки, се на се немаше лоѓ натпревар. Еванс стандардно добар, Де Лает имаше лошо прво и нешто подобро второ полувреме со само неколку добри пробиви по левата страна. Исто така ги видовме и Фабио кој одигра добра втора половина од вторите 45 минути.

Среден ред. Настапивме со силен среден ред, среден ред со кој понекогаш дури игравме и на мечевите од Премиер Лига. нани по повредата за прв пат настапи, немаше кјознае каков меч, но сепак ова му е прв настап, треба да влезе во форма, имаше неколку добри потези, се надевам ќе го видиме во подобро светло во следните мечеви. Сколс и посебно Гибсон имаа лоши мечеви, иако Сколси малку го поправи впечатокот, Гибсон не успеа и заслужено беше заменет во второто полувреме. Гигс исто така не одигра на ниво, помалку нервозен. Во второто полувреме влегоа Обертан и Клеверли кои според мене го поправија малку впечатокот, но недоволно за барем да се постигне израмнувачки гол.

Напад. Се надевав дека Берба и Диуф ќе се поврзат повоторно како на натпреварот со Селтик. Не беше така, напротив Диуф буквално се изгуби на теренот, не добиваше топки, лошо се движеше, можеби прв кандидат за замена во тимот. Бербатоов исто така не беше на ниво, постигна гол, но сепак се очекуваше да биде лидер на овој тим и да ја преземе одговорноста во свои раце. Во второто полувреме влегоа Македа и Велбек кој ја раздвижија играта и имаа неколку убави шанси, но за жал не постигнаа гол.

Единствениот гол за Јунајтед го постигна Бербатов од пенал.

Мора да се напомене и ужасното судење на арбитарот, тотално се изгуби на теренот, ужасни одлуки, даваше црвени и жолти картони за стартови кои воопшто не беа фаули и очигледни стартови кои воопшто не ги санкционираше, остави црна дамка на мечот.

Мило ми е што ваквите лоши игри се случуваат токму во овој дел од сезоната, грешки од кои се учи и кои не носат поголеми последици. Отрезнувачки пораз кој дојде во одлично време пред мечот со MLS All Stars. Се надеваме дека играчите ја научија лекцијата (и го слушнаа hairdryer-от на Ферги) и дека на следниот меч ќе го видиме вистинскиот Јунајтед.

Хајлајтс од натпреварот на следниот линк.

недела, 25 јули 2010 г.

ВДС: Не брзам со пензионирањето

Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар вели дека не брза со пензионирањето, иако во октомври ќе го прослави 40-от роденден.



ВДС пристигна во Јунајтед од Фулам во 2005 година и оттогаш е незаменлив број еден на голот. Во фебруари потпиша нов едногодишен договор и ќе остане на голот на Јунајтед до крајот на оваа сезона. Но, вели дека не брза со пензионирањето.

„Последниве 3-4 години ова прашање го слушам често. Понекогаш човекот сам себеси се изненадува. Ова е одличен клуб и чест е да се биде во него. Играш во ПЛ, ЛШ и други купови против најдобрите фудбалери во светот. Ова е нешто премногу добро за да се прекине да се прави. Иако имам скоро 40 години, не ми пречи да вложувам напори да настапам во сабота попладне и потоа во вторник навечер во стартните 11. Можам да направам уште многу работи за клубов. “, изјави Едвин.

Фергусон: Повредените играчи напредуваат

Додека екипата е на подготовки во САД, играчите кои не отпатуваа засилено се подготвуваат во базата Керингтон.

Гери Невил и Антонио Валенсија започнаа со тренинзи, додека Мајкл Овен и Рио Фердинанд полека заздравуваат од повредите.

''Гери започна со тренинзи, додека истото треба да го направи и Валенсија во понеделник. Мајкл Овен заврши огромна работа до сега, малку е поназад во заздравувањето од Гери и Антонио и не сум сигурен дали ќе биде подготвен за стартот на сезоната. Рио најверојатно е 6 недели далеку од враќање на теренот.''

Ферги исто така се осврна и на повредите на Андерсон и Харгривс изјавувајќи: ''Андерсон ќе биде подготвен кон крајот на септември како што однапред предвидовме, додека пак Овен Харгривс ќе остане во САД се до оној момент кога ќе биде подготвен да се врати'' - заврши Фергусон.

Посетители

Администратори