сабота, 25 септември 2010 г.

Де Лает на позајмица во Шефилд Јунајтед

Шефилд Јунајтед ја добија битката за да го позајмат одбрамбениот играч на Јунајтед, Ричи де Лает.

Де Лает ќе претставува големо засилување за одбраната на Шефилд и се очекува да го има своето деби како позајмен играч веќе денес против екипата на Лидс Јунајтед.

Ферги верува Де Лает може да стане ѕвезда во иднина, а времето минато на позајмица може само да влијае позитивно врз неговиот развој како играч.

Јунајтед го доби Вулверхемптон во 4-тата рунда од Карлинг купот

Денес беа извлечени двојките за 4-тата рунда на Карлинг Купот.

Јунајтед за противник го доби Вулверхемптон. Натпреварот ќе се одигра на 25 октомври на Олд Трафорд.

Останатите двојки се следните:

Newcastle v Arsenal
Birmingham v Brentford
Wigan v Swansea
Aston Villa v Burnley
Leicester v West Brom
West Ham v Stoke City
Ipswich v Northampton

Preview - Bolton vs. MANCHESTER UNITED

Следниот противник на Јунјатед е тимот на Болтон, со кој играме на Рибок стадионот во недела од 13.00 часот.

Своевидно локално дерби, можеби не толку за клубовите, колку за навивачите, главно поради блискоста на двата града.

БОЛТОН

Болтон е цврста екипа која преферира класичен островски фудбал. Високи топки, имаат силни играчи како во нападот така и во одбраната. Болтон ира добро на свој терен и секогаш мора сериозно да се влезе во натпреварот со нив.

Од клупските вести за Болтон би издвоил дека за овој меч се враќаат Јаскелаинен и Кевин Дејвис кој ја одлежаа суспензијата, а во нивниот тим ќе недостигаат подолго отсутните Енди О'Брајан, Џои О'Брајан и Шон Дејвис, додека Гери Кејхил е суспендиран за овој меч.

Од формациски аспект и играчите кои ги имаат Болтон на располагање во моментов за очекување е дека Овен Којл ќе игра нешто како дијамант, каде Холден ќе игра пред Муамба, а Петров и Ли ќе играат и како крила и ќе го затвораат просторот во средината кој ќе остане поради таа формација, а и ќе можат да помагаат на нивните бекови.

Јунајтед посебно внимание ќе мора да обрне на Кевин Дејвис од кого доаѓа најголемата опасност. Ќе мора да се запре и Мартин Петров кој добро додава и секако да се внимава и на Елмандер кој добро ја започна оваа сезона.

ЈУНАЈТЕД

Кај Јунајтед конечно пристигнаа малку добри вести, особено по веста дека Керик и Харгривс е вратија на тренинзи, а Андерсон и Фердинанд успешно го минаа фитнес тестот на натпреаврот за Резервите. Ова ни е трето гостување оваа сезона и се надевам конечно на прва победа во гости сезонава. Се надевам играчите ја научија лекцијата од Фулам и Евертон и дека такви грешки нема да гледаме во иднина.

Од клупските вести немаме нови повредени ниту казнети играчи. Формацијски мислам дека Ферги ќе се задржи на 4-4-2 формацијата иако знае да извади и формација 4-5-1 кога играме на гостински терен, сепак мислам дека тоа нема да го стори на овој меч.

Од тимската селекција, не би требало да има големи дилеми околу голманската позиција, во одбраната очекувам да играат Рафаел и Евра како бекови, и Видиќ и Еванс како централни дефанзивци. Сметам дека Рио ќе биде сочуван за тешкото гостување против Валенсија од ЛШ следната среда. Средниот ред би бил составен од Сколс и Флечер во централниот дел и Нани и Гигс по крилата. Му давам предност на Гигси пред Парк само заради тоа што Парк ќе биде и тоа како потребен на формацијата која ќе се игра во Шпанија, па мислам дека ќе влезе во игра со Болтон во случај на потреба. Нападот би требал да биде составен од Бербатов и Руни, кој сите очекуваме повторно да постигнува голови.

Од нашата формација и стилот на игра кој би можеле да го практикуваме, повторно се издвојуваат Сколс, Нани, Гигс и Бербатов, Пол и Берба за успешно поврзување на средниот ред и нападот, додека пак крилата мора да добиваат топки, да влегуваат во опасната зона крилно и да ги пласираат во срцето на шеснаесетникот, тактика која ни донесе 3 гола против Ливерпул минатото коло, посебно ако Болтон настапи со Стеинсон и Робинсон како странични бекови.

СОСТАВИ


Jaaskelainen

Steinsson Ricketts Knight Robinson

Muamba

Petrov Lee

Holden

Elmander Davies


Rooney Berbatov

Giggs Scholes Fletcher Nani

Evra Vidic Evans Rafael

VDS



петок, 24 септември 2010 г.

Харгривс назад на тренинг

Овен Харгривс вчера се врати на тренинг со првиот тим со надеж дека ова ќе е последна повреда која го одалечува од терените.

Ферги во ексклузивно интервју за MUTV изјави: ''Овен Харгривс се врати во тимот и вчера имаше тренинг со остатокот на тимот. Делуваше доста добро. Дури и јас бев изненаден од тоа како изгледаше на тренингот.''

''Ќе трерба внимателно да го мониторираме Харгривс поради неговото долго отсуство. Сепак добро е да се види Овен назад со екипата. Гледајќи го вчера на тренинг, со неговата желба и залагање ќе имам вистинска 'главоболка' при селекцијата на играчи за првиот тим.'' - изјави Ферги за MUTV.

Исто така, на тренинг се врати и Мајкл Керик по залечувањето на неговата повреда.



четврток, 23 септември 2010 г.

Ферги: Клучни ќе бидат дуелите со Челзи

Ферги вели дека победникот на дуелите меѓу Јунајтед и Челзи ќе биде крунисан за шампион на Англија.

Ланската сезона Јунајтед заврши 1 поен зад Челзи во борбата за титулата, притоа губејќи ги двата меѓусебни дуели со нив. И покрај многуте засилувања на Сити и секогаш присутната закана од Арсенал, сепак Ферги смета дека и оваа година главниот збор за титулата ќе го имаат Јунајтед и Челзи.

'Премиер Лигата е многу тешка. Јас секогаш поблиску го следам тимот што ја освоил Лигата претходната сезона. На нас и на останатите е да играме и да ја одземеме титулата од нив. Челзи ја започнаа сезоната доста добро и ги метам за најголема опасност.'

'Најважните натпревари најверојтно ќе бидат оние на кои ќе играат двата клуба. Ланската сезона ги загубивме и двата меча од нив, што беше одлучувачко на крајот' - изјави Ферги.

среда, 22 септември 2010 г.

Бебе: Ќе успеам во Јунајтед

Бебе треба да го има официјалното деби за првиот тим на Јунајтед на денешниот натпревар од Карлинг купот против екипата на Сканторп.



По трансферот кој го направи играчот во клубот тој досега го одигра само еден натпревар за Резервите на клубот минатата недела против Стокпорт. Тој денес најверојатно ќе го има своето деби за клубот, без разлика дали како дел од првите 11-мина или од клупата.

'Ќе успеам во клубот. Сер Алекс ми кажа дека е задоволен од мене и од досегашните мои залагања и сака да тренирам уште понапорно за да ја добијам мојата шанса и во првиот тим. Не знам кога ќе бидам целосно подготвен, сепак многу од тоа зависи и кога ќе бидам повикан да играм од страна на менаџерот.' - изјави Бебе.

Посетители

Администратори