петок, 4 декември 2009 г.

Засилување и играч на деценијата за Сер Алекс


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјавува дека поранешниот ѓавол Кристијано Роналдо е неговиот најдобар трансфер во последните 10 години.




Откако му беше поставено прашањето за официјалното списание на Јунајтед, United Review, Сер Алекс разгледувајќи ги сите играчи што ги купил во послед
ната декада, се одлучи за сега 80 милиони вредниот португалски крилен играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Истотака тој изјави и дека многу жали што не успеа да го земе Роналдињо од ПСЖ во 2003та, кога тој потпиша за Барселона.

"Роналдо беше фантастичен.Едноставно фантастичен играч, кажано е се за него, неморам да се повторам.Не успеав да го донесам Роналдињо на Олд Трафорд, и за тоа жалам многу, но тоа трансфер лето го ублажи Роналдо, кој пристигна истото од Спортинг.Договорот со Роналдињо беше завршен, но одеднаш Питер Кенјон и другите агенти нешто направија, ни јас незнам што, и договорот пропадна." - изјави Ферги.

Кога беше запрашан за кој е најдобриот играч во последната деценија во Јунајтед, Сер Алекс без размислување го изговори легендарното Велшко име.

"Дефинитивно Рајан Гигс."


"За неговите неверојатни услуги и настапи, и играњето на секој натпревар со најголема важност, посветеност на тимот во секој поглед, заслужено и секоја чест." заврши Сер Алекс.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори