Рајан Гигс признава дека е изненаден од храброста на младинците во тимот. Вели дека е изненаден од тоа што на играчите не им е забрането скоро ништо затоа што имаат професионални договори и високи плати.

„Интересно е да ги гледаш помладите на тренинг како се развиваат и како работите се сменети од минатото. Тоа се играчи кои се купени на 17-18 годишна возраст и кога ќе добијат шанси за настап тие се веќе „возрасни“. Во моето време, не се случуваше никој од нас помладите ни да им извика „БУ!“ на Палистер и Брус, а сега помладите цело време трчаат наоколу и се шегуваат со сите. Но сепак, сево ова ми е убаво. Преубаво е дури да се биде цело време околу помлади од тебе, да ги подучуваш. Се` уште си ја сакам дневната рутина.“, изјави Рајан Гигс.
0 коментари:
Објави коментар