среда, 30 декември 2009 г.

Ферги со пофални зборови за Валенсија


Фергусон со пофални зборови говори за Луис Антонио Валенсија пред соочувањето на Јунајтед со неговиот поранешен клуб Виган вечерва на Олд Трафорд.


Летното засилување на Манчестер Јунајтед, Валенсија вечерва по втор пат годинава ќе се соочи со неговиот поранешен клуб Виган во последниот овогодишен натпревар на шампионот. Ферги на денешната прес конференција го изјави следново за еквадорскиот интернационалец:

'По продажбата на Роналдо сите мислеа дека ќе не можеме да се препознаеме оваа сезона, но факт е дека имаме освоено само еден поен помалку од лани во истиот овој период. Валенсија е добар играч кој полека се вклопува во екипата. Тој е тивко момче и има своја игра.

Тој ужива да игра на позицијата десно крило. Може да биде искористен и на некое друго место во екипата како на пр. централен среден играч, позиција на која го имаме видено да игра. Можам слободно да кажам дека празнината по заминувањето на Роналдо е достојно пополнета''-изјави Фергусон.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори