недела, 6 декември 2009 г.

Фелан не негира потпис на Џеко

Асистентот на Сер Алекс Фергусон, Мајк Фелан, изјави дека Манчестер Јунајтед би испратил понуда до Волфсбург за услугите на Босанецот Един Џеко.


Џеко летово беше блиску до потпис за Милан, Арсенал беа исто така заинтересирани за неговите услуги, но Волфсбург го задржа во своите редови. Тој продолжи да импресионира и оваа полусезона, дури и на Олд Трафорд погоди за Волфсбург.

„Сигурен сум дека многу тимови го бараат Џеко во своите редови. Дали сме ние еден од нив? Ние цело време бараме таленти и сигурно дека сме меѓу тие тимови. Се покажа како голема закана на Олд Трафорд, тој е висок и вешт фудбалер, идеален за Премиер Лигата.“

Што се однесува до откажаниот трансфер на Адем Љајиќ, Фелан му порача: „Сигурен сум дека Адем е разочаран, но сигурен сум дека тој ќе стане уште подобар и ќе ја докаже својата големина, има светла иднина пред себе.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори