понеделник, 7 декември 2009 г.

Најава:Волфсбург v Јунајтед

Лига на Шампиони, Група Б|Вторник, 7 Декември 2009|Почеток: 20:45h
Стадион: Volkswagen Arena, Wolfsburg




Последен натпревар од групата Б за нас, да се биде или не за Волфсбург.Сами си ја комплицираа работата со изгубениот натпревар од ЦСКА пред 2 недели, така да сега им треба најмалце 1 поен на Волксфаген стадионот против Англискиот шампион Јунајтед за да ја поминат групата.

Минатиот натпревар, Џеко им донесе водство на Волфсбург против Јунајтед на Олд Трафорд, но потоа примија 2 гола и Јунајтед се пласираше во 1/8 финалето.Формата им е многу лоша со 1 победа,2 нерешени и 2 изгубени во последните 5 натпревари.

За разлика од нив, ние сме први на групата, но изгубениот натпревар од Бешикташ дома минатото коло сами си ја влошивме ситуацијата.Со цела одбрана повредена освен Евра, дефинитивно ова ќе биде многу тежок натпревар, со оглед на тоа што Јунајтед веќе 3 недели по ред игра натпревари во работна недела.4 победи од последните 5 натпревари за Јунајтед, придружени со неколку големи победи од по 3 и 4 гола разлика, иако буквално без одбрана, Јунајтед игра добро и на трите фронта.Вкупно 12 играчи повредени, Гигс и Руни се одмараат, а Харгривс сеуште не е спремен да настапи, можат ли ѓаволите да триумфираат во Германија?

Можни состави
Benaglio

Barzagli - Costa - Simunek - Madlung

Kahlenberg - Josue - Misimovic - Santana

Dzeko - Martins

V

Welbeck - Owen

Park - Scholes - Anderson - Valencia

Evra - Carrick - Fletcher - Gibson

Kuszczak

Мој тип:
Ќе биде многу тешко дефинитивно, со оглед на тоа одбраната составено од 3ца играчи од средината или пак некој од резервите.Волфсбург 1-1 Јунајтед

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори