Сер Алекс Фергусон истакна дека и покрај тоа што има пари за трошење, нема да ги потроши на пренапумпани цени и на фудбалери кои не вредат за парите.

„Ова е смешно. Насекаде се изјавува дека немаме пари и сакаме да земеме некој за ефтино. Нонсенс. Не е работата само да се фрлат пари на некој фудбалер. Парите се тука ако сакам да ги искористам, но не гледам добра понуда, како што не гледав баш и летото. Среќен сум со она што го имаме во клубот, иако имаме проблеми со одбраната, но до јануари верувам дека се` ќе се среди. Летово беше смешно. За фудбалери кои не вредат ни бараа астрономски суми, само затоа што сме Манчестер Јунајтед. 30.000 милиони за Бензема? Смешно. Философијата на овој клуб е да развива млади фудбалери и да ги прави ѕвезди, како што се Македа, Велбек и Диуф, од кој сум многу задоволен и за него во јануари ќе аплицираме за работна дозвола.“, изјави Фергусон.
На прашањето дали се точни шпекулациите за Кембел, Фергусон изјави дека не се и дека не знае од каде излегле тие дезинформации.
0 коментари:
Објави коментар