Јунајтед ја има една од најлошата серија повреди на одбраната во последните години, кои можеа да се видат и на Аптон Парк, иако Јунајтед направи голема победа од 0-4.

Сер Алекс Фергусон има огромни проблеми во составувањето на екипата, и најверојатно ќе треба да игра без 7 играчи против Волфсбург, од кои 6 се одбрабени.Само Немања Видич е неизвесен поради грип, и Сер Алекс се надева дека ќе може да смета на него во натпреварот во Вторник.
Заедно со Видич повредени се и Рио,О'Шеј,Рафаел,Фабио и Џони Еванс, а Браун и Гери Невил беа принудени да бидат заменети во натпреварот со Вест Хем.Де Лает и Евра се моментално единствени одбранбени играчи коишто се фит.
"Ова е премногу, скоро сите играчи од одбраната ни се повредени.Немања Видич не настапи денес поради грип, па Невил морав да го играм како стопер, но и тој излезе по само половина час игра.Исто и Вес мораше да искочи на крајот."
"Незнам што ќе правиме во Вторник, како ќе извадам 4 фит дефанзивци.Се надевам дека Немања ќе биде фит, за да можам да го играм со Керик во одбраната." - изјави Сер Алекс.
0 коментари:
Објави коментар