понеделник, 17 август 2009 г.

Алекс Меклеиш: "Руни е новиот Зидан"


Откако неговиот тим доживеа мал пораз на Олд Трафорд, менаџерот на Бирмингем, Алекс Меклеиш го спореди Руни,кој го постигна победоносниот гол за Јунајтед,со легендата на францускиот фудбал, Зинедин Зидан.


Руни, кој сеуште е млад и има само 23 години, очекува да има една од најдобрите сезона во неговата кариера и да ја потполни дупката создадена од заминувањето на Роналдо во Реал Мадрид.

Меклеиш воопшто не се воздржуваше со пофалбите кон Англискиот репрезентативец, споредувајќи го со француските легенди, Зидан и Платини.


"Руни успева да ја искористи секоја мала грешка во одбраната,брз е и може тешко да ги казни сите грешки,што го прави тежок за чување.Тој е природен фудбалер, како Платини и Зидан."

Во меѓувреме, Сер Алекс изјави дека може да се очекува многу од Руни сезонава.

"Се надевам дека ќе ни помогне многу оваа сезона,кога се работи за голови. Повеќе од способен е да придонесе 20 голови сезонава.Не го бараме невозможното од детето и се надеваме дека ќе успее" - заврши Сер Алекс.

недела, 16 август 2009 г.

Руни презадоволен од играта на Јунајтед

Напаѓачот на Англија беше задоволен што зазеде учество во денешната победа...


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед изигра одлично денеска и придонесе за позитивен старт на Олд Трафорд денеска со постигнувањето на победничкиот гол против Бирмингем.
Напаѓачот смета дека неговата екипа прикажала добар фудбал и заслужила да победи, но потенцира дека противничките играчи направиле работите да не бидат толку лесни за нив.
“Мислам дека изигравме одлично. Очигледно, Бирмингем се бранеа доста во текот на првото полувреме и беше многу тешко да играме, но направивме доволно шанси за да победиме”-рече Руни за Скај Спортс
“Добро е што ги освоивме трите бода”
“Одбранбените играчи на Бирмингем играа добро и ако дадевме втор гол ќе ја умртвевме играта, но со резултат 1-0 секогаш е ризично и може да не победите и затоа знаевме дека ќе е тешко”
Голот Руни го постигна по удар со глава при што топката удри во стативата и повторно се врати до него. Оваа сезона сите очи ќе бидат вперени кон него поради заминувањето на двајца клучни играчи од нападот, па затоа е добро што почна уште рано да постигнува голови.
“Да бидам искрен мислев дека е гол по првиот удар но среќа се врати топката до мене и постигнав гол за водство и сум презадоволен со тоа. Подоцна му создаде и шанса на Овен кој влзе од клупа но не успеа да се запише во листата на стрелци.
“Сите фанови се задоволни што тој игра кај нас”-додаде Руни
“Сите забележавте како се движеше од кога влезе во игра. Не сум сигурен дали беше офсајд првата ситуација, но ако се најде во шанса како при втората ситуација, верувајте, ќе почне да ги користи”.

ИЗВОР

сабота, 15 август 2009 г.

Перспективата на Фелан


Во следниов пост, ќе ги претставам коментарите на Фелан, помошникот на Сер Алекс, во врска со играчите на Манчестер Јунајтед кои ќе настапуваат во натпреварите во претстојната сезона, почнувајќи од напаѓачите па се до голманите.

НАПАЃАЧИ

7 Мајкл Овен: Години 29 Настапи 1 Голови 0

Во овој дел од неговата кариера, мислам дека Овен е возбуден што е дел од ваков тим и верува многу дека ќе успее да ја воскресне неговата кариера и убиствена форма која често беше попречувана од неговите повреди. Има извонредни квалитети како напаѓач и верувам дека ќе се вклопи во стилот на игра на Јунајтед многу брзо. Среќни сме што го имаме во тимот.

9 Димитар Бербатов: Години 28 Настапи 44 Голови 14

Бербатов е многу вешт и технички надарен фудбалер. Многу е почитуван од целиот тим и мислам дека по поминатата една сезона со нас, ќе почне да станува се` подобар и подобар.

10 Вејн Руни: Години 23 Настапи 238 Голови 98

Вејн е ѕвезда во фудбалот уште по неговиот прв премиерлигашки ден и го брани тој епитет секој ден оттогаш. Мислам дека од него досега видовме само мал дел од она што тој знае и може да го направи со топката но тој сега зрее како играч и во наредниве години се повеќе ќе не убедува во своите квалитети

41 Федерико Македа: Години 17 Настапи 5 Голови 2

Популарниот Кико треба се` уште да се развива и зрее и на психички и на физички план, но несомнено ги освои срцата на навивачите по неговите неколку минатогодишни настапи за Манчестер и неговиот гол против Астон Вила со кој им ја донесе победата на Црвените Ѓаволи. Наша обврска е овој талент да го следиме и да се погрижиме дека ќе се развие правилно и дека еден ден Македа ќе биде ѕвездата на Јунајтед.


СРЕДИНА

13 Ји Сунг Парк: Години 28 Настапи 124 Голови 12

Парк е еден од оние играчи кои изненадуваат кога најмалку очекувате. Неговата енергија се чини дека никогаш не се троши, неговата концентрација е секогаш на ниво. Совршен играч од средниот ред и единствено нешто кое го бараме од него е да дава повеќе голови. Но тој работи на тој случај и се надевам дека наредната сезона ќе ни докаже на сите дека ја подобрил својата ефикасност. Тој е многу вреден играч и кога ќе побарате нешто од него, секогаш гледа да го направи тоа најдобро што може. Интелигентен играч кој присвоил многу квалитети додека играше во холандската лига.

16 Мајкл Керик: Години 28 Настапи 145 Голови 12

Мајкл е извонредно талентиран техничар кој може подеднакво добро да ги користи и левата и десната нога и да го диктира темпото на играта. Ме радува и фактот што има и прогрес во неговата игра. Неговите настапи сега се многу подобри отколку почетните, кога дојде во овој клуб. Тој е играч од доверба и полн со сигурност во себе.

24 Дарен Флечер: Години 25 Настапи 215 Голови 13

Флечер е играчот кај кој минатата сезона беше забележан најголем прогрес од сите. Освен начинот на игра и неговиот карактер почнува да излегува од сенка и да се издвојува од сите. Минатата сезона на неколкупати се истакна како поединец и ја земаше играта во свои раце, едноставно самиот го диктираше темпото на игра. На крајот, мислам дека навистина тој ни фалеше во Рим.

8 Андерсон: Години 21 Настапи 76 Голови 0

Андо е многу, многу талентиран фудбалер кој во играта го прикажува бразилскио менталитет. Сака да игра секоја недела и да извршува секакви задачи на теренот, но му треба уште многу работа за да стане премиерлигашка ѕвезда. Тука е различна играта во споредба со Португалија. Андо се` упте се развива како ѕвезда. Пред да дојде во Јунајтед тој беше млада ѕвезда, но сега е само еден од многуте талентирани фудбалери во клубот. Можеби ќе му треба малку повеќе време додека стане вистинска ѕвезда, но се` што му треба, го има во овој клуб.

11 Рајан Гигс: Години 35 Настапи 805 Голови 108

Нема што многу да ви зборувам за Рајан. Се` што имал во него досега, го покажа на теренот и се` уште сака да покажува и да се докажува уште повеќе. Вистинска легенда. Има навика да се предизвикува самиот себеси и со тоа се мотивира уште повеќе. Минатата сезона повеќе го форсиравме да игра на средината на теренот, од каде што би можеле да извлечеме што повеќе од него. Со годините, се гледа дека тој ја губи својата брзина, но токму на средината од теренот ги има сите потребни атрибути за игра.

17 Нани: Години 22 Настапи 73 Голови 11

Нани е играч од кој очекуваме отсега па натаму секој натпревар да изненадува со своите добри игри во дресот на Јунајтед. Сето она што тој досега го покажа беше само како најава за она што треба да го покажува од оваа сезона. Нани е еден од играчите што ги купивме поради тоа што во нив видовме голем талент кој добро би му дошол на тимот. Сепак, Нани е се` уште млад и треба уште да се развива.

25 Антонио Валенсија: Години 24 Настапи 1 Голови 0

Немавме многу можности да го видиме Валенсија во дресот на Манчестер Јунајтед затоа што летово неколкупати играше за репрезентацијата, но тој е фудбалер кој имаше настапи на високо ниво за Виган и се надеваме дека во играта на Манчестер ќе внесе нешто ново и вредно. Затоа и инвестиравме во него и веруваме во тоа дека ќе блесне како играч, прво затоа што е навикнат на англискиот фудбал а како второ, затоа што има нов предизвик - Манчестер Јунајтед.

18 Пол Сколс: Години 34 Настапи 606 Голови 142

Сколс е еден од најискусните играчи не само во Манчестер, туку и во англискиот фудбал воопшто. Надвор од теренот тој е многу смирен и тивок човек кој остава неговите резултати да зборуваат за него. Некои од неговите настапи во кариерата се вбројуваат како историски во светскиот фудбал, па затоа лесно можеме да го сместиме Сколс меѓу најдобрите светски фудбалери општо. Оваа сезона, тој ќе се обиде да биде регуларен и стандарден првотимец и нешто слично како Гигс, да не` убеди дека се` уште може да игра како во неговите најдобри денови во младоста.


ОДБРАНА

2 Гери Невил: Години 34 Настапи 569 Голови 7

Гери е еден од најискусните фудбалери во тимот - ја има освоено секоја награда што постои а со Англија има играно на сите можни континентални и светски натпреварувања, но напротив, тој продолжува да си поставува предизвици за надминување. Неговото искуство ни треба, па верувам дека и тој како нас ќе сака да помине сезона без повреди.

21 Рафаел: Години 19 Настапи 28 Голови 1

Рафаел е играч кој многу брзо се поврза со навивачите, лесно се инспирира себеси и има премногу ентузијазам - клучни работи за играч од овој тим. Но тој е млад и треба да покаже уште прогрес за да стане првотимец. Сето знаење и вештини што треба да ги добие - ќе ги добие во овој клуб. Тој е интелигентен, брзо учи и сака да победува. Карактерно е многу цврст и се надевам дека тоа ќе му помогне да се развие во вистински одбранбен фудбалер.

22 Џон О` Шеј: Години 28 Настапи 343 Голови 14

Не знам зошто, но многу други играчи го потценуваат О` Шеј. Напротив, тој е еден од играчите кои на теренот го дава срцето за клубот и најмногу се труди. Освен како дефанзивец, тој е докажан и како добар голман, па затоа е прв избор ако се повреди голманот а нема повеќе измени на натпреварот. Тренира напорно и досега никој не кажал лош збор за неговиот став и приод кон играта. Го сака клубот и затоа го почитуваме. Сега тој е и регуларен репрезентативец, па затоа очекуваме од него да си ја зацементира неговата позиција во првиот состав.

5 Рио Фердинанд: Години 30 Настапи 311 Голови 7

Рио дојде во клуб кој му одговара, клуб кој секогаш го извлекува најдоброто од него. Со него квалитетот на нашата одбрана дојде на ниво, квалитет кој го немаат многу екипи. Тоа е причината што инвестиравме многу време, пари и нерви за да го доведеме на Олд Трафорд. Има многу одлични централни дефанзивци во Англија, но Рио и според многумина е се` уште број еден.

15 Немања Видиќ: Години 27 Настапи 153 Голови 12

Партнерството во одбраната на Немања и Рио се покажа како полн погодок за овој тим во последните неколку сезони што резултираше со титулите во ПЛ и онаа во ЛШ пред една сезона. Тој е силен, моќен и може уште да се развива. Неговата агресивност само го прави вистински централен дефанзивец. Освен во одбраната, му се наоѓа на тимот и на другата половина од теренот, особено по изведените корнери, со неговите моќни удари кон голот и неговата извонредна игра со глава.

6 Вес Браун: Години 29 Настапи 318 Голови 4

Вес не пропушти многу игри сезоната 2006/2007 и сезоната кога ја освоивме Лигата на Шампионите, но минатата сезона за него беше вистински малер. Ме радува тоа што преку летото тој работеше напорно за да го надополни отсуството и се надеваме дека во оваа сезона ќе биде повторно стандарден во тимот.

23 Џони Еванс: Години 21 Настапи 38 Голови 0

Џони е висок и одличен дефанзивец. Психички е многу силен и етички граден фудбалер, особини кои го донесоа на ова ниво на кое што е сега. Многу интелигентен фудбалер и на теренот и надвор од него. Одличен е со топката и не` радува тоа што многу добро соработува и со Рио и со Немања.

3 Патрис Евра: Години 28 Настапи 147 Голови 2

Патрис сега се промовира себеси во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Тоа се должи на напорите кој тој ги вложи откако пристигна во Англија во 2006тата. Тој е меѓу ретките кои ќе ви признаат дека на почетокот животот во Англија и играта во ПЛ му беа тешки, но многу малку му требаше да се привикне и набргу се вљуби во клубот. Во денешните натпревари, бековите неретко знаат да го решат натпреварот, а Евра ги има сите квалитети за да го прави тоа што почесто. Знае да ја повлече играта нанапред, добар е во одбраната, игра добро со главата... и сите овие квалитети ги разви во овој клуб.


ГОЛМАНИ

1 Едвин ван дер Сар: Години 38 Настапи 191

Едвин е меѓу најискусните играчи во тимот, па затоа многу ќе ни недостига додека се опорави од повредата. Самиот многу знае колку е почитуван во овој клуб, па затоа во секој натпревар сака да ни врати за почитта со неговите одлични одбрани. Беше одличен голман кога му се приклучи на Јунајтед, но со текот на времето, стана уште подобар. Со секоја измината сезона е се` подобар и подобар, па затоа, тој е голема инквизиција за нас.

12 Бен Фостер: Години 26 Настапи 11

Бен на тимот му се приклучи малку покасно, но тоа не го оспорува неговиот голем потенцијал. Се` уште има многу да учи и да напредува на сите полиња, но мислам дека во овој клуб со квалитетниот тренинг што го добива и со ван дер Сар како негов тутор ќе стане одличен голман. Има многу голем потенцијал и прашање на време е кога ќе го покаже со дела. Беше малку несреќен со неколкуте повреди што ги имаше, но сега му се отвора простор да стане и број еден голман во англиската репрезентација, што веруваме ќе му даде мотив да стане уште подобар.

29 Томас Кушчак: Години 27 Настапи 37

Мислам дека Томас е првиот Полјак кој заиграл за овој тим и неговите одговорности и обврски кон клубот ги прифати многу добро. Се наоѓа во клуб каде што сите голмани конкурираат за бр. 1 местото во стартниот состав и сега за сега секогаш кога бил прв голман за Манчестер бил во висина на задачата. Се надевам дека ќе продолжи каде што и застана минатата сезона, уште подобро ако ни докаже дека напреднал.

петок, 14 август 2009 г.

“Ќе постигнувам голови и ќе го надополнам отсуството на Тевез и Роналдо”-Руни.

Вејн Руни сака Ферги да го остави да игра на централната напаѓачка позиција со тоа што си постави за цел да постигне 25 погодоци.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија ја отвори својата серија со израмнувачкиот гол во натпреварот против Челзи на Вембли и го одведе мечот од Комјунити Шилд на пенали. Тој ја продолжи формата од квалификациските натпревари кога за Англија постигна три гола.
23 годишниот фудбалер смета дека допрва следува најдоброто и дека тој и Димитар Бербатов ќе ја пополнат празнината во нападот на Јунајтед која настана летово на Олд Трафорд.
“Да постигнам 25 голови е реално, тоа е цел која се надевам дека ќе ја остварам. Секогаш велам дека можам да постигнам повеќе голови и се надевам дека тоа ќе го сторам оваа сезона”-рече Руни
“Среќен сум што ќе играм понапред зошто тоа го сакам, да играм повеќе по средината”.
“Не сум сигурен дали Ферги ќе ме игра постојано во нападот. Може да се премисли во секој момент и да ми пронајде друга позиција. Сепак се надевам дека нема да е така. Ако постигнувам голови, тој ќе е задоволен”
Головите на Руни че бидат од огромно значење за Јунајтед во обид да стигне до 19-та титула во Премиер Лигата, со оглед дека Ферги не сакаше летово да троши пари за Виља или Агуеро кои беа преценети од нивните клубови.
Сепак поранешниот напаѓач на Евертон кој лани за клубот и репрезентацијата постигна 27 погодоци не чувствува дополнителен притисок.

“Имав големи очекувања од самиот себе претходните седум години. Не е важо дали е Роналдо тука или не, јас сеуште ќе ги имам истите очекувања. Никогаш не сум се чувствувал како главен играч. Играта е тимска и не се однесува на мене туку на тимот.
Руни смета дека со доведувањето на Овен и Валенсија, Јуанјтед ќе има поинаков стил оваа година што се виде и на натпреварот против Челзи кога Руни и Берба комбинираа во средината на нападот , а Нани постигна гол за водство за Јунајтед.
“Во првото полувреме игравме добро, а во второто Челзи се врати во игра. Имаше добри моменти во нападот и мислам дека требаше да постигнеме уште некој гол”.
“На тренинзите и на подготвителните натпревари можеше да се види дека Берба изгледа одлично. Изгледа попосветен, се враќа назад да помогне на одбраната. Дефинитивно повеќе работи и сака да импресионира. Тој е брилијантен фудбалер”.
Повредата на Нани го стави на листата на повредени пред неделниот натпревар о почетокот на Премиер Лигата против новајлијата Бирмингем.
Руни смета дека за највисок пласман повторно ќе се пори големата четворка.
“Ливерпул имаа добра сезона лани, Челзи секогаш се конкуренти, а со Арсенал никогаш не се знае, непредвидливи се. Се надевам дека познатите четири тима ќе се борат за врвот, но Манчестер Сити многу купуваа и ќе очекуваме да видиме што ќе се случи”.


Голгетерските достигнувања на Руни за сезоните кога играл за Манчестер Јунајтед

2002/2003- 8 goals
2003/2004- 18 goals
2004/2005- 17 goals
2005/2006- 21 goals
2006/2007- 20 goals
2008/2009- 27 goals
2009-2010-?


ИЗВОР

четврток, 13 август 2009 г.

Сакаме 4 по ред!

Сер Алекс Фергусон изјави дека сака со Манчестер да сруши уште еден рекорд и да ја освои Премиер Лигата по 4ти пат и дека овој пат тоа би било нешто специјално за него.


„Освојувањето на лигата 4ти пат по ред би било големо достигнување и секако дека сите во тимот сакаме тоа да се оствари. Знаеме колку е тешко да се освои оваа лига. Минатата сезона се справивме со предизвикот наречен Јапонија и Светскиот куп, по кој што заостанувавме со натпреварите скоро до крајот на сезоната, но се повративме и ја освоивме титулата. Годинава, го немаме тој проблем, иако јас би посакувал да го имаме. Како и да е, предизвикот пак е голем.“

На прашањето кој ќе биде најголемиот ривал на Манчестер Јунајтед оваа сезона, Фергусон одговори: „Тешко е да се каже. Мислам дека ние (големата англиска четворка - Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул), цело време со голем интерес следиме што се случува со Манчестер Сити и како тие ќе пристапат на следнава сезона. Ние бевме „мирни“ во трансфер периодот со имињата кои ги доведовме, па затоа интересот е насочен кон „Граѓаните“ и како тие ќе се справат со шопингот кој го остварија.“

Извор

К. Роналдо можеби немаше ни да стапне на Олд Трафорд ако го доведевме Роналдињо

Сер Алекс Фергусон откри дека ако трансферот на Роналдињо во Манчестер Јунајтед се реализираше успешно, можеби тие никогаш немаше да потпишат со Кристијано Роналдо.


„Мислев дека се` беше завршено и отидов во Париз за да се сретнам со Роналдињо. Но таму, друга приказна. Неговите луѓе со кои се сретнав ми се жалеа дека настанале некои недоразбирања во договорот и дека трансферот е одложен. Наредниот ден, Роналдињо отиде во Барселона. Премногу бев разочаран.“ Вака се изјасни Сер Алекс пред англиските медиуми. „За Роналдо, (кој истото лето беше доведен на Олд Трафорд), со Спортинг имавме потпишано преддоговор за негов трансфер во Манчестер Јунајтед, така да веројатно беше дека и тој ќе му се приуклучеше на тимот, но не толку брзо ако потпишевме со Роналдињо.“ Во врска со недостигот на К.Роналдо во тимот, Фергусон додаде: „Точно е дека изгубивме голем играч, но таа празнина ќе ја пополниме со смена на тактиката и ротации во тимот.“

Извор

Посетители

Администратори