Вејн Руни сака Ферги да го остави да игра на централната напаѓачка позиција со тоа што си постави за цел да постигне 25 погодоци.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија ја отвори својата серија со израмнувачкиот гол во натпреварот против Челзи на Вембли и го одведе мечот од Комјунити Шилд на пенали. Тој ја продолжи формата од квалификациските натпревари кога за Англија постигна три гола.
23 годишниот фудбалер смета дека допрва следува најдоброто и дека тој и Димитар Бербатов ќе ја пополнат празнината во нападот на Јунајтед која настана летово на Олд Трафорд.
“Да постигнам 25 голови е реално, тоа е цел која се надевам дека ќе ја остварам. Секогаш велам дека можам да постигнам повеќе голови и се надевам дека тоа ќе го сторам оваа сезона”-рече Руни
“Среќен сум што ќе играм понапред зошто тоа го сакам, да играм повеќе по средината”.
“Не сум сигурен дали Ферги ќе ме игра постојано во нападот. Може да се премисли во секој момент и да ми пронајде друга позиција. Сепак се надевам дека нема да е така. Ако постигнувам голови, тој ќе е задоволен”
Головите на Руни че бидат од огромно значење за Јунајтед во обид да стигне до 19-та титула во Премиер Лигата, со оглед дека Ферги не сакаше летово да троши пари за Виља или Агуеро кои беа преценети од нивните клубови.
Сепак поранешниот напаѓач на Евертон кој лани за клубот и репрезентацијата постигна 27 погодоци не чувствува дополнителен притисок.
“Имав големи очекувања од самиот себе претходните седум години. Не е важо дали е Роналдо тука или не, јас сеуште ќе ги имам истите очекувања. Никогаш не сум се чувствувал како главен играч. Играта е тимска и не се однесува на мене туку на тимот.
Руни смета дека со доведувањето на Овен и Валенсија, Јуанјтед ќе има поинаков стил оваа година што се виде и на натпреварот против Челзи кога Руни и Берба комбинираа во средината на нападот , а Нани постигна гол за водство за Јунајтед.
“Во првото полувреме игравме добро, а во второто Челзи се врати во игра. Имаше добри моменти во нападот и мислам дека требаше да постигнеме уште некој гол”.
“На тренинзите и на подготвителните натпревари можеше да се види дека Берба изгледа одлично. Изгледа попосветен, се враќа назад да помогне на одбраната. Дефинитивно повеќе работи и сака да импресионира. Тој е брилијантен фудбалер”.
Повредата на Нани го стави на листата на повредени пред неделниот натпревар о почетокот на Премиер Лигата против новајлијата Бирмингем.
Руни смета дека за највисок пласман повторно ќе се пори големата четворка.
“Ливерпул имаа добра сезона лани, Челзи секогаш се конкуренти, а со Арсенал никогаш не се знае, непредвидливи се. Се надевам дека познатите четири тима ќе се борат за врвот, но Манчестер Сити многу купуваа и ќе очекуваме да видиме што ќе се случи”.
Голгетерските достигнувања на Руни за сезоните кога играл за Манчестер Јунајтед
2002/2003- 8 goals
2003/2004- 18 goals
2004/2005- 17 goals
2005/2006- 21 goals
2006/2007- 20 goals
2008/2009- 27 goals
2009-2010-?
ИЗВОР
0 коментари:
Објави коментар