среда, 19 август 2009 г.

Агентот на Видич ги негира шпекулациите

Агентот на Немања Видич, Паоло Фабри негира дека изјавил дека сонот на Видич било да игра за Барса.


Српскиот дефанзивец потпиша за Јунајтед од Спартак Москва во 2006 година, и од тогаш си го осигура местото во почетните 11 на Сер Алекс.Токму поради неговата импресивна форма донесе шпекулации дека неколку Европски врвни тимови се интересираат за неговите услуги.

Според каталонските радио станици RAC-1 и El Mundo Deportivo, Фабри изјавил дека отсекогаш сакал да игра за Барса и би му бил остварен сонот ако успее да се префрли.

Како и да е, Фабри негираше било каква изјави, и наспроти инсистираше дека Видич е презадоволен од животот во Манчестер.

"Тоа не е точно,никогаш не сум го рекол тоа.Немања е среќен во Манчестер.Ако Барселона направат понуда за него, тогаш е до Јунајтед за да одлучи" - изјави Фабри.

Анализа на противникот: Барнли


VS


Премиер Лига, Второ коло|Среда, 19 Август 2009|Почеток: 20:45h

Стадион: Turf Moor - Burnley, Lancashire


Само 3 дена после првото коло, Ѓаволите патуваат за Барнли, каде што ќе играат со новите Премиерлигаши во второто коло оваа сезона од Премиер лигата.

Барнли завршија 5ти минатата сезона во Чемпионшип дивизијата, победувајќи ги Рединг со вкупен резултат од 3-0 во плејофот кој ги донесе во Премиер лигата.Истотака сигурно ги памтите нивните познати победи минатата сезона во Карлинг купот, против Фулам,Челзи и Арсенал.Докажаа дека можат да играат добро против екипи од големата четворка,што значи дека утрешниот меч ќе биде интересен.

На првиот натпревар од Премиер лигата против Стоук на гости изиграа многу лошо со 15 шута од кои само 2 кон голот,a нивниот голман Брајан Нелсен направи само една одбрана.

Најверојатно ќе искочат со следниот состав:

Jensen

Mears - Carlisle - Jordan - Kalvenes

Alexandr - Patterson - Elliott - McCann

Blake - Fletcher

Ќе бидат без Caldwell и Duff,a се надевам дека ќе можеме да го видиме поранешниот играч на Јунајтед, Крис Иглс во акција.

За нас очекувам да излеземе со следниов состав:

Foster

Fabio - O'Shea - Brown - Evra

Valencia - Fletcher - Scholes - Nani

Rooney - Berbatov

Одбраната ни е најголем проблем дефинитивно, со оглед на тоа што Рио ќе го нема уште 2 недели, Еванс се повредил на зглобот,Видич,Рафаел и Невил сите се повредени.Исто можно е место Сколс да игра Керик или Андерсон.

Судија ќе биде Phil Down.

Моја Прогноза:

0-2
Овен,Валенсија.

Се надевам дека ќе победиме и на вториот премиерлигашки натпревар сезонава :)

вторник, 18 август 2009 г.

Средба со навивачите: Џулиан Лонг


Ќе ви презентираме интервју со еден од многуте верни навивачи на Манчестер Јунајтед. Тој еден од многуте е Џулиан Лонг.


Име:
Џулиан Лонг
Возраст: 45 години
Потекло: Честер, Англија

Каде најчесто седите на стадионот?
Долу, на северната трибина. (North Stand Lower)

Како станавте „Црвен Ѓавол“? Кога имав 4 години, ме касна кучето на месарот и како компензација, бев однесен да гледам натпревар помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед. Работите до ден денес не се изменети - се` уште ги сакам Манчестер и мразам кучиња.

Најубавиот фудбалски момент на Манчестер Јунајтед на кој сте присуствувале?
Барселона, `99та. Целото искуство беше незаборавно. Градот, стадионот, па потоа и играта и оддавањето почит на денот како роденден на Сер Мет Базби. Човекот што седеше до мене, целите 90 минути седеше очаен, но јас му реков, „овој тим никогаш не е поразен.“ Фудбалот е ништо без надежта.


Омилен играч на сите времиња?
Да ме прашавте како момче, ќе ви одговорев Стив Копел. Класично крило и модел како треба да се биде константен во играта. Но сега, како маж, тоа е Рој Кин. Од таму каде што седам на стадионот, можеа да се слушнат зборовите што им ги упатуваше на некои противнички играчи, како и аплаузите и мотивирачките зборови на помладите играчи од тимот. Морам да го истакнам и енигматичниот Кантона. Запрепастувачки е што на трибините се` уште се пеат песни со неговото име а тој е веќе одамна повлечен од фудбалот. Никогаш во животот не сум видел играч да има толку многу влијание на еден клуб. Апсолутно, тој е оригинален во секоја смисла на зборот.

Кое е најголемото патување на кое сте биле за да ги видите „Црвените“? Москва, 2009 - одење таму, натпреварот и враќање, ми се чинеше дека помина цела вечност а помина само ден. Но Најдоброто патување беше во Барселона, `99, кога возевме скоро цела недела низ Франција и Шпанија. Застанавме во еден бар во јужна Франција, каде што чувме познати гласови. Препознавме неколку навивачи на Манчестер кои на стадионот седат во близина. На неколкупати додека траеше патувањето налетувавме на познати лица. Имаше околу 100,000 фанови на Манчестер тогаш во Барселона. Еднаш го видовме Стив Брус во ресторант, кој ни помогна да порачаме јадење. Се` уште не знам и не сум сигурен што јадевме.

Тетоважи од Јунајтед?
„Имам белег од раѓање на грбот кој личи на карта на Австралија - верувам дека на почетокот личела на амблемот на Јунајтед, но со годините се изобличила.“, се насмеа Лонг.

Во колку земји досега го имате поддржувано Јунајтед? Во околу 6-7. Со стареењето, ми се зголемува потребата од сон и немам многу енергија за патување и долго неспиење.

Најдраго нешто од Јунајтед кое ви останало во главата? Имам цел музеј во главата и во срцето. Не наплаќам и отворено е 24/7.

Сте имале ли некогаш шанса за муабет со некој член од тимот? Сакам да држам дистанца. Хероите треба да бидат оценувани од далечина. Втора жена гледам во водителката на MUTV, Mandy Henry, која ги интервјуира играчите и персоналот и тоа е исто како и јас да го правам тоа.

Најдоброто нешто во навивањето за Јунајтед? СЕ`. ТОА Е ФАМИЛИЈАРНА РАБОТА, НЕШТО КАКО ВОЗЕЊЕ СО РОЛЕРКОСТЕР. КАКО ШТО ВЕЛИ ФЕРГИ, ОВОЈ ТИМ НЕКОГАШ МОЖЕБИ НЕ ГИ ЗАВРШУВА ЗАДАЧИТЕ СО ЛЕСНОТИЈА, НО БАРЕМ СЕКОГАШ Е ИНТЕРЕСНО.

Извор

3 играчи на Јунајтед номинирани за УЕФА наградите

УЕФА ги нагласи номинираните играчи за наградите во Лигата на Шампиони од минатата сезона.



Наградите ќе бидат доделувани за време на одбирањето на групите, во Грибалди форумот во Монако на 27 Август.

Гласањето ќе се базира на тренерите чии тимови (вкупно 16) стигнаа до осмина-финалето минатата сезона во Лигата на Шампионите, а истите тие номинираат играчи кои сметаат дека заслужиле да ја освојат наградата.

Минатата сезона Петр Чех,Џон Тери и Френк Лампард од Челзи ги освоија наградите за најдобар голман,одбрабен играч и играч од средината, а Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед за најдобар напаѓач и воедно најдобар играч на натпреварувањето.

Оваа сезона 3ца наши играчи се номинирани за наградите.Еве ги сите номинирани играчи:

Голман на годината:
Петар Чех (Челзи)
Виктор Валдес (Барселона)
Едвин ван дер Сар (Манчестер Јунајтед)

Дефанзивец на годината:
Џерард Пике (Барселона)
Џон Тери (Челзи)
Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед)

Играч од средина на годината:
Стивен Џерард (Ливерпул)
Чави Хернандез (Барселона)
Андрес Иниеста (Барселона)

Напаѓач на годината:
Самуел Ето (Барселона)
Лионел Меси (Барселона)
Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед)

Хитон на позајмица во КПР,Клеверли во Ватфорд

Потврдено од официјалните страни, 23 годишниот резервен голман Том Хитон, преминува на 3 месечена позајмица во екипата на Квин Парк Ренџерс,додека пак 20 годишниот играч од средината Том Клеверли, преминува на 6 месечна позајмица во екипата на Ватфорд.



23 годишниот голман, кој има 3 Англиски репрезентативни настипи со екипата под 21 година и ќе се приклучи веднаш со составот на Џим Магилтон во натпреварот против Плејмаут во Чемпионшип дивизијата.

"Пресреќен сум што успеавме да донесеме голман од калибарот на Том.
Сите имаме големо мислење за него и го рангираме високо, и Сер Алекс Фергусон и нашиот голмански тренер Дејвид Роуз, кој долго време го следеше на Олд Трафорд." - изјави Магилтон.

Хитон ќе го носи дресот со број 22 и му е одобрено да игра во Карлинг купот со Ренџерите.



20 годишниот играч од средината ќе игра за Ватфорд до Јануари 2010 година и од утре ќе отпатува за да се приклучи со тимот за натпреварот против Нотингем Форест.

Клеверли играше и во Англиската репрезентација за играчи под 20 години, каде што во минатиот натпревар против Црна Гора успеа да постигне 2 гола, за Англија да победи со 5-0.

Тоа што му е омилено кај Клеверли, на менаџерот на Ватфорд е неговата разновидност во позициите коишто може да ги игра низ целиот терен.Без проблеми може да игра во која било позиција во одбраната, иако природна позиција му е централен среден играч.

Минатата сезона ја изигра во Личестер каде што успеа да постигне 2 гола за 10 натпревари и да го однесе тимот во Чемпионшип дивизијата.

Клеверли ќе го носи дресот со број 20.

понеделник, 17 август 2009 г.

Потпишан договор со Betfair

Betfair, најголемата светска организација за обложување, денес го претстави своето партнерство со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.


Наспроти тригодишниот договор кој го склучија двете страни (2009-2012), Betfair организираше натпревар помеѓу напаѓачите на Манчестер Јунајтед во постигнување голови за пари. Парите од оваа пресметка ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Предизвикот помеѓу напаѓачите на Манчестер Јунајтед (Вејн Руни, Димитар Бербатов, Мајкл Овен) ќе се состои од целта - кој ќе постигне најмногу голови во сезоната 2009/2010. Со секој постигнат гол, во таа хуманитарна фондација ќе бидат инкасирани 1000 фунти стерлинзи. Со овој потег, луѓето од Betfair истакнаа дека ќе се појави ривалство меѓу фановите за да се обложуваат еден спроти друг. Освен оваа акција, Betfair креираа и вебсајт, www.betfairfootball.com - кој на фановите ќе им претставува моменти од „позади сцената“ на играчите, како и одблиску ќе ги запознава со клубот. Ќе бидат претставувани ексклузивни стории и снимки од играчите, тренерите, физиотерапевтите како и нивни прогнози и мислења за веќе направеното. Маркетинг директорот на Betfair, Оскар Нибоер, изјави: „Сакаме на навивачите и на играчите да им претставиме нешто ново и интересно. Кај ниту еден друг клуб во светот ова нема да биде толку возбудливо како кај Манчестер Јунајтед. Како еден голем плус ни дојде фактот што кај Манчестер оваа сезона напаѓачите треба да работат најмногу од сите други играчи, па ова ќе им биде огромен мотив за да ја погодат мрежата. Сакаме да го искористиме ова партнерство со Манчестер Јунајтед за да го наградиме клубот како и навивачите низ светот за одличните моменти кои секојдневно ни ги подарува овој клуб.“

Посетители

Администратори