Betfair, најголемата светска организација за обложување, денес го претстави своето партнерство со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Наспроти тригодишниот договор кој го склучија двете страни (2009-2012), Betfair организираше натпревар помеѓу напаѓачите на Манчестер Јунајтед во постигнување голови за пари. Парите од оваа пресметка ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Предизвикот помеѓу напаѓачите на Манчестер Јунајтед (Вејн Руни, Димитар Бербатов, Мајкл Овен) ќе се состои од целта - кој ќе постигне најмногу голови во сезоната 2009/2010. Со секој постигнат гол, во таа хуманитарна фондација ќе бидат инкасирани 1000 фунти стерлинзи. Со овој потег, луѓето од Betfair истакнаа дека ќе се појави ривалство меѓу фановите за да се обложуваат еден спроти друг. Освен оваа акција, Betfair креираа и вебсајт, www.betfairfootball.com - кој на фановите ќе им претставува моменти од „позади сцената“ на играчите, како и одблиску ќе ги запознава со клубот. Ќе бидат претставувани ексклузивни стории и снимки од играчите, тренерите, физиотерапевтите како и нивни прогнози и мислења за веќе направеното. Маркетинг директорот на Betfair, Оскар Нибоер, изјави: „Сакаме на навивачите и на играчите да им претставиме нешто ново и интересно. Кај ниту еден друг клуб во светот ова нема да биде толку возбудливо како кај Манчестер Јунајтед. Како еден голем плус ни дојде фактот што кај Манчестер оваа сезона напаѓачите треба да работат најмногу од сите други играчи, па ова ќе им биде огромен мотив за да ја погодат мрежата. Сакаме да го искористиме ова партнерство со Манчестер Јунајтед за да го наградиме клубот како и навивачите низ светот за одличните моменти кои секојдневно ни ги подарува овој клуб.“
0 коментари:
Објави коментар