среда, 7 октомври 2009 г.

Руни сака да е најдобар англиски голгетер

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, напаѓачот Вејн Руни, изјави дека сака да стане најдобар стрелец во репрезентацијата на Англија.
Рекордот моментално е во посед на Сер Боби Чарлтон, кој за Гордиот Албион погоди 49 пати, додека Вејн Руни има постигнато 25 гола, а се` уште е на почетокот на својата кариера. „За мене тоа ќе биде остварување на сонот од мал и ми значи многу. Исто така добро би било ако двајца играчи од Манчестер Јунајтед го држат првото и второто место на листата на стрелци. Не го отпишувајте Мајкл Овен пред време, тој се` уште има шанса за повеќе.“, изјави Вејн Руни.

Мајкл Овен е 4 на таа листа, со постигнати 40 гола. Пред него освен Чарлтон со 49, се Гери Линекер со 48 и Џими Гривс со 44 погодоци.

вторник, 6 октомври 2009 г.

Ѓаволско трио: Продолжуваме понатаму!

Гери Невил и се обрати на англиската јавност и посвети неколку минути на своите колеги ветерани од тимот ја Јунајтед, Гигс и Сколс и изјави дека ќе играат за тимот се додека тие се пожелни во него, поточно, не се најдат соодветни замени.

34 годишниот десен бек на Јунајтед, кој имаше доста повреди и не одигра многу мечеви минатире две сезони, негираше дека неговата кариера во Јунајтед е доведена до крајот, иако призна дека нема уште многу да настапува за репрезентацијата на Англија и дека најверојатно кај и да е, интернационалната кариера ќе заврши.

„Играњето за Манчестер Јунајтед е најдобрата работа на светот. Зошто би сакале да прекинеме?“ „Настапите на Гигс ме оставаат без зборови. Неверојатно. Тој е можеби најкреативниот фудбалер во тимот и таа негова креативност честопати не „вадела“ кога ни било најтешко. Сколс па се` уште е рамо до рамо со брзината со која се играат натпреварите и никогаш не дозволува некој шут да пропадне залудно. “, изјави Гери Невил.

Како најголема причина зошто овие тројца никогаш не посакале да си заминат од нивниот клуб од детството, Невил го наведе Сер Алекс Фергусон. „Фергусон е причината поради која сме овде. Секогаш ни давал шанса. Не само на нас, тој сиве овие години наназад промовираше млади играчи и ги пробиваше низ фудбалскиот свет. Тој има контрола над се. Ние сме среќни што тој сака ние се` уште да играме.“

Нови договори за Де Лает и Велбек!

Младиот дефанзивец Ричи Де Лает и напаѓачот Дени Велбек, потпишале нови договори со Јунајтед кои ќе им траат до 2012 и 2013 година.


Нов договор до 2012 година доби 20 годишниот Белгиец Ричи Де Лает, кој изјавува дека е пресеќен што потпиша нов договор и дека ќе чека за неговата шанса во првиот тим.

Досега има изиграно 2 натпревари за првиот тим, против Хал во последното коло од минатата сезона и против Волфс во натпреварот од Карлинг купот.Тој го импресионирал Сер Алекс и тој се одлучил да не го враќа назад во Стоук, туку да го купи целосно неговиот договор.

"Алекс Фергусон ми рече дека сум блиску до првиот тим.Имаше разговори со мене додека сеуште бев само на позајмица и тој ми рече дека несмеам да си заминам дека ќе му требам во иднина.Се изненадив од новиот договор и сум многу среќен" - изјави Белгиецот.

Истотака се шпекулира и дека Велбек потпишал нов 4 годишен договор до 2013 година поради неколкуте добри натпревари за првиот тим и резервите.

Овен се враќа на тренинзите!

Мајкл Овен се враќа на регуларните тренинзи за Јунајтед во вторник, откако го пропушти дуелот со Сандерленд.


Сепак не била сериозна повредата.Овен само го истегнал бутот во натпреварот со Волфсбург иако се мислеше дека е нешто посериозно бидејќи по само 20мин ја напушти играта.

Како што изгледа, му требаше малку време за да се врати, само 1 недела и откако го пропушти дуелот со Црните Мачки, се враќа на тренинзите во Вторник и дефинитивно ќе биде фит за натпреварот со Болтон.

Сепак, Овен признава дека многупати кога ќе почуствувал помала болка останувал на теренот, место да побара измена, но овојпат е среќен што избегна поголема повреда и успеа навреме да реагира.

Исто вели дека се надева дека Капело ќе го врати за Англиската репрезентација

"Имам уште 6 или 7 месеци да се докажам во Јунајтед, и се надевам дека Капело ќе ме гледа.Како и секој англичанец, и јас сеуште посакувам да играм за Англија на Светското првенство 2010." - изјави Овен.

понеделник, 5 октомври 2009 г.

Евра загрижен поради примените голови

Дефанзивецот на Јунајтед, Патрис Евра, воопшто не е среќен што Јунајтед досега има примено многу голови и има многу малку наптревари без примен гол.


Јунајтед минатата сезона примија само 24 гола во Премиер лигата, но изгледа тешко дека тоа ќе повтори и сезонава, бидејќи примија дури 5 во последните 2 натпревари со Сити и Сандерленд.Иако добивме 4 поени од овие 2 натпревари, Евра, чиј шут се одби од ногата на Антон Фердинанд и влезе во голот на Сандерленд во 92та минута за да го израмни резултатот и да им донесе бод на Јунајтед, не е воопшто среќен.

"Загрижен сум поради тоа што не успеваме да ја задржиме мрежата празна цел натпревар.Ако сакаме да ја освоиме лигата мора да го правиме тоа и воопшто не сум среќен како ни оди до сега.Минатата сезона примивме само 24, и сезонава, ако сакаме да ја освоиме лигата не смееме да примиме повеќе" - изјави французинот.

Одбраната на Јунајтед киксираше кога Дарен Бент го даде првиот и Кенвајн Џонс кога го даде вториот гол за Сандерленд.

"Беше големо разорачарување.Многу е фрустрирачки бидејќи изгледаше како да немаме енергија и сила.Незнам зашто, само знам дека изгледавме многу беспомошно.Не сум ни сигурен дека го заслуживме и тој 1 поен." - додаде Евра.

"Не би можел да го одбијам Јунајтед" - Симон Кјаер

Дефанзивецот на Палермо, 20 годишниот Данец Симон Кјаер вели дека иако е фан на Ливерпул, никогаш не би одбил понуда од Јунајтед за трансфер.


Црвените Ѓаволи и нивниот менаџер Сер Алекс Фергусон се верува дека го "меркаат" Данскиот интернационалец веќе 2 сезони, кој исто имаше интереси и од други големи клубови како Реал Мадрид и Ливерпул.

Иако Кјаер е голем фан на Црвените од Ливерпул, призна дека шансата за некогаш да заигра за тим како Манчестер Јунајтед не доаѓа често, и ако добие понуда ќе ја прифати со сигурност.

"Ако Јунајтед имаат 2 играчи од одбраната, а Ливерпул 3, би го одбрал Јунајтед без грам сомнеж.Во такви ситуации не треба да се следи срцето, сепак, јас сум професионалец" - изјави Кјаер за Tipsbladet.

Посетители

Администратори