недела, 15 ноември 2009 г.

Фостер фрустриран со животот во Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, признава дека животот на Олд Трафорд му станува се` потежок и потежок.


Фостер, ја доби и не ја искористи доволно шансата која што ја имаше на почетокот на сезоната, додека Ван Дер Сар беше надвор од терените поради скршеницата на прстот.По катастрофалните настапи проследени со многу киксови и само 1 натпревар без примен гол, Фостер веќе не се наоѓа ниту во резервната голманска позиција, која што во последните 5 натпревари му припадна на Кушчак.

За разлика од Сер Алекс, Фабио Капело го бираше Фостер како прв избор во последните 2 натпревари за Англија, и тој смета дека еден голман кој е прв избор на репрезентација како Англија не треба да биде 3 избор во својот тим, иако се работи за тим како Манчестер Јунајтед.

"Чудно е.Трет голман сум во Манчестер Јунајтед, а моментално играм во првиот состав на Англија.Многу сум разорачан, дури и фрустиран што неможам ниту да бидам на клупата на Јунајтед."

"Едвин дефинитивно е еден од најдобрите голмани во светот, така да немам за што да се бунам, бидејќи навистина заслужува да биде 1 избор, без оглед на годините."

"Мислам дека на почетокот започнав добро, но потоа имаше серија од 2-3 натпревари каде што направив по неколку грешки.Тие беа единствените кои што ги направив и многу сум разочаран што не сум во тимот" - изјави Фостер.

Фостер неколку пати изјави дека сака да остане во Јунајтед, најмногу поради желбата да дознае што се е потребно за да бидеш голман во првиот тим на еден од најголемите европски тимови.

петок, 13 ноември 2009 г.

Руни сака нов договор

Вејн Руни,напаѓачот на Манчестер Јунајтед, очекува да му биде понуден нов договор од Јунајтед во следните неколку месеци.


Руни докажа дека е дефинитивно еден од најдобрите на неговата позиција, со неговите настапи уште од првиот ден кога дојде во Манчестер Јунајтед, кога го постигна оној хет трик на дебито против Фенербахче.

Како и да е, шпекулациите се зголемуваа дека Барселона и Реал Мадрид се интересирани за услугите на Вејн, кој тој самиот ги отфрли со изјавата дека никогаш не сака да го напушти тимот на неговите соништа.

24 годишниот кој моментално се спрема за пријателскиот натпревар на Англија со Бразил во Сабота, повторно изјави дека нема никаква намера да го напушти тимот, токму спротивното, сака да си ја осигура иднината со подолг договор.

"Среќен сум тука, навивачите ме сакаат, со сите согирачи стојам супер, не гледам причина да не останам тука.Се разбира, ако некој од тимот и од раководителите на тимот не ме посакува, ќе ја почитувам нивната желба, но сега за сега, со сите стојам во најдобар однос."

"Имам уште 2 години на мојот стар договор откакот ќе заврши сезонава, и сигурен сум дека со Сер Алекс ќе приговараме за нов договор во следните неколку месеци."

"Го обожавам животот тука.Олд Трафорд ми е на 30 минути од дома и целата моја фамилија и имам поголема шанса да освојувам трофеи од било кој друг тим." - изјави Руни

четврток, 12 ноември 2009 г.

Ферги денес се соочува со ФА

Сер Алекс денес треба да истапи пред дисциплинската комисија на ФА и со тоа да се обиде да докаже дека критиката на фитнесот на судиите била оправдана.


Ферги денес ќе настапи пред четиричлена комисија на Вембли за да се изјасни по инцидентот со судијата Вајли минатиот месец. Иако Ферги жали за личната навреда на судијата и двете извинувања кои судијата ги доби од Шкотот, сепак Ферги цврсто стои на ставот дека фитнесот на судиите мора да се подобри и тој тоа денес ќе се обиде да го докаже.

Фергусон се надева дека ќе избегне казна која би можела да значи и забрана да биде на клупата на Јунајтед на неколку натпревари. Се останува во рацете на ФА, односно дали тие ќе сакаат да направат пример од Ферги за тоа како ќе бидат тртирани сите менаџери кои така ќе се днесуваат кон судиите.

Парк се опорави од повредата

Капитенот на Јужна Кореја, Парк Џи Сунг, вели дека е целосно опоравен од повредата и дека ќе изигра на двата натпревари за неговиот национален тим, против Данска и Србија.


28 годишниот играч од средината, пропушти 11 натпревари по ред за Јунајтед поради повреда на коленото, но вели дека сега е комплетно опоравен и се надева дека Сер Алекс ќе го пушти да игра за својата репрезентација.

"Се опоравив од повредата и можам да изиграм 90 минути на 2та пријателски натпревари.Јунајтед испрати физиотерпавт за да ја потврди мојата состојба, и Сер Алекс ми рече дека ако сум фит ќе можам да играм." - изјави Парк за The Korea Times.

вторник, 10 ноември 2009 г.

Фергусон задоволен од Валенсија

Антонио Валенсија деновиве е цел на пофалби од страната на Сер Алекс Фергусон за начинот на кој брзо се приспособи на играта на Јунајтед.
Да се преземе улогата на Кристијано Роналдо по десната страна не е мала работа, има различни играчи, но Еквадорецот одлично ги прикажа неговите низ игрите што изминаа. Додека играше Кристијано, неговите цели беа да постигне гол, додека Валенсија е посконцентриран на пробиви, дриблизни и организирање шанси за напаѓачите. Иако Валенсија потврди и дека знае многу добро да дава голови, сепак Фергусон изјавува дека е задоволен од тоа што го прикажува крилото.

„Тој дрибла со топката многу добро. често стигнува и до шеснаесетникот и неговиот удар ретко кога е изблокиран. “, изјави Фергусон.

недела, 8 ноември 2009 г.

Еванс ја започна битката:"Торес е подобар од Дрогба"

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Џони Еванс, тврди дека напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес, е многу подобар од Дидиер Дрогба.


Еванс, денеска најверојатно ќе биде стартер за натпреварот со Челзи бидејќи Рио Фердинанд е повреден, и ќе има задача да го чува Дрогба.Тој вели дека иако и Дрогба е добар, Торес е многу поквалитетен напаѓач од него.

"Имам играно неколку пати против Дрогба и секогаш ми се допаѓал предизвикот да играм против играч од негова класа.Има од се по нешто,брзина,сила,шут и мора цело време да бидеш претпазлив.Но, за разлика од него, Торес е повисока класа.Тоа што му го направи на Рио можеше да му го направи на кој било друг одбрабен играч во светот." - изјави Еванс за SkySports.

Посетители

Администратори