понеделник, 16 ноември 2009 г.

И Бербатов се опорави од повредата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, потврди дека е целосно опоравен од ситната повреда која што ја имаше на коленото, која го оневозможи да игра на дербито со Челзи.


Бербатов ги пропушти 2та последни натпревари на Јунајтед, нерешениот натпревар 3-3 со ЦСКА дома и дербито со Челзи на Стемфорд Бриџ.28 годишниот напаѓач изјавува дека ситната повреда ја надминал и се надева дека ќе настапи за натпреварот со Малта за Бугарија.

"Добив удар на коленото за време на натпреварот со Блекбурн и ми требаше одмор и третман, но сега сум добар и мислам дека ќе можам да играм против Малта." - изјави Берба.

Ако настапи за Бугарија, Бербатов, ќе има шанса да се изедначи со рекордот на легендарниот Христо Стоичков, доколку постигне гол и стигне до бројката на 47 гола за својата репрезентација.

Фергусон заинтересиран за Џеко

Слободниот премиерлигашки викенд му даде време на Фергусон да ја среди листата на фудбалери кои ги посакува во неговиот состав.
Менаџерот на Јунајтед, се` уште го има босанскиот напаѓач Един Џеко прв на листата на фудбалери со кои сака да потпише. 23 годишниот Босанец беше внимателно набљудуван кога импресионираше на Олд Трафорд кога Јунајтед играше против Волфсбург и ќе биде повторно набљудуван кога Јунајтед ќе гостува во Германија.

Што се однесува до другите играчи, на ван дер Сар се очекува да му биде понуден уште еден договор од дванаесет месеци, додека иднината на Томас Кушчак е се` уште неизвесна и тој лесно би можел да го напушти Јунајтед во зимскиот трансфер период.

Во врска со зимскиот трансфер период, Фергусон изјави: „Би сакал да направам добар бизнис само ако цените се реални за фудбалерите кои сум заинтересиран - што може да се јави како проблем во јануари.“

Исто така, се верува дека мета на Јунајтед се и следниве фудбалери: Давид Виља (Валенсија), Маруан Чамак (Бордо) и Карлтон Кол (Вест Хем).

Јунајтед заинтересирани за Лукас Пиазон

Манчестер Јунајтед заедно со Арсенал и Челзи се верува дека се заинтересирани и водат битка за младиот петнаесетгодишен Бразилец, Лукас Пиазон кој е именуван со епитетот „новиот Кака`“.

Напаѓачот на Сао Паоло, кој моментално се наоѓа во Јужна Африка на СП за У15, за Бразил во 4 натпревари на ова СП постигна 8 гола.
Забележани се скаути на Челзи кои го следат Пиазон на ова СП, но, ќе треба да се помачат да дојдат до неговиот потпис затоа што Арсенал и Јунајтед се подготвени да се вмешаат.


Тевез: Руни е најдобриот играч со кој што имам играно

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аргентинецот Карлос Тевез, изјави дека и покрај добрата конкуренција, Вејн Руни е најдобриот играч со кој тој некогаш играл.


"Сум имал чест да играм со многу добри играчи.Во Јунајтед играв со Кристијано, а за Аргентина играм со Меси, но никој од нив не е како Руни.Комплетен е во секој поглед, плус делиме слично минато иако тој порасна во Ливерпул а јас во Фуерте Апаче."

"Го памтам денот уште кога играв за Вест Хем и кога Руни ми го побара дресот на крајот на наптреварот.Имам добри пријатели во скоро сите тимови.Еднаш дури Анри ме повика да се придружам на Арсенал, додека играв за Вест Хем." - изјави Тевез

Иако можеби очекуваше регуларно место во првите 11мина во Сити, очигледно ќе мора да се бори за место во тимот, исто како што го направи тоа во Јунајтед.

"Навикнат сум да се борам за место во тимот, тоа воопшто не ми смета.Што потешко, тоа подобро, јас така го гледам тоа."

Рио нема никаков проблем со нозете

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, нема никакви проблеми со нозете, според неговиот агент.


Откако по неговото континуирано отсуство од тимот на Јунајтед, растеа шпекулации дека едната нога на Рио била помала во однос на другата, што било поврзано со долгата негова повреда на грбот.Неговиот агент Пини Захави ги негира сите вакви шпекулации.

"Ве уверувам дека нема никаква вистина во тоа.Кога му кажав на Рио незнаеше дали да се смее или да плаче.Ваквите приказни ќе ги има секогаш, па некогаш дури се и смешни." - изјави агентот.

Кога беше запрашан за моменталната состојба на Фердинанд, Захави одговори дека би бил фит за отприлика 3 недели.

"Рио моментално е под терпаија и само што почна со кратки тренинзи.Ако продолжи вака да се одвива опоравувањето, би требало да го видиме во првиот состав на Јунајтед за околу 3 недели." - заврши Захини.

Манчестер Јунајтед со понуда од 15мил за Лам

Манчестер Јунајтед припремаат понуда од 15мил за бекот на Баерн Минхен, младиот германец Филип Лам, според Sunday Mirror.


"Манчестер Јунајтед ќе понудат 15 милиони за Лам во зимскиот трансфер период.Сер Алекс Фергусон е загрижен поради годините и состојбата на одбраната на неговиот тим, со оглед на годините на Гери Невил и повредата со која што се соочува Рио Фердинанд."

"Рафаел сите го гледаат како наследник на Гери, но Фергусон го гледа 26 годишниот Лам како потенцијален ментор и играч кој може многу да придонесе кон тимот, поради неговата разновидност на позициите кои што може да ги игра." - пишува Ентони Келвејн за Sunday Mirror.

Иднината на Лам во Баерн Минхен станува се понеизвесна, откако имаше изјави како го критикува Луис Ван Гал, велејќи дека не е достоен да биде тренер на тим како Баерн.Неговиот договор истекува во 2012 и досега има 54 настапи за својата репрезентација и се смета за еден од најдобрите на неговата позиција во светот.

Посетители

Администратори