вторник, 15 декември 2009 г.

Најава:Јунајтед v Волфс

Премиер Лига, 17то коло|Вторник, 15 декември 2009|Почеток: 21:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Премиер лигата ќе ја збогати оваа работна недела со натпревари во Вторник и Среда, каде што Јунајтед ќе се обидат да го стигнат Челзи на врвот на табелата со можен кикс а Челзи ќе се надева дека ќе ја прекине серијата од 4 натпревари без победа.

Веќе игравме еднаш со новите премиер лигаши сезонава, но во Карлинг купот кој истотака беше на Олд Трафорд, и триумфиравме со 1-0 со голот на Велбек.Не им иде баш добро во Волфс со оглед што се наоѓаат на вториот дел на табелата и цела сезона се борат за бодови кои им се потребни за опстанок.Како и да е, на последните натпревари направија големи изненадувања победувајќи ги 1-0 Тотенхем на гости и Болтон 2-1.Поведени од оваа кратка серија, МекКарти ќе се надева дека ќе може, како што направи Вила, да направи сензационален триумф врз Јунајтед на Театарот на Соништата.

Сите знаеме како заврши натпреварот во саботата, кога имавме најголема шанса да се изедначиме со бодовите со Челзи.Лош настап во секој поглед, затворени целосно, Руни немаше со кој да игра.Би требало ова да е веќе научена лекција за Фергусон, дека никогаш не треба дома да се ислегува со само 1 напаѓач, поготово кога на клупа ги имаш Бербатов,Овен и Велбек.Се надеваме сите дека Ферги нема повторно да ги потцени противниците.Новиот освојувач на BBC Personality of 2009, Рајан Гигс, е неизвесен за овој натпревар поради, што се верува дека е, повреда на горниот мускул на ногата и е можно да не настапи за овој натпревар покрај ВДС,Рио,Харго,Рафаел,Фабио,О'Шеј,Еванс и Македа.Повторно проблеми во одбраната, но се надеваме дека нема повторно Флечер да игра како десен бек, се гледа колку само фали во средината.

Можни состави
Kuszczak

Brown - Carrick - Vidic - Evra

Valencia - Anderson - Fletcher - Obertan

Rooney - Berbatov

V

Doyle - Ebanks-Blake

Milijas - Surman - Kightly - Castillo

Elokobi - Craddock - Zubar - Mancienne

Hennessey

Мој тип:
Би требало да биде лесна победа, се разбира ако Сер Алекс не ги потцени како Вила.
Јунајтед 2 - 0 Волфс.

понеделник, 14 декември 2009 г.

Не мислам на пензионирање

Фергусон, кој 2002 година беше блиску до пензионирање, изјави дека само лошото здравје би го натерало да размисли за повлекување.

Шеесет и седумгодишниот Фергусон во 2002 беше блиску до пензионирање, но неговото премислување го доведе до освојување на три ПЛ титули, две останати како и една во ЛШ.
Апетитот за успех и титули на Шкотланѓанецот и по толку години на клупата на Јунајтед изгледа се` уште се нема намалено и како што изгледа не ни размислува за пензија.

„Моето здравје ќе одлучи уште колку години ќе седам на клупата. Тоа е најважно и него го ценам најмногу, бидејќи ако го немам него, џабе ќе ми биде се` што сум постигнал“, изјави Фергусон.

Во фудбалот, Фергусон има потрошено 52 години, а во Јунајтед е менаџер цели 23 години.

Фергусон: Имам пари за трошење

Сер Алекс Фергусон истакна дека и покрај тоа што има пари за трошење, нема да ги потроши на пренапумпани цени и на фудбалери кои не вредат за парите.
„Ова е смешно. Насекаде се изјавува дека немаме пари и сакаме да земеме некој за ефтино. Нонсенс. Не е работата само да се фрлат пари на некој фудбалер. Парите се тука ако сакам да ги искористам, но не гледам добра понуда, како што не гледав баш и летото. Среќен сум со она што го имаме во клубот, иако имаме проблеми со одбраната, но до јануари верувам дека се` ќе се среди. Летово беше смешно. За фудбалери кои не вредат ни бараа астрономски суми, само затоа што сме Манчестер Јунајтед. 30.000 милиони за Бензема? Смешно. Философијата на овој клуб е да развива млади фудбалери и да ги прави ѕвезди, како што се Македа, Велбек и Диуф, од кој сум многу задоволен и за него во јануари ќе аплицираме за работна дозвола.“, изјави Фергусон.

На прашањето дали се точни шпекулациите за Кембел, Фергусон изјави дека не се и дека не знае од каде излегле тие дезинформации.

Рајан Гигс со нов трофеј во својот кабинет

Рајан Гигс и на 36 години продолжува со освојување на престижни трофеи и награди, овој пат тоа е BBC Sports Personality of 2009, којашто церемонија заврши пред неколку часа.


Велскиот крилен играч е најтрофејниот играч во Англискиот фудбал со 11 Премиер лигашки медали во својот кабинет.Сега, тој стана петиот фудбалер којшто ја освоил оваа награда после Боби Мур(1966),Пол Гаскоњ(1990),Мајкл Овен(1998) и Дејвид Бекам(2001).

Гигси освои 29,4%(151.842 гласа) од гласовите од публиката, додека на второ место се најде Ф1 шампионот Џенсон Батон со 18,74% од гласовите и Џесика Енис со 15,58% од гласовите заврши на третото место.

"Во светот на фудбалот не е вообичаено еден 36 годишник да игра сеуште фудбал и тоа во тим како Манчестер Јунајтед за 20 години, но се додека уживам, се надевам дека ќе поминуваат годините поспоро.Слушнав дека Алекс ќе ми понудел нов договор на мене и на Пол, па по се изгледа ќе биде уште една година." - изјави насмеанот Гигси.

сабота, 12 декември 2009 г.

Нови договори за Гигс и Сколс

Сер Алекс Фергусон изјави дека ќе им бидат понудени 12 месечни договори на легендарните Пол Сколс и Рајан Гигс, кои имаат играно заедно цели 15 години.


Едни од најлегендарните играчи во историјата на Јунајтед, Сколс и Гигс, ќе имаат шанса да потпишат нов договор најверојатно на почетокот на Јануари, кој ќе 12 месеци, до Јануари 2011.

Гигси, моменталниот ПФА Играч на годината, минатиот месец го постигна својот 100ти Премиер лигашки гол и рекордер во настапи за Јунајтед.Сколс настапува кон 35тата година и сеуште покажува дека има улога во тимот, со неговите неколку значителни и препознатливи бомби од далечина кои резултираат во голови.

Фергусон смета дека тие сеуште си ја вршат својата работа на највисоко ниво и дека треба да ја одложат пензијата.

"На Рајан ќе му биде понуден нов договор, што значи дека сеуште веруваме во него, иако ќе полни 37 години следната сезона.И Пол знае дека ќе му биде понуден договор и на него." - изјави Сер Алекс.

Интервју со Љајиќ за неговиот откажан трансфер

На 3ти Декември годинава, беше откриено на официјалната страна на Јунајтед дека е откажан трансферот на српскиот талент Адем Љајиќ.Весникот "Danas" направи кратко интервју за да дознаеме што навистина се случило.


Пред неколку дена, асистентот на Ферги, Мајк Фелан, изјави дека проблемот не било тоа што Љајиќ не бил доволно талентиран, како што пишува на официјалната страна, туку поради работната дозвола.

"Приказните за мојата стагнација во развивањето како фудбалер и дека тоа е причината што не направив трансфер во Манчестер се тотално невистинити.Ако Јунајтед не беа заинтересирани за мене и не задоволни од мојот напредок последнава година, немаше да бидам заедно со Фергусон пред 2 месеци кога ги вршев моите последните тестови за да можам да направам трансфер во Англија"

"Причината е поради тоа што неможев да извадам работна дозвола и многу ми е жал што пропадна трансферот.Како и да е, веќе слушнав дека имало неколку заинтересирани тимови за мене, а и дека менаџерот(на Партизан) сака да ме продаде бидејќи тимот стои лошо на финансиски план" - изјави младиот Адем за српскиот весник "Danas".

Посетители

Администратори