сабота, 13 февруари 2010 г.

Јунајтед поврзан со Давид Луиз

Денешните весници излегуваат со нова приказна во која што, дефанзивецот на Бенфика, Давид Луиз е поврзуван со трансфер во Јунајтед летово.


Според Дејли Меил, 22 годишниот талентиран бразилец би можел да премине во редовите на Јунајтед за сума од 12 милиони.Освен како централен дефанзивец, Луиз може да игра и лев бек.Важи за многу важен играч за Бенфика уште одкако пристигна во 2007.

Во последно време Јунајтед се почесто е поврзуван со дефанзивци, откако се повеќе се шпекулира дека Немања Видич ќе го напушта тимот во летото.Веќе го купија Крис Смалинг од Фулам кој ќе се приклучи во летото и има многу талентирани играчи во резервите, но само Ферги знае дали некој од нив ќе успее да се пробие во првиот тим.

четврток, 11 февруари 2010 г.

Сер Алекс:Судијата беше во право

Менаџерот на Јунајтед,Сер Алекс Фергусон изјави дека смета дека вчершната одлука на Питер Волтон да му даде црвен картон на Нани била исправна.



На португалецот му беше додаден црвениот картон откако со старт со две нозе влезе на играчот на Вила, бугарот Стилијан Петров и сега ќе го пропушти финалето од Карлинг купот истотака против Астон Вила, откако му беше доделена суспензија од 3 натпревари од ФА.

"Му влезе со 2 нозе - чист црвен картон.Наивен старт од играч којшто не е толку агресивен но судијата немаше друга опција.Смешното е што ние требаше да добиеме фаул секунди пред овој старт кога Агбонлахор стартуваше над Браун, но ние не го добивме, дојде топката до Нани, па му избега и со цел да ја врати направи многу лош старт." - изјави Ферги.

Кога беше запрашан што мисли за влегувањето на Валенсија во игра во второто полувреме Ферги одговори

"Морам да признаам дека Валенсија одигра фантастично.Мислам дека имаше голем удел во нашата игра по црвениот картон и имаше многу добри шанси од десната страна." - заврши Фергусон во интервјуто за Скај Спортс.

Гигс во аут 4 недели

Рајан Гигс ќе биде аут 4 недели поради фрактура на десната рака во натпреварот со Астон Вила, потврди Јунајтед на својата официјална страна.



Велшанецот мораше да биде заменет од Бербатов во 74 минута откако еден од противничките играчи во еден скок го удри по раката.Денешните x-реј анализи покажуваат дека му била скршена десната рака и ќе пропушти многу важни натпревари на Јунајтед.

Од сега се знае дека Гигс ќе ги пропушти натпреварите против Астон вила во финалето на Карлинг купот, првиот натпревар со Милан,Евертон,Вест Хем и Волфс.Сер Алекс се надева дека ќе биде фит до 10 Март, кога е вториот натпревар на Јунајтед против Милан.

Освен оваа повреда, ФА потврди дека Нани добива казна од 3 натпревари не играње поради директниот црвен картон, што значи дека ни тој нема да игра против Вила во финалето.Рио се враќа за натпреварот со Вест Хем.

Јунајтед истотака има доста збиен распоред почнувајќи од вторник со Милан, сабота со Евертон, вторник со Вест Хем и на 28ми во недела финалето на Карлинг купот.

среда, 10 февруари 2010 г.

Најава:Астон Вила v Јунајтед

Премиер лига, 26то коло|Среда, 10 Февруари 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: Villa Park, Birmingham


Јунајтед пред уште еден тежок предизвик во борба за првото место, овој пат против Астон Вила, тимот којшто изненадувачки успеа да не победи на Олд Трафорд.Седмо пласираната Вила, во своите амбиции оваа сезона има завршување во топ 4 тимовите, што и е не е така невозможно доколку се земе бодовната разлика.Тие до сега имаат фантастичен скор против сите тимови од големата четворка, со победи против нас,Челзи и Арсенал.

Последните 6 натпревари и се 2 пораза 3 нерешени и само 1 победа и според моменталната форма е една од најслабите екипи.Едвај извади реми со Тотенхем на Вајт Харт Лејн, иако домаќините имаа неверојатни 33 шута на гол.На тоа се должи многу и Фридел којшто направи неколку неверојатни одбрани и 100% шанси за Тотенхем.

За разлика од нив, ние сме во најдобрата форма од цела сезона, 16 од 18 бода во последните 6 натпревари, т.е само 1 реми и 5 победи.Играме многу добро, Руни влегува во нечовечка форма, Нани блесна одеднаш и нареди 4-5 добри натпревари и целиот тим игра добро, иако во одбраната сеуште фалат стандардните Рио и Немања.Ни следуваат неколку важни натпревари против Евертон,Милан итн. заедно со овој.Многу ни е потребна победа и мора да се држиме во чекор со Челзи и да чекаме на евентуален нивни кикс.

Можни состави:
Friedel

Cuellar - Dunne - Collins - Young

A.Young - Downing - Milner - Petrov

Heskey - Agbonlahor

V

Rooney

Park - Carrick - Fletcher - Scholes- Nani

Evra - Evans - Brown - Rafael

Van Der Sar

Мој тип:
Очекувам многу тесен и тежок натпревар и се надевам на победа на Јунајтед, бидејќи ни е многу потребна.
Вила 1 - 2 Јунајтед

понеделник, 8 февруари 2010 г.

Фергусон задоволен од одлуката на Капело

Сер Алекс Фергусон е задоволен од одлуката на Фабио Капело капитенската лента да му припадне на Рио Фердинанд.



31 годишниот одбранбен играч од заменик капитен беше промовиран во прв лидер на тимот на својата земја по непријатностите кои му се случија на Џон Тери.

„Ние сме задоволни од него како и од што играч на Манчестер Јунајтед е капитен на земјата. Во изминативе години ги имавме Гери Невил, Боби Чарлтон и Брајан Робсон па овој момент не` прави многу среќни.“, изјави Фергусон.

Бекам: Нема да прославувам против Јунајтед

Играчот од средината на Милан, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, изјави дека нема да прославува при евентуален негов гол во двомечот против Јунајтед кој ќе се одигра на 16ти овој месец.



По одиграни 394 натпревари во дресот на Јунајтед, Бекам смета дека би било невкусно и непријатно за него да се радува на гол против неговиот поранешен тим. Ова е прв пат како Бекам се враќа на Олд Трафорд и вели дека останува благодарен на поддршката на навивачите кога беше исклучен против Аргентина на СП во 1998.

„Понекогаш, кога постигнуваш гол, наеднаш емоциите излегуваат од тебе но овојпат ќе се контролирам. Го почитувам клубот и навивачите. Врската која ја имам со нив се` уште ми е важна.“, изјави Бекам.

Посетители

Администратори