Менаџерот на Јунајтед,Сер Алекс Фергусон изјави дека смета дека вчершната одлука на Питер Волтон да му даде црвен картон на Нани била исправна.

На португалецот му беше додаден црвениот картон откако со старт со две нозе влезе на играчот на Вила, бугарот Стилијан Петров и сега ќе го пропушти финалето од Карлинг купот истотака против Астон Вила, откако му беше доделена суспензија од 3 натпревари од ФА.
"Му влезе со 2 нозе - чист црвен картон.Наивен старт од играч којшто не е толку агресивен но судијата немаше друга опција.Смешното е што ние требаше да добиеме фаул секунди пред овој старт кога Агбонлахор стартуваше над Браун, но ние не го добивме, дојде топката до Нани, па му избега и со цел да ја врати направи многу лош старт." - изјави Ферги.
Кога беше запрашан што мисли за влегувањето на Валенсија во игра во второто полувреме Ферги одговори
"Морам да признаам дека Валенсија одигра фантастично.Мислам дека имаше голем удел во нашата игра по црвениот картон и имаше многу добри шанси од десната страна." - заврши Фергусон во интервјуто за Скај Спортс.
0 коментари:
Објави коментар