петок, 4 декември 2009 г.

"Младите повторно ќе добијат шанса против Сити" - Фелан

Асистент менаџерот на Сер Алекс Фергусон, Мајк Фелан, изјавува дека без оглед дека се работи за дербито во Манчестер, Јунајтед пак ќе изгледат со деца.


Додека Сити се борат да го освојат својот прв трофеј во последните 33 години, црвената страна на Манчестер не дава големо значење на овој трофеј и Сер Алекс повторно, како и во последните 3 натпревари од купот, ќе излезе со млад состав.

Фелан изјави дека во тимот сигурно ќе се најдат Гибсон,Македа,Велбек,Де Лает и другите коишто успеаа да го победат Тотенхем со 2-0 во вторникот.

"Повторно ќе излеземе со млад состав, го гледаме купов како нивна шанса за докажување дека се доволно добри да играат за првиот тим на Јунајтед во Премиер лигата" - Изјави Фелан.

Манчестер Јунајтед го откажаа трансферот на Љајиќ

Јунајтед официјално потврди дека трансферот на младиот играч на Партизан, Адем Љајиќ, во Јунајтед е откажан.


Наводно, поради многуте талентирани играчи коишто Јунајтед ги имале на неговата позиција, трансферот кој требаше да се комплетира во Јануари, е откажан.Така вели официјалната страна, а по другите сајтови се шпекулира дека тоа биле финансиски причини.

"Имавме опција да го купиме играчот, но откако го убаво го следевме последниве 12 месеци, согледавме дека Јунајтед има многу играчи на таа позиција коишто се истотака многу талентирани, како и Љајиќ, и одлучивме да го откажеме трансферот" - изјави извор блиску до Манчестер.

Засилување и играч на деценијата за Сер Алекс


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјавува дека поранешниот ѓавол Кристијано Роналдо е неговиот најдобар трансфер во последните 10 години.




Откако му беше поставено прашањето за официјалното списание на Јунајтед, United Review, Сер Алекс разгледувајќи ги сите играчи што ги купил во послед
ната декада, се одлучи за сега 80 милиони вредниот португалски крилен играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Истотака тој изјави и дека многу жали што не успеа да го земе Роналдињо од ПСЖ во 2003та, кога тој потпиша за Барселона.

"Роналдо беше фантастичен.Едноставно фантастичен играч, кажано е се за него, неморам да се повторам.Не успеав да го донесам Роналдињо на Олд Трафорд, и за тоа жалам многу, но тоа трансфер лето го ублажи Роналдо, кој пристигна истото од Спортинг.Договорот со Роналдињо беше завршен, но одеднаш Питер Кенјон и другите агенти нешто направија, ни јас незнам што, и договорот пропадна." - изјави Ферги.

Кога беше запрашан за кој е најдобриот играч во последната деценија во Јунајтед, Сер Алекс без размислување го изговори легендарното Велшко име.

"Дефинитивно Рајан Гигс."


"За неговите неверојатни услуги и настапи, и играњето на секој натпревар со најголема важност, посветеност на тимот во секој поглед, заслужено и секоја чест." заврши Сер Алекс.

четврток, 3 декември 2009 г.

Луис Фабијано: Му се восхитувам на Сер Алекс

Бразилскиот напаѓач со оваа изјава, само додаде масло во огнот дека зимава или сигурно летово по завршувањето на СП ќе си замине од Севиља и ќе заигра за некој поголем тим, според него, Манчестер Јунајтед.

„Според мене Јунајтед се тим со многу интересен стил на игра, додавање и дриблање. Мислам дека тие се тим во кој многу лесно би се адаптирал и снашол. Навистина му се восхитувам на Сер Алекс Фергусон. Тој е премногу долго во овој спорт и секогаш освојува титули.“, изјави Луис Фабијано.

Бразилецот за селекцијата на „Кариоките“ има 36 настапи и 25 гола, со кои го привлече вниманието на Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед ова лето.

среда, 2 декември 2009 г.

Јунајтед се заинтересирани за Нојер

Агентот на младиот 23 годишен голман на Шалке 04, тврди дека Манчестер Јунајтед се прилично заинтересирани за услугите на германскиот голман.
Шампионите Манчестер Јунајтед продолжуваат со својата потрага по наследник на ван дер Сар, откако досега имаше многу голмани поврзувани со тој тим. Најпрво се мислеше дека Фостер или Кушчак ќе го наследат дресот со бр. 1 од ван дер Сар, па потоа се веруваше дека Јунајтед се заинтересирани за рускиот млад голман Игор Акинфеев, но според најновите шпекулации, Мануел Нојер е новата цел на Јунајтед. За Нојер, исто така интерес има прикажано и германскиот шампион, Баерн Минхен.

Во октомври, Нојер изјави дека не сака да го напушти Шалке 04, но со оглед на финансиската положба на неговиот тим, најверојатно е дека Германецот би бил продаден ако доволна сума на пари биде доставена до клубот за неговиот потпис. Неговата цена е 13 милиони евра а неговиот агент изјавува дека има до знаење дека Јунајтед се заинтересирани за Ноер и дека Мануел би сакал да игра за тим што игра на високо интернационално ниво.

Нов договор за Кико

Манчестер Јунајтед официјално порано денеска, потврдија дека Федерико Македа потпишал нов договор, со кој Италијанецот останува на Олд Трафорд до 2014.



"Пресреќни сме што Кико го потпиша новиот 4 годишен договор, сите во тимот вклучувајќи ме и мене го препознаваат неговиот огромен талент и се надеваме дека ќе го гледаме како станува се подобар и подобар играч" - изјави Сер Алекс.

"Многу сум среќен што го потпишав новиот договор, ја гледам мојата иднина во Јунајтед и среќен што и тренерот мисли исто.Уживав минатата сезона во престојот на Олд Трафорд и се надевам дека и оваа сезона, како и минатата, Фергусон ќе ми дава шанси да се докажувам и да му помагам на тимот" - изјави Македа.

Посетители

Администратори