сабота, 5 јуни 2010

Рио:Проколнат сум

Агентот на Рио Фердинанд, Фил Захави, даде изјава во името на дефанзивецот, во која вели дека Рио се чувствува проколнато поради сите повреди коишто му се случија во последната година


"Мислам дека некој ми има испратено клетва.Навистина се чувствувам така, проколнато.Сеуште не ми се верува дека ова ми се случи, преразочаран сум." - гласеше цитатот на Захави испратен од Рио.

"Но, од една страна добро е што оваа повреда нема никаква поврзаност со оние претходно коишто го мачеа во Манчестер.Оваа е тотално различна и е резултат на немање среќа.Рио се осеќаше многу добро и беше спремен да ја води Англија како капитен на светското првенството.Навистина многу долго чекаше за овој настан и сега му се случува ова.Но, тој е многу силен играч и човек со многу добар карактер и сигурен сум дека и после ова ќе се врати, па зашто не и на светското првенство во 2014?" - додаде Захави.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори