Поранешниот играч на Челзи, Џо Кол, според последните шпекулации донел одлука да го одбие понудениот договор од Арсенал за да потпише со Манчестер Јунајтед
Според весниците во Англија, Џо им кажал на свои блиски другари дека е повеќе склон кон трансфер во Манчестер, отколку да остане во Лондон но со екипата на Арсен Венгер.Пред неколку недели скоро беше сигурно според весниците дека ќе потпише за Арсенал, и дека жена му не сакала да се преселува од Лондон поради раѓањето на нивното прво дете.
Каде и да отиде, Кол ќе биде вклучен во еден од најголемите трансфери на слободни играчи во последните години, откако Челзи на својата официјална страна потврдија дека Џо Кол заедно со уште 2ца негови соиграчи заминуваат како слободни играчи летово.Се верува дека Челзи неможеле да ги задоволат потребите на Џо во новиот понуден договор.За трансфер на Кол сигурно ништо нема да се знае до завршувањето на Светското првенство.
0 коментари:
Објави коментар