вторник, 22 јуни 2010

Македа останува во Јунајтед сезонава

Федерико Македа нема да оди на позајмица во друг клуб, потврди денеска неговиот агент Џовани Биа.


18 годишниот италијанец, беше мета на неколку клубови од Серија А коишто сакаа да го донесат во својот тим на позајмица во рок од 1 година, но неговиот агент Џовани Биа ги отфрли тие шпекулации и изјави дека Македа ќе остане во клубот сезонава дефинитивно, и дека на Јунајтед им се потребни неговите услуги.

"Манчестер Јунајтед немаат намера да го позајмуваат Македа на кој било тим, и поради ова ја отфрлам било која можност за трансфер во друг тим оваа сезона" - изјави Биа.

Македа ќе има голема конкуренција во нападот сезонава, доколку останат сите останати напаѓачи.Дури 6 други играчи играат на неговата позиција, Руни,Бербатов,Овен,Диуф,Чичарито,Велбек.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори