понеделник, 30 август 2010

Фергусон презадоволен од тимската игра

Сер Алекс Фергусон изјави дека победата на Јунајтед над Вест Хем со 3-0 беше окаректизирана со индивидуална совршеност, но најголема заслуга за победата имаше тимската игра.

 

Покажавме одлична игра и нашиот посед врз топката беше добар, тимскиот перформанс ме воодушеви најмногу. Целиот тим ја "сакаше" топката, тие се движеа додаваа. Тоа беше добар, колективен перформанс“, изјави Фергусон.

Нани ја доби наградата за играч на натпреварот исто така и Алекс Фергусон беше задоволен од неговата игра на десната крилна позиција.

„Нани постигна прекрасен гол“, изјави Ферги. „Но сега се јавува мал проблем поради тоа што Нани преферира да игра на десната страна, а формата на Валенсија е одлична“.

Нани го постигна својот втор гол за Јунајтед оваа сезона, а воедно ја направи и третата асистенција, овој пат му асистираше на Бербатов. „Голот на Бербатов беше одличен, има фантастична техника беше главниот диригент во нападот. Придонесот на Димитар и Сколс нема да остане незабележан“, додаде Фергусон.

По 13 натпревари за Јунајтед и Англија, Вејн Руни конечно постигна гол, Фергусон и покрај таа статистика не беше загрижен, напротив тој гледаше на целосниот придонес на напаѓачот. „Одлично е тоа што Вејн постигна гол, но неговиот перформанс беше најважното за мене, едноставно уживаше во играта и беше полн со енергија. Задоволни сме од тимската игра, се отваравме  на работ на шеснаесетникот што доведе и до првиот гол. Тоа ни ја зголеми самодовербата. Иако почекавме за вториот гол, не престанавме да го играме нашиот фудбал. Како и да е ние заслуживме да победиме“, заврши Ферги. 

четврток, 26 август 2010

Group C - UNITED, Valencia, Rangers, Bursaspor

Денес во Монако беа извлечени групите за овогодинешното натпреварување во Лигата на Шампиони. Манчестер Јунајтед беше извлечен заедно со Валенсија, Ренџерс и Бурсаспор.



Валенсија - Првиот противник кој го добивме. Знаеме дека Валенсија поради финансиските потешкотии ги продадоа своите први ѕвезди ова лето. Не се истата екипа од лани, но од тоа што го покажаа во подготвителниот период слободно може да се каже дека нема да бидат лесен залак за ниедна екипа.

Ренџерс - Еден од противниците кои ги посакував. Секогаш натпреварите со нив биле прекрасни за гледање, огромна борба, адреналин. Ренџерс во последните неколку години создаде солидна екипа, која го истисна Селтик од врвот на шкотскиот фудбал и бележи добри резултати во Европа. Со нетрпение ги очекувам дуелите со нив.

Бурсаспор - Најнеатрактивното име од последниот шешир, но што е тука е. Шампиони на Турција, не смеат да се потценат. Ќе гостуваме сигурно на стадион на кој ќе има неверојатна атмосфера како и на секој турски стадион.

Се надевам на добри 6 меча во оваа група и секако да завршиме на првото место.Еве го и распоредот на натпреварите

Tue 14 Sep - Rangers| Home
Wed 29 Sep - Valencia| Away
Wed 20 Oct - Bursaspor| Home
Tue 2 Nov - Bursaspor| Away
Wed 24 Nov - Rangers| Away
Tue 7 Dec - Valencia| Home

Зачленување во MUSC

Во овој пост можете да ги разгледате начините на зачленување во првиот официјален македонски фан-клуб на Манчестер Јунајтед, MUSC Macedonia


Во MUSC Macedonia може да се зачлени секој граѓанин на Република Македонија кој е навивач на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, кој ги прифаќа Статутот и Програмата за работа на Клубот на навивачи и доброволно пристапува кон истото.

Секое лице помладо од 16 години МОРА кон својата пристапница да приложи согласност од родител или старател или друг законски застапник.

За едно лице да стане полноправен член на MUSC Macedonia потребно е најпрво да пополни пристапница со своите лични податоци (истите нема да бидат јавно прикажани без согласност на членот). Пристапницата се добива по електронски пат т.е. секое заинтересирано лица испраќа бланко (празен) емаил на red_army_mkd@yahoo.com, и на неговиот маил потоа во вид на атачмент му се испраќа пристапницата која се принта и пополнува (на македонски јазик). Членувањето во MUSC Macedonia чини 300 ден. кои се плаќаат еднаш годишно, а првата година со самото зачленување. Во маилот со пристапницата добивате и упатства како да ја пополните уплатницата со членарината на жиро-сметката на Клубот на навивачи. Пополнетата пристапница и копијата од уплатницата ги испраќате во плико на адресата која ја добивате на маилот.

Доколку имате проблем при пополнувањето на уплатницата ве молиме да го замолите службеникот од банката за помош. Однапред благодарам.

Со добивањето на писмото вие станувате член на MUSC Macedonia.

Како член вие ги имате следните погодности:

- членска книшка
- активно учество во работата на MUSC Macedonia
- да бира и да биде биран/а во органите на Клубот на навивачи
- да присуствува на состаноците
- да биде информиран за собирањата за заеднико следење на натпреварите на МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
- Попуст на продукти од официјалниот фан шоп и на карти за натпреварите на клубот на кој MUSC Macedonia организирано ќе присуствува (штом Клубот на навивачи биде признаен како local supporters club)
- редовно да биде информиран за сите преземени активности од страна на MUSC Macedonia и др. погодности утврдени со Статутот

Изглед на членските карти

Јунајтед со последна понуда за Дефур

Долго-годишната потера на Сер Алекс за белгискиот репрезентативец во редовите на Стандард, Стивен Дефур продолжува и кон крајот на летниот период, со според англиските медиуми Фергусон ќе испрател уште една, а воедно и последна понуда за Дефур



Неколку клубови од Европа го следат белгискиот играч од средината, но според шпекулациите тој моментално е најблиску до трансфер на Олд Трафорд.Сер Алекс верува дека би можел да го добие за пониска цена со оглед на тоа што многу тимови веќе завршија со потрошувањето за овој трансфер период.

Дефур досега има изјавено неколку пати дека би сакал да направи трансфер во Англија, и состојбата во којашто се наоѓа Јунајтед поради повредите коишто веќе неколку години го влечат Харгривс, би можело да значи дека Јунајтед е сеуште во потрага по играч во средината.Англискиот Skysports изјавува од нивни извори дека Јунајтед ке испрател последна понуда за талентираниот Дефур.

Дефур имаше сериозна повреда на стапалото минатата сезона со што беше во аут неколку месеци, а Сер Алекс му имаше испратено писмо во коешто му посакуваше побрз напредок во совладувањето на повредата.


Писмото испратено од Сер Алекс кон Дефур и одговорот од Стандард

сабота, 21 август 2010

Preview: Fulham vs. Manchester United

Утре во 17 часот Јунајтед го игра мечот од второто коло од Премиер Лигата на гостински терен со Фулам.


Следи традиционално тешко гостување кое најчесто влијаело врз понатамошниот тек на сезоната за нас. Сепак е второ коло и многу рано за да би влијаел на нашата сезона, сепак ова ќе бидат многу важни 3 бода за нас, за зголемување на самодовербата, за држење чекор во врвот.

Билансот од последните две гостувања кај Фулам е доста непопуларен за нас. Посебно се свежи сеќавањата од ланската сезона кога загубивме убедливо со 3-0 главно поради десеткуваната одбрана. Ниту утре нема да биде полесно за нас. Ќе треба да го дадеме максимумот ако сакаме да извлечеме нешто од овој натпревар. Фулам ќе сака да продолжи со добрата традиција и сигурен сум дека доста мотивирано и самоуверено ќе влезат во овој дуел. Марк Хјуз пред се ќе сака добра дефанзивна 4-ка која ќе треба да се справи со Хернандез и Бербатов кој се надеваме дека ќе продолжи онаму каде што застана против Њукасл. Руни најверојатно нема ни да отпатува со тимот за Лондон поради стомачен вирус кој го добил пред натпреварот.

Главната закана по нашиот гол би требало да бидат Замора и Гера, играчи на кои ќе мораме да обрнеме посебно внимание и каде Видиќ и Еванс ќе мора да одиграат на ниво против нив. Од останатите team news за Фулам би издвоил уште дека можно е Муса Дембеле кој дпојде од АЗ Алкмар да го има своето деби. Шварцер е неизвесен, па може да го видиме резервниот голман Дејвид Стокдејл на голот, а се очекува Пол Кончески да го своето деби оваа сезона.

Кај нас работите се појасни. Мала неизвесност има за Евра, кој се здоби со мал удар на дуелот со Баркодовите, но се очекува да биде фит за утре. Фановите на нашиот клуб се надеваат на неколку работи -

1. Одбраната да одигра на потребното ниво
2.. Продолжување на добрите игри од минатонеделниот дуел
3. Деби гол на Хернандез

Очекувам да ги видам Хернандез и Бербатов во нападот, Во средниот ред очекувам да го видам горе-доле истиот од минатиот натпревар. Се надевам дека Сколс ќе изигра добро утре, бидејќи последните две години не може да се препознае себеси кога играме со овој противник на негов терен. Во одбраната би можело да има промена каде Рафаел би дошол на местото на О'Шеј, кој имаше слаб натпревар со Њукасл. ВДС е сигурен стартер.

Состави:

Schwarzer

Kelly Hangeland Hughes Pantsil

Duff Etuhu Murphy Davies

Zamora Gera


Hernandez Berbatov

Nani Scholes Fletcher Valencia

Evra Vidic Evans Rafael

VDS


Да ве потсетам дека членските книшки од првата тура се готови и утре на заедничкото следење на мечот ќе бидат поделени на оние членови кои ќе присуствуваат.

вторник, 17 август 2010

New signings...no value...crazy market

Во овој пост би сакал да издвојам неколку зборови околу трнфер пазарот, новите засилувања, клупската политика, трансфер метите...

На 1 јуни кога всушност и започна трансфер периодот голем дел од фановите бараа нови засилувања, некои заради тоа што завршивме втори во лигата, други зошто мислеа дека само така т.е. со големи засилувања може да се врати малку загубента гордост од минатата сезона. Повеќето нивните надежи за некои мега трансфери ги темелеа верувајќи дека клубот ги има оние 80 милиони фунти од продажбата на Роналдо или барем дел од нив. Јас одговорно тврдам дека тие пари ние никогаш нема да ги видиме бидејќи веќе се потрошени за исплата на камати поради задолженоста на клубот.

Трансфер периодот за нашиот клуб редовно во последно време имаше неколку random ситуации кои не не избегнуваа. Првата беше дека ќе имаме трансфер сага за заминување на некој наш играч (во Реал нормално), трансфер мети чие пристигнување нема да се знае се до 31 август и мал милион шпекулации околу нови играчи.

Секој фан кој малку подолго го прати клубот и неговата трансфер политика ќе забележи дека во последните години има отстапки од горенаведените примери. Последните неколку трансфери буквално дојдоа многу изненадно т.е. поентата ми е дека ние фановите бевме изненадени бидејќи се носеа играчи со кои најмалку или воопшто не бевме поврзувани, играчи за кои англискиот печат воопшто и не беше запознаен, а сепак дојдоа кај нас. Последен играч кои со кој медиумите беа запознаени и на големо шпекулираа дека би можел да ни се придружи е Антонио Валенсија. Останатите играчи потоа кои дојдоа во клубот беа помалку неочекувани т.е. не се создаде некоја голема попмпа околу нивниот можен трансфер.

Примeрот со Овен, сабајлето излезе шпекулација дека би можел да ни се придружи, за до вечерта manutd.com да го потврди истиот. Нани и Андерсон беа донесени во ист ден без притоа да видиме некои посериозни шпекулации. Обертан исто така, само неколку дена имаше некои шпекулации и тој пристигна. Истото важи и за овогодинешните 3 засилувања. Буквално не прочитавме ништо во медиумите пред тие да станат наши играчи.

Токму следниот дел од постот ќе го посветам на овогодинешниот трансфер пaзар во клубот. Мое лично мислење е дека помина доста успешно кога ќе се земат сите фактори на број и моето мислење ќе го образложам. Најпрво важно беше да се сопрат сите можни шпекулации за наши играчи кои би го напуштиле клубот. Јунајтед го направи вистинскиот потег, Видиќ го продолжи договорот и ја доби платата која ја заслужува, Руни стави потпис на нов договор, беше осигурано останувањето на старата гарда на уште една година. Од овој аспект клубот изигра добро и јас немам никаква замерка.

Второ, требаше да се направи добар баланс на екипата особено со воведувањето на новото правило за состав од 25 играчи со дополнителните услови за кои сум сигурен дека сте запознаени. Некои играчи требаше да бидат продадени, некои да бидат испратени на позајмици. Според мене продажбата на Фостер беше правилен избор, сумата од 6 милиони фунти е сосема солидна, имаме двајца одлични голмани во ВДС и Кушчак и добра 3-та замена во младиот Амос. Тошиќ иако можеби не доби вистинска шанса сепак земавме добри 9 милиони фунти за него, а и ги имаме Нани, Обертан, сега и Бебе, Гигс и по потреба Клеверли и Парк кои би можеле да играат по таа позиција. Би ги издвоил младите Велбек, Кинг, Џејмс кои се на позајмица и тоа првиот во солиден премиерлигаш, а другите двајца во екипа каде би можеле вистински да се развијат во играчи кои сите се надеваме дека ќе ги видиме. Младиот Клеверли на мое големо задоволство ќе добие шанса да се бори за место во тимот, исто така и Македа кој се надевам ќе покаже дека може сериозно да се смета на него. И тука клупската политика се покажа добра.

Новите засилувања. Ако посериозно ја проанализираме ланската сезона ќе видиме зошто токму Ферги се одлучи за овие засилувања, и тоа по едно во одбраната, средниот ред и нападот. Ќе почнам со одбраната. Лани имавме многу повреди во овој дел, на натпреварот со Фулам, Де Лает и Флечер беа централни бекови, се е тука јасно. Незгодната повреда на Рио за жал сеуште е присутна и загрижувачка. Токму затоа Ферги мораше да се осигура тоа да не се случи оваа година. Одбраната дополнително ја засили со Крис Смолинг. Со тоа добивме уште една опција во одбраната која би спречила да се случат ситуации како ланските. Крис е добар млад играч кој со тек на време ќе прерасне во играч на кој сериозно ќе сметаме во одбраната. Ни требаше таков тип на играч и клубот донесе таков проспект на играч. Нема зошто да не бидеме задоволни од трансфер политиката во овој дел од тимот.

Нападот. Тука повеќе од јасно беше дека нападот (па и целиот тим) беше и презависен од Руни. Овен е склон кон повреди, Македа е сеуште млад, а Бербатов некогаш брилијира, а некогаш се губи на теренот. Јасно беше дека ќе треба играч кој ќе му го олесни товарот на Руни, па и на Бербатов (во отсуство на Руни). По донесувањето на Хернандез и после игрите на Светското и во нашиот дрес досега би се обложил дека преку 90% од нашите фанови се задоволни од него (барем до сега) и не би сакале да видат друг напаѓач на негово место, или мaтематички прикажано Хернандез>Бензема како најсериозна шпекулација за овој дел од тимот. Мое мислење е дека конечно нападот е оформен одлично и головите би требало да доаѓаат во поголем дел и да бидат порамномерно распределени помеу напаѓачите. Mission successfully completed и тука.

Среден ред. Намерно го оставив овој дел на крајот. Средниот ред е токму најозборуваниот и дел кадешто фановите бараа и се надеваа на некое мега засилување, а поочајните на било какво засилување. Централниот дел од средината од многумина се карактеризира како најслабата алка во моменталниот состав. На изненадување на сите беше донесен анонимниот Бебе, кој игра како крило. Цената можеби е малку висока за играч кој само 5 недели играл во клуб од првата португалска лига, но Ферги мора да верува многу во неговите скаути од тој дел на Европа и на Карлос Квеироз по чија препорака играчот е тука. Но, да не заборавиме дека овој играч има многу талент или како што англичаните би рекле raw talent. Тоа би значело дека играчот е сеуште во рана фаза на својот развој и дека освен можноста да игра како крило Бебе може да се прилагоди и на позицијата офанзивен играч од средината, или позицијата за која мислиме дека треба да се засили. Со добар распоред на тренинзи, со одлични тренери тоа не би требало да биде претешко да се оствари. Дајте му шанса на играчот, јутјуб клипови и фудбал менаџер се оскудни извори за оцена на некој играч и неговите квалитети.

А за играчи како Озил и останати ѕвезди немојте да жалите ни најмалку. Сакате такви играчи да имаат 2 добри сезони кај нас, по после да почнат да кокетираат со Реал Мадрид или Барселона и да прават се за да добијат трансфер? Јас не сакам. I'd rather give Bebe a chance.


BELIEVE

недела, 15 август 2010

Македа не си оди никаде

Сер Алекс Фергусон изјави дека напаѓачот Федерико Македа не си оди никаде, дури ни на позајмица.

„Тој е еден од играчите на кои мораме да сметаме наредната сезона. Арогантен е и надуен, на тренинзи постојано се расправа со другите играчи и го брани своето его. Но тој има само 18 години а ние цело време го забораваме тоа. Цврст е и со исклучителен талент.

Со тек на времето станува се` подобар и подобар. Чезаре Прандели постојано комуницира со нашиот тренерски состав во врска со неговиот развој и е свесен за неговите можности. Нема шанси тој да си замине некаде, останува тука да го гледаме“, изјави Фергусон.

сабота, 14 август 2010

The journey begins...

Конечно после долги 3 месеци клупскиот фудбал се враќа на сцена, започна Премиер Лигата, најинтересното и највозбудливото национално првенство во светот. А со тоа започнува патот и јуришот на нашиот Манчестер Јунајтед по титулите пред се во домашното првенство и по европската круна.


ПРЕДСЕЗОНА

Ниеден тим со амбиции како нашите не може ни да замисли да биде конкурентен на ниеден фронт без добра подготовка и неколку добри мечеви под низвните нозе. Глобалната популарност на клубот и огромниот број на фанови претставуваат значаен дел од имиџот на клубот. Оваа година главниот дел од пред-сезоната се одржа во САД, притоа одигрувајќи 5 натпревари со Селтик (3-1), Филаделфија (1-0), Канзас Сити (1-2), MLS All Stars (5-2) и натпреварот со Чивас (2-3) во Мексико. Последен натпревар од подготовителниот натпревар беше одигран со најдобрите играчи од ирската премиер лига (7-1).

Резултатите во овој дел од подготовките за мене беа неважни, напротив воигрувањето, фитнесот, кондицијата беа аспектите кои беа посакувани да се темпираат за стартот на сезоната. Иако без главните ѕвезди кои настапија на Светското, Јунајтед покажа дека младинците заедно со останатите играчи од тимот се доволно добри достојно да го престстават клубот. Се направија многу комбинации и претумбации на составот се со цел да се најде вистинската формација. Се одиграа мечеви, со повеќе или помалку солидни противници, од кои некои дадоа сериозен отпор па дури нашите играчи доживеаја 2 порази. Се на се добра пред-сезона кои играчите ги врати во натпреварувачка форма, се доби подобра слика за тимот и шанса за младите да се изборат за место во тимот.

ТИМОТ

ГОЛМАНИ

Дел од тимот од кој јас сум задоволен и мислам дека не би требало да имаме проблеми тука. ВДС покажува дека и покрај годините сеуште изгледа доста свежо, подвижно, добри рефлекси и прикажа добри игри во пред-сезоната. Иако најави дека ќе се пензионира во Јуни, сепак не ми би ме изненадило ако го продолжи договорот на уште една дополнителна година. Кушчак, одлична замена за ВДС, секогаш се труди кога е во тимот, посебно ме радува што е решен да се бори за местото бр. 1 со Едвин. Секогаш имам доверба и не сум премногу нервозен кога Томаш е на голот. Се надевам дека ќе добие повеќе шанса оваа година посебно во ФА и Карлинг купот. Амос, по продажбата на Фостер и на младите Хитон и Зилер беше јасно дека младиот Бен Амос ќе ја преземе улогата на трет голман во клубот. Се работи за голман на репрезентацијата на Англија под 21 година кој беше на позајмица во Норвешка и сега конечно се врати во матичниот клуб, каде се надевам ќе се покаже и ќе докаже дека во крајна нужда клубот ќе може сериозно да смета на неговите услуги на голот.

ОДБРАНА

Најмалерозниот дел од екипата лани. Оваа година се надевам дека ќе поминеме подобро со повредите (искрено полошо од лани и не би можело). Рафаел, одличен млад играч, десен бек кој секој натпревар за клубот го игра се подобро и подобро. Можеби му фали малку искуство, но мислам дека оваа сезона ќе добие далеку повеќе време во игра од лани и се надевам дека сериозно ќе се наметне кај Ферги за десната бековска позиција. Фабио, конечно Евра доби квалитетна замена по таа позиција. Верувам дека ова момче е наследникот на Патрис, учи од најдобриот, се наоѓа во клуб кој го цени и кај кои ги има сите услови да успее. Се надевам ќе го гледам почесто како дел од првиот тим на клубот. Видиќ, столбот и срцето на одбраната. Не би трошел премногу зборови на него, туку само ќе му посакам успешна сезона. со што помалку повреди и да продолжи со неговите игри во клубот како до сега. Фердинанд, хроничната повреда кај овој играч е нешто за што треба да сме загрижени. Кога тој е здрав е еден од најдобрите дефанзивци во ПЛ и светот. Му посакувам брзо опоравување од повредата и едвај чекам повторно да го видам партнерството Вида-Рио. Еванс, одличен млад дефанзивец, дефинитивно ќе добие голема минутажа оваа година и сигурен сум дека ќе ја оправда довербата. Формираат добра двојка со Видиќ. Смолинг, едно од новите засилувања оваа година, висок, добра подвижност, одлично игра со глава. Млад дефанзивец, кој се уште има многу да учи, но талентот и желбата се тука, а времето работи за него. Се наоѓа во вистинскиот клуб и верувам дека ќе прерасне во солиден играч од кој ќе гледаме многу одлични изданија во нашиот дрес. О'Шеј, играчот кој игра на буквално сите места во одбранта, злато вреден играч со големо искуство. Се надевам нема да има посериозни повреди ова сезона и ќе го даде придонесот за екипата кakо секогаш до сега. Невил, капитену што побрзо врати се во тимот, твојот дух и харизма се и тоа како потребни во соблекувалната. Можеби нема да го гледаме многу на теренот, ама сигурен сум дека кога ќе игра тоа ќе го прави во негов стил, со многу жар и борба на секој дел од теренот. Браун и Де Лает, играчи кои очекувам да прикажат солидни игри кога ќе добијат шанса од Ферги.

СРЕДЕН РЕД

Најозборуваниот дел од тимот минатата сезона, а и на почетокот на оваа. Минатата сезона имавме многу претумбации во средината, оваа година очекувам поголема воиграност и добро искористување на искуството од лани како играчите би покажале дека и покрај сите скептици и нивните верувања и критики оваа сезона токму средниот ред ќе биде главниот мотор на екипата. Сколс, легендата на клубот, како и досега голем дел од товарот ќе падне на него. Верувам дека и покрај годините и оваа година ќе биде лидер на другите играчи и пример за младите. Во отсуство на неколку играчи очекувам да игра во прваат постава. Гигс, што да се каже за овој играч, а не е веќе кажано. Верувам дека оваа сезона ќе гледаме многу асистенции, голови и добри игри кога ќе игра. Флечер, момчето кое за кратко време стана миленик на секој навивач на Јунајтед. Неговата борбеност, стил на игра, пожртвуваноста го прави еден од најбрите играчи од средниот ред во Премиер Лигата. Keep on the good work lad! Валенсија, еден од моите омилени играчи во клубот. Секогаш се труди да даде максимум, трча, се враќа да помогне на одбраната, од неговите асистенции ќе зависат многу работи оваа година. Нани, се надевам ќе ја покаже зрелоста од лани и дека конечно ќе блесне со целиот сјај. Од него очекувам 10+ голови во ПЛ и добар дел од асистенциите. Парк, неуморната машина од средината кој секогаш го дава максимумот ама баш во секоја прилика која ја има. Благодарен играч со борбеност на која многу други играчи можат да и позавидат, очекувам повторување на добрите сезони кој овој играч ги одигра за клубот. Керик, дефинитивно make or break сезона за него. Ако ги повтори слабите игри од лани не му бега трансфер во јуни. Играта од Комјунити Шилдот дава надеж дека може да ја врати формата од пред 2 сезони. Гибсон, ќе добие повеќе шанса од лани, се надевам ќе видиме уште некоја бомба од него годинава. Според мене ќе треба да покаже малку повеќе од лани и се надевам дека ќе има напредок. Обертан, од дечкото очекувам многу оваа година, периодот на адаптација мислам дека е завршен и дека годинава ќе покаже дел од раскошниот талент и техника кои ги поседува. Имаше добра пред-сезона, се надевам таа форма ќе ја видиме и во лигата. Клеверли, слободно можам да кажам мојот омилен млад играч во клубот (заедно со близнаците). Изигра одлично во Вотфорд лани кога беше позајмен, може да игра и централно и на левото крило, постигнува голови, завидна техника. Ова се само дел од причините зошто Ферги го задржа во тимот, наместо да го позајми како што многу очекуваа. Андерсон, кога ќе се врати на теренот ќе биде буквално како ново засилувањ за екипата. Може многу да понуди, јас сега за сега само му пожелувам што побрзо враќање во тимот. Бебе, трансфер кој морам да кажам дека дојде неочекувано во овој трансфер период. Искрено никогаш пред ова немав слушнато за овој играч. Има интересна животна приказна до сега, се надевам ќе биде уште поинтересна и исполнета со успеси кај нас. Не можам да кажам нешто повеќе за него, ќе почекам прво да го видам на теренот пред да дадам било каква оцена за него. Засега ќе го кажам само очигледното. Се работи за млад, цврст, одлично граден играч, со одлична брзина и по се изгледа солидна техника.

На крајот, на Харгривс му порачуавм да истрае во овие тешки моменти за него и да не се откаже. Тешко дека некогаш ќе го видиме стариот Харго, ама наше е да веруваме дека барем повторно ќе го видиме во како дел од тимот.

НАПАД

Лани скоро целиот товар падна врз Руни и како никогаш до сега покажа дека е лидерот на теренот и дека игра со целото свое срце и душа на теренот. Сигурен дека ќе го надмине лошиот период од Светското и дека ќе продолжи таму каде што застана лани. Бербатов, трпението на сите со него ни е пред сам крај. Како и да е, колку фановите и да се скептични сепак тие потполно го подржуваат и се надеваат дека ќе ги покаже игрите од Тотенхем. Мора да покаже поголема желба и мотивираност и дефинитивно да постигне повеќе голови сезонава. Хернандез, играч кои фановите веднаш го засакаа и стана миленик на фановите. Млад, брз, експлозивен играч од кој се очекува многу оваа година. Се надевам ќе стане голем играч кај нас и ќе го носи црвениот дрес уште многу години и секако да биде добра подршка за Руни во нападот. Овен, се врати по тешката повреда, напорно тренираше и на мое големо задоволство е спремен за новата сезона. Еден од најдобрите финишери во лигата со чие искуство ќе биде драгоцено. Македа, ова може да биде година кога Федерико ќе покаже дека е играч за иднината на кој и тоа како можат да сметаат во клубот. Добра пред-сезона за него, постигна убави голови. Шансата повеќе ќе ја бара во Карлинг и ФА Купот и сигурен сум дека и Ферги е свесен дека клучно за неговиот развој е што повеќе да игра за клубот и дека тој ќе ја добие таа шанса.

Им посакувам многу среќа и добри игри на сите играчи испратени на позајмици, добра сезона на Резервите и Академијата.

RED ARMY MACEDONIA

Како и лани, така и оваа година организаираното следење на мечевите на Јунајтед продолжува, сега на ново место. Очекувам уште поголем број на наши фанови да присуствуваат на собиранките. Оваа сезона настапуваме поорганизирано, со нови реквизити, Здружение на граѓани и се надевам ќе имаме уште поголеми успеси од лани. Клубот има прекрасни навивачи во Македонија, ми претставува задоволство што познавам голем дел од нив и што се дружиме сите заедно.

За крај нема да завршам со некоја од познатите Glory, GLory Man United или Love United, Hate Glazer, кои нели секако се подразбираат, туку тоа ќе биде со еден цитат на Сер Мет Базби кој мислам дека многу добро се вклопува во моменталната ситуација на клубот:

...You're gonna do us all proud. When you put on those red shirts just remember, you can do it, you can win this thing. If I could choose anywhere I wanted, from Hungary, West Germany, Italy, Spain, all of South America, I'd still pick every single one of you. You're Manchester United, go over there and get stuck in...

среда, 11 август 2010

Уште еден напаѓач - Бебе потпиша за Јунајтед

Пред неколку минути, Јунајтед на својата официјална страна потврди дека потпишал нов 20-годишен напаѓач, под надимакот Бебе, од португалскиот третолигаш Виториа де Гимараеш.

Според официјалната страна, тој веќе ги поминал медицинските прегледи и сите персонални договори кои требало да се потпишат, се потпишани.

Тиаго Мануел Диас Кореиа (многу попознат како "Бебе") се шпекулира дека потпишал за сума од 7,4 милиони фунти, поточна за откупната клаузула којашто ја барал португалскиот клуб.На Фергусон му бил препорачан од поранешниот асистент, Карлос Квеирош, којшто беше да го посети изминатава недела во Португалија.

Истотака интересен факт е и дека Бебе потпиша за португалскиот клуб пред само 5 недели, и изигра само 45 минути во дресот на Гимараеш.За него се вели дека е брз, технички надарен напаѓач, со многу силна десна нога и доста силен удар со глава, на што се надодава и неговата височина од 188cm.Реал Мадрид заедно со Барселона и Челзи беа истотака заинтересирани за овој играч.Бебе станува 8миот напаѓач во составот на Јунајтед, со Руни,Бербатов,Овен,Македа,Чичарито,Велбек и Диуф како конкуренција.

сабота, 7 август 2010

Клеверли може да биде новиот Сколс

Чувството за гол е една од главните причини зошто Сер Алекс се одлучи да не го испрати Том Клеверли на позајмица во некој од клубовите во Премиер Лигата.

Клеверли лани беше избран за играч на годината од страна на Вотфорд, клуб за кој настапи како позајмен играч, со учинок од 11 голови на 33 натпревари што секако е одличен учинок посебно за играч од средината на теренот. Тој продолжи со добрите игри и во дресот на Јунајтед на турнејата во Северна Америка постигнувајќи 2 гола на натпреварите со Селтик и MLS All Stars.

И самиот Фергусон призна дека можноста Клеверли да постигнува голови од средината на теренот, нешто слично како Сколс, е можеби главната причина зошто го оставил Том да се бори за место во тимот оваа година.

'Том е извонреден млад играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот. Тој е мобилен играч кој може да игра и како централен и како крилен играч од средниот ред. Исто така лани во Вотфорд потврди дека може да постигнува и голови.

Деновите кога очекувавме Сколс да постигнува по 15 голови во една сезона се поминати. Како и тогаш така и сега ни требаат голови од тој дел на теренот. Том има извонредни квалитети како играч кој постигнува голови, па затоа и останува.' - изјави Ферги.

Флечер: Фергусон знае што е најдобро за тимот

Дарен Флечер изјави дека доаѓањето на Чичарито во тимот е уште еден знак дека Сер Алекс знае многу добро што прави на трансфер маркетот.


„Менаџерот знае што е најдобро за тимот. Знае за што е способен овој тим и што можат играчите да направат. Младите играчи од лани сега се постари за една година а новите засилувања од лани исто така поминаа веќе една сезона и се поискусни. Сите сме сигурни дека неколкуте разочарувања од лани ќе придонесат за многу поубава сезона од лани.“, изјави Флечер.

Во врска со Чичарито, Флечер додаде: „Хавиер е прекрасен човек, веднаш се вклопи во тимот. Зборува многу добро англиски па јазичната бариера не е проблем. Со него имаме уште една опција во нападот. Тој има премногу самодоверба и не се плаши од противничката одбрана. Тоа е одлично. “

петок, 6 август 2010

Велбек и Диуф на позајмици

Според Skysports и други извори во Англија, двајцата млади напаѓачи на Јунајтед веќе имаат потпишано договори со Сандерленд и Блекбурн, за едногодишна позајмица.


Сер Алекс пред некој ден изјави дека е можно Диуф и Велбек да одат на позајмица доколку стигне понуда од некој премиер лигашки клуб, и според последните шпекуcации и двајцата играчи веќе потпишале за Сандерленд (Велбек) и Блекбурн (Диуф).

Велбек минатата полусезона ја помина на позајмица во Престон, тимот на којшто менаџер е синот на Фергусон, додека пак за 22 годишниот Диуф ова ќе биде шанса да се здобие со искуство во Премиер лигата.Тој минатата сезона се приклучи на Јунајтед во Јануари и настапи 6 пати во дресот на Јунајтед, постигнувајќи го единствениот гол против Барнли.


четврток, 5 август 2010

Видиќ: Никогаш не сакав да заминам

И покрај големиот број на шпекулации кои кружеа околу евентуалниот трансфер на Немања во некој друг клуб, тој денес изјави дека бил изнендаден од нив.



Од клубот неодамна изјавија дека Видиќ го продолжи својот договор, а Видиќ инсистира дека тоа тој отсекогаш бил задоволен како дел од семејството на Олд Трафорд.
'Не знам зошто луѓето мислат дека одлуката сум ја донел тешко. Јас секогаш велам дека сум среќен тука. Никогаш не сум зборувал за мојата иднина. Иако имаше многу шпекулации, јас никогаш не сум изјавил дека сакам да заминам. Тоа не е ништо ново. Јас сум многу среќен што сум тука'-изјави Видиќ по вчерашната победа над Airtricity League XI.

среда, 4 август 2010

Pre-season: Airtricity League XI vs. MANCHESTER UNITED 1-7

Денес и официјално заврши пред-сезоната за нашиот клуб со висока победа над најдобрите играчи од Ирската лига.
Јунајтед настапи во следниот состав:

Кушчак

О'Шеј Видиќ Смолинг Еванс

Валенсија Керик Гибсон Парк

Руни Овен

Голман.
На оваа позиција ги видовме Кушчак и Амос. Со оглед на многу слабиот противник, особено во офанзивниот дел, не би лажел кога би рекол дека најопасното нешто со кое Кушчак се соочи додека беше на голот беа вратените топки со глава од нашите одбрамбени играчи. Амос го видовме во второто полувреме, прими гол за кој не беше виновен, имаше 1 добра одбрана. Солиден меч за Бен.

Одбрана. Буквално овој дел од тимот беше без работа во поголемиот дел од мечот, а и тоа малку што го имаа успешно го завршија. Смолинг делуваше одлично, стабилен, смирен со топката, доминантен во воздух. Видиќ исто одличен како и секогаш, добар тандем беа со Крис на овој меч. О'Шеј и Еванс не дозволија крилните играчи ниту да се доближат до голот, добро додаваа и ги разбиваа акциите.

Среден ред. Најимпресивниот дел од екипата. Валенсија делуваше одлично, асистираше, даде гол со ЛЕВА, едноставно најдобар поединец на теренот. Браво за Антонио! Парк исто така брилијантен, повлекуваше акции, трчаше даде 2 гола од кој вториот беше доста добро пласиран шут. Средниот дел го сочинуваа Керик и Гибсон. За жал Мајкл порано го напушти теренот поради повреди, се надевам дека не е нешто посериозно и дека многу скоро ќе го видиме назад. Гибсон, со оглед на противникот можеше и мораше подобро, не сум баш најзадоволен од него, некогаш знае да импресионира, ама некогаш знае и да потфрли малку. Ги видовме и Флечер и Нани, првиот стандардно добро како и секогаш, Нани постигна гол од пенал, повеќе се трудеше да биде атрактивен, но сепак со оглед на резултатот не би му замерил.

Напад. По подолго време ги видовме Руни и Овен во првиот состав. Искрено од Овен не очекував ваква претстава, прекрасно одигра, тоа многу ме радува, постигна прекрасен гол. Секој може да каже што сака, ама кога Овен не е повреден тој сеуште е еден од најдобрите финишери во ПЛ. Руни се трудеше, промаши еден зицер, можеше и малку подобро во делот на реализација, ама ова беше прв натпревар за него после Светското, така да оекувам да проработи веќе на следниот меч. Во второто полувреме на нивно место ги видовме Бербатов и Хернандез. Бербатов изигра добро, карактеристично за него со кратки додавања по земја, по некој шут, солиден. Хернандез имаше одличен старт на полувремето, прв допир и гол. Морам да кажам дека се покажа одлично, трчаше, се трудеше, имаше уште еден добар шут. Морам да кажам дека сериозно се наметнува во првиот тим. Браво за Хернандез, за кратко време ќе стане еден од омилените играчи на Олд Трафорд.

Airtricity League XI vs. MANCHESTER UNITED 1-7 Стрелци: Парк 2, Нани(п), Овен, Хернандез, Еванс, Валенсија (ManUtd) и Малкехи (A)

Головите од натпреварот можете да ги погледнете на следниот линк.

недела, 1 август 2010

Гигс: Не ни требаат нови засилувања

Рајан Гигс го подржа ставот на Сер Алекс дека екипата која ја има Јунајтед во моментов е доволно добра за да се бори за титулата во Премиер Лигата оваа година.



'Не ни требаат нови засилувања во овој преоден рок. Добри сме во моментов. Квалитетот на играчите кои моментално ги имаме е многу добар. Исто така имаме и играчи кои се враќаат по здобиените повреди.

'Имаме и одлични млади играчи кои беа на позајмица и се вратија посилни, подобри и ќе имаат голем бенефит по турнејата низ Америка' - заврши Гигс.

Посетители

Администратори