сабота, 21 август 2010

Preview: Fulham vs. Manchester United

Утре во 17 часот Јунајтед го игра мечот од второто коло од Премиер Лигата на гостински терен со Фулам.


Следи традиционално тешко гостување кое најчесто влијаело врз понатамошниот тек на сезоната за нас. Сепак е второ коло и многу рано за да би влијаел на нашата сезона, сепак ова ќе бидат многу важни 3 бода за нас, за зголемување на самодовербата, за држење чекор во врвот.

Билансот од последните две гостувања кај Фулам е доста непопуларен за нас. Посебно се свежи сеќавањата од ланската сезона кога загубивме убедливо со 3-0 главно поради десеткуваната одбрана. Ниту утре нема да биде полесно за нас. Ќе треба да го дадеме максимумот ако сакаме да извлечеме нешто од овој натпревар. Фулам ќе сака да продолжи со добрата традиција и сигурен сум дека доста мотивирано и самоуверено ќе влезат во овој дуел. Марк Хјуз пред се ќе сака добра дефанзивна 4-ка која ќе треба да се справи со Хернандез и Бербатов кој се надеваме дека ќе продолжи онаму каде што застана против Њукасл. Руни најверојатно нема ни да отпатува со тимот за Лондон поради стомачен вирус кој го добил пред натпреварот.

Главната закана по нашиот гол би требало да бидат Замора и Гера, играчи на кои ќе мораме да обрнеме посебно внимание и каде Видиќ и Еванс ќе мора да одиграат на ниво против нив. Од останатите team news за Фулам би издвоил уште дека можно е Муса Дембеле кој дпојде од АЗ Алкмар да го има своето деби. Шварцер е неизвесен, па може да го видиме резервниот голман Дејвид Стокдејл на голот, а се очекува Пол Кончески да го своето деби оваа сезона.

Кај нас работите се појасни. Мала неизвесност има за Евра, кој се здоби со мал удар на дуелот со Баркодовите, но се очекува да биде фит за утре. Фановите на нашиот клуб се надеваат на неколку работи -

1. Одбраната да одигра на потребното ниво
2.. Продолжување на добрите игри од минатонеделниот дуел
3. Деби гол на Хернандез

Очекувам да ги видам Хернандез и Бербатов во нападот, Во средниот ред очекувам да го видам горе-доле истиот од минатиот натпревар. Се надевам дека Сколс ќе изигра добро утре, бидејќи последните две години не може да се препознае себеси кога играме со овој противник на негов терен. Во одбраната би можело да има промена каде Рафаел би дошол на местото на О'Шеј, кој имаше слаб натпревар со Њукасл. ВДС е сигурен стартер.

Состави:

Schwarzer

Kelly Hangeland Hughes Pantsil

Duff Etuhu Murphy Davies

Zamora Gera


Hernandez Berbatov

Nani Scholes Fletcher Valencia

Evra Vidic Evans Rafael

VDS


Да ве потсетам дека членските книшки од првата тура се готови и утре на заедничкото следење на мечот ќе бидат поделени на оние членови кои ќе присуствуваат.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори