Во овој пост би сакал да издвојам неколку зборови околу трнфер пазарот, новите засилувања, клупската политика, трансфер метите...
На 1 јуни кога всушност и започна трансфер периодот голем дел од фановите бараа нови засилувања, некои заради тоа што завршивме втори во лигата, други зошто мислеа дека само така т.е. со големи засилувања може да се врати малку загубента гордост од минатата сезона. Повеќето нивните надежи за некои мега трансфери ги темелеа верувајќи дека клубот ги има оние 80 милиони фунти од продажбата на Роналдо или барем дел од нив. Јас одговорно тврдам дека тие пари ние никогаш нема да ги видиме бидејќи веќе се потрошени за исплата на камати поради задолженоста на клубот.
Трансфер периодот за нашиот клуб редовно во последно време имаше неколку random ситуации кои не не избегнуваа. Првата беше дека ќе имаме трансфер сага за заминување на некој наш играч (во Реал нормално), трансфер мети чие пристигнување нема да се знае се до 31 август и мал милион шпекулации околу нови играчи.
Секој фан кој малку подолго го прати клубот и неговата трансфер политика ќе забележи дека во последните години има отстапки од горенаведените примери. Последните неколку трансфери буквално дојдоа многу изненадно т.е. поентата ми е дека ние фановите бевме изненадени бидејќи се носеа играчи со кои најмалку или воопшто не бевме поврзувани, играчи за кои англискиот печат воопшто и не беше запознаен, а сепак дојдоа кај нас. Последен играч кои со кој медиумите беа запознаени и на големо шпекулираа дека би можел да ни се придружи е Антонио Валенсија. Останатите играчи потоа кои дојдоа во клубот беа помалку неочекувани т.е. не се создаде некоја голема попмпа околу нивниот можен трансфер.
Примeрот со Овен, сабајлето излезе шпекулација дека би можел да ни се придружи, за до вечерта manutd.com да го потврди истиот. Нани и Андерсон беа донесени во ист ден без притоа да видиме некои посериозни шпекулации. Обертан исто така, само неколку дена имаше некои шпекулации и тој пристигна. Истото важи и за овогодинешните 3 засилувања. Буквално не прочитавме ништо во медиумите пред тие да станат наши играчи.
Токму следниот дел од постот ќе го посветам на овогодинешниот трансфер пaзар во клубот. Мое лично мислење е дека помина доста успешно кога ќе се земат сите фактори на број и моето мислење ќе го образложам. Најпрво важно беше да се сопрат сите можни шпекулации за наши играчи кои би го напуштиле клубот. Јунајтед го направи вистинскиот потег, Видиќ го продолжи договорот и ја доби платата која ја заслужува, Руни стави потпис на нов договор, беше осигурано останувањето на старата гарда на уште една година. Од овој аспект клубот изигра добро и јас немам никаква замерка.
Второ, требаше да се направи добар баланс на екипата особено со воведувањето на новото правило за состав од 25 играчи со дополнителните услови за кои сум сигурен дека сте запознаени. Некои играчи требаше да бидат продадени, некои да бидат испратени на позајмици. Според мене продажбата на Фостер беше правилен избор, сумата од 6 милиони фунти е сосема солидна, имаме двајца одлични голмани во ВДС и Кушчак и добра 3-та замена во младиот Амос. Тошиќ иако можеби не доби вистинска шанса сепак земавме добри 9 милиони фунти за него, а и ги имаме Нани, Обертан, сега и Бебе, Гигс и по потреба Клеверли и Парк кои би можеле да играат по таа позиција. Би ги издвоил младите Велбек, Кинг, Џејмс кои се на позајмица и тоа првиот во солиден премиерлигаш, а другите двајца во екипа каде би можеле вистински да се развијат во играчи кои сите се надеваме дека ќе ги видиме. Младиот Клеверли на мое големо задоволство ќе добие шанса да се бори за место во тимот, исто така и Македа кој се надевам ќе покаже дека може сериозно да се смета на него. И тука клупската политика се покажа добра.
Новите засилувања. Ако посериозно ја проанализираме ланската сезона ќе видиме зошто токму Ферги се одлучи за овие засилувања, и тоа по едно во одбраната, средниот ред и нападот. Ќе почнам со одбраната. Лани имавме многу повреди во овој дел, на натпреварот со Фулам, Де Лает и Флечер беа централни бекови, се е тука јасно. Незгодната повреда на Рио за жал сеуште е присутна и загрижувачка. Токму затоа Ферги мораше да се осигура тоа да не се случи оваа година. Одбраната дополнително ја засили со Крис Смолинг. Со тоа добивме уште една опција во одбраната која би спречила да се случат ситуации како ланските. Крис е добар млад играч кој со тек на време ќе прерасне во играч на кој сериозно ќе сметаме во одбраната. Ни требаше таков тип на играч и клубот донесе таков проспект на играч. Нема зошто да не бидеме задоволни од трансфер политиката во овој дел од тимот.
Нападот. Тука повеќе од јасно беше дека нападот (па и целиот тим) беше и презависен од Руни. Овен е склон кон повреди, Македа е сеуште млад, а Бербатов некогаш брилијира, а некогаш се губи на теренот. Јасно беше дека ќе треба играч кој ќе му го олесни товарот на Руни, па и на Бербатов (во отсуство на Руни). По донесувањето на Хернандез и после игрите на Светското и во нашиот дрес досега би се обложил дека преку 90% од нашите фанови се задоволни од него (барем до сега) и не би сакале да видат друг напаѓач на негово место, или мaтематички прикажано Хернандез>Бензема како најсериозна шпекулација за овој дел од тимот. Мое мислење е дека конечно нападот е оформен одлично и головите би требало да доаѓаат во поголем дел и да бидат порамномерно распределени помеу напаѓачите. Mission successfully completed и тука.
Среден ред. Намерно го оставив овој дел на крајот. Средниот ред е токму најозборуваниот и дел кадешто фановите бараа и се надеваа на некое мега засилување, а поочајните на било какво засилување. Централниот дел од средината од многумина се карактеризира како најслабата алка во моменталниот состав. На изненадување на сите беше донесен анонимниот Бебе, кој игра како крило. Цената можеби е малку висока за играч кој само 5 недели играл во клуб од првата португалска лига, но Ферги мора да верува многу во неговите скаути од тој дел на Европа и на Карлос Квеироз по чија препорака играчот е тука. Но, да не заборавиме дека овој играч има многу талент или како што англичаните би рекле raw talent. Тоа би значело дека играчот е сеуште во рана фаза на својот развој и дека освен можноста да игра како крило Бебе може да се прилагоди и на позицијата офанзивен играч од средината, или позицијата за која мислиме дека треба да се засили. Со добар распоред на тренинзи, со одлични тренери тоа не би требало да биде претешко да се оствари. Дајте му шанса на играчот, јутјуб клипови и фудбал менаџер се оскудни извори за оцена на некој играч и неговите квалитети.
А за играчи како Озил и останати ѕвезди немојте да жалите ни најмалку. Сакате такви играчи да имаат 2 добри сезони кај нас, по после да почнат да кокетираат со Реал Мадрид или Барселона и да прават се за да добијат трансфер? Јас не сакам. I'd rather give Bebe a chance.
вторник, 17 август 2010
New signings...no value...crazy market
BELIEVE
0 коментари:
Објави коментар