Чувството за гол е една од главните причини зошто Сер Алекс се одлучи да не го испрати Том Клеверли на позајмица во некој од клубовите во Премиер Лигата.
Клеверли лани беше избран за играч на годината од страна на Вотфорд, клуб за кој настапи како позајмен играч, со учинок од 11 голови на 33 натпревари што секако е одличен учинок посебно за играч од средината на теренот. Тој продолжи со добрите игри и во дресот на Јунајтед на турнејата во Северна Америка постигнувајќи 2 гола на натпреварите со Селтик и MLS All Stars.
И самиот Фергусон призна дека можноста Клеверли да постигнува голови од средината на теренот, нешто слично како Сколс, е можеби главната причина зошто го оставил Том да се бори за место во тимот оваа година.
'Том е извонреден млад играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот. Тој е мобилен играч кој може да игра и како централен и како крилен играч од средниот ред. Исто така лани во Вотфорд потврди дека може да постигнува и голови.
Деновите кога очекувавме Сколс да постигнува по 15 голови во една сезона се поминати. Како и тогаш така и сега ни требаат голови од тој дел на теренот. Том има извонредни квалитети како играч кој постигнува голови, па затоа и останува.' - изјави Ферги.
0 коментари:
Објави коментар