недела, 23 август 2009 г.

Нови договори за Видич и Парк?

Манчестер Јунајтед се подготвени да им понудат нови договори на незаменливиот спрски дефанзивец, Немања Видич и корејскиот играч од средината Џи Сунг Парк според англиските медиуми.


Договорот на Џи Сунг Парк истекува на крајот од тековната сезоната и несигурноста за неговата иднина почна да биде се поголема со тоа што Јунајтед ги одложи преговорите за нов договор пред почетокот на сезоната.

Агенцијата на Парк, JS Agency, изјави за Корејските медиуми дека на се ова може брзо да му дојде крајот, но признаа дека сеуште се во почетните фази на преговори.

На почетокот на Август, извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил, изјави дека очекува Парк да потпише нов договор до крајот на месецот.



Според Sunday Mirror Sport, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе понудат нов договор за Немања Видич, поради се поголемата негова поврзаност со големи европски тимови.

За Видич беа интересирани Интер,Милан и Барселона кои се верува дека беа фаворити да ко добијат неговиот потпис, а уште еден фактор за негово заминување беше и неговата жена, Ана, која се верува дека не била задоволна со животот во Англија.

На Видич ќе му биде понуден нов договор со што, неговата плата од 60.000 фунти неделно ќе биде зголемена на 100.000 фунти неделно.Моменталниот негов договор завршува во 2012 година, а Јунајтед се спремни да му понудат 1 годишно зголемување.


сабота, 22 август 2009 г.

Виган 0 - 5 Јунајтед!

Вистинскиот Јунајтед се покажува на виделина,специјален ден за Руни и Овен.



Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја завршуваат тешката недела со петарда во голот на Киркланд.

Ако Јунајтед изигра разочарувачки против Барнли, немаа милост на DW стадионот, кадешто во второто полувреме Јунајтед успеа да постигне 5 гола, со што би требало Сер Алекс да биде повеќе од задоволен што направи 7 измени на тимот што изгуби на Turf Moor.

После интересно но без голови, прво полувреме, Руни успеа да го скрши мразот со фантастичен удар со глава од нафрлената топка од Валенсија, со што го одбележа неговиот 100 гол за Јунајтед.Неколку минути подоцна Бербатов, по пасот од Сколс, ја префрли топката преку Киркланд и ја внесе во неговата мрежа.

Третиот гол Руни го постигна по ударот одбиен од телото на Марко Мелхиот и во оваа ситуација Крис Киркланд неможеше ништо да направи.Овен го замени Руни малку подоцна и успеа и тој да го постигне својот прв официјален првенствен гол со добро пласиран шут.

Веројатно и најдобриот гол дојде во продолженијата каде што, Нани со фантастичен слободен удар го заврши натпреварот.

Видео од головите:

петок, 21 август 2009 г.

Анализа на противникот:Виган

VS

Премиер Лига,Трето коло|Сабота,22 Август 2009|Почеток: 16:00 h

Стадион: DW - Stadium,Lancashire


Со три поени од двата изиграни натпревари,Виган имаат тежок испит пред себе, како што ги дочекуваат играчите на Манчестер Јунајтед на DW стадионот во сабота.

Така познатите "Latics",го изгубија нивниот последен натпревар со 0-1 од Волверхамптон во средата, а успеаа да ја победат Астон Вила со 2-0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, кадешто голема улога имаше Пол Шарнер,којшто 2 пати ја извади топката од гол линијата.

Најверојатен состав:

Kirkland

Figueroa - Scharner - Edman - Melchiot

Gomez - Koumas - Thomas - De Ridder

Rodallega - Scotland

Н`Зогбиа и долго повредениот Оливиер Капо нема да му бидат достапни на Роберто Мартинез за овој натпревар.

Најмладиот менаџер во лигата е домаќин на најстариот и најтрофејниот менаџер моментално во лигата.

Манчестер Јунајтед имаат 100% рекорд против Виган во сите натпреварувања, со тоа што ги победиле сите 9 меѓусебни натпревари.

Но, тимот на Ферги влегуваат во второто северо-западно дерби со голем прашалник околу нивната шанса за да ја освојат титулата. Поразот од Барнли во средата на Turf Moor, беше прв пораз на Јунајтед од ново промовирана екипа во Премиер лигата во 4 години.Последните 2 сезона, Јунајтед успеаа да победат само 1 од почетните 4 натпревари а сепак да ја освојат лигата, но Фергусон не смее да си дозволи 2 порази за 4 дена.

Најверојатен состав на шампионите:

Foster

O'Shea - Vidic - Brown - Evra

Valencia - Carrick - Anderson - Nani

Berbatov - Rooney

Јунајтед имаат големи проблеми со повредите,поготово во одбраната каде што отсутни се Рафаел,Фердинанд,Еванс и Ван Дер Сар а останати повредени се уште Харгривс и Обертан.

Еве и неколку факти за утрешниот дуел:

Манчестер Јунајтед ги имаат победено сите 9 натпревари против Виган во сите конкуренции.

Руни има постигнато 6 гола во 9 натпревари против Виган.

Виган воделе во 3 од 4те домашни натпревари против Јунајтед, но ги изгубиле сите натпревари,а на гости не успеале да постигнат гол.

Јунајтед имаат постигнато 2 гола во последните 4 лигашки натпревари.

Манчестер Јунајтед имаат победено на 99 северно западни дербиња во Англија.

На Виган им требаат уште три гола за да стигнат до 50 гола во северно западните дербиња, но ова ќе им биде само 49тиот натпревар.

Вејн Руни има најмногу промашени удари(6) досега во сезоната,од кој било друг тим од големата 4ка.

Јунајтед имаат најголем број на удари со глави, девет.

Шампионите имаат примено само 3 корнери во 2та натпревари оваа сезона.

Виган имаат дадено 12 гола во 21 натпревар во Премиер лигата,што го прави најслаби до сега.

Вејн Руни има постигнато 99 гола за Јунајтед.

Мајкл Браун има играно 399 пати за Виган.

Немања Видиќ има почнато 99 пати како стартер за Јунајтед.

Виган немаат изгубено 2 пати по ред ниеднаш во Премиер лигата во 2009та година.

Судија на натпреварот: Howard Webb

Моја прогноза:

1-2
Родалега - Валенсија,Руни.

Ферги задоволен со составот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед ги негираше шпекулациите дека планира да купи уште еден напаѓач.

Фергусон летово се ослободи од услугите на Кристијано Роналдо и на Карлос Тевез, а во тимот пристигнаа Луис Антонио Валенсија и Мајкл Овен како замени. Фергусон исто така изјави дека планира во тимот да ги вклучи и Федерико Македа и Дени Велбек како резерви, што наиде на многу критики во јавноста.
Но јавноста во Англија деновиве наголемо шпекулираше дека Фергусон планира да упати понуда до напаѓачот на Валенсија, Давид Виља, откако тимот постигна само еден гол по двата одиграни натпревари во Премиер лигата.

Фергусон ги отфрли овие шпекулации и изјави: „Дали јас ви кажав дека нема повеќе да купуваме фудбалери?. Толку беше. Веќе ја донесов одлуката и сигурен сум во тоа. Имам одличен тим.“


Рио во аут еден месец, се враќа Видич!

Фердинанд сеуште има проблеми со грбот

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед изгледа ќе отсуствува од терените 3-4 недели поради проблемите со грбот.
Фердинанд играше во Комјунити Шилд овој месец, а изигра и 90 минути за репрезентацијата во пријателската против Холандија.
Потоа тој заработи мала повреда на грбот минатата недела во натпреварот против Бирмингем.
Сер Алекс првенствено мислеше дека ќе биде без Фердинанд околу 2 недели но се испостави дека ќе бидат повеќе.
“Рио ќе биде во аут 3-4 недели”рече Сер Алекс
Со ова тој ќе ги пропушти наредните три натпревари на Јунајтед и двата на Репрезентацијата наредниот месец.
Исто ќе биде неизвесен и за големото Манчестерско дерби кое ќе се игра на 20 септември.
Сепак има некои добри вести од таборот на Јунајтед, а тоа е дека партнерот од одбраната на Фердинанд, Немања Видич е подготвен да се врати на терените и да го има својот прв старт оваа сезона против Виган во сабота, а исто така и Гери Невил е во можност да игра.


“Немања тренираше со нас 10 дена и е подготвен за игра”-рече Ферги.
“Се надевам дека ќе биде добар до утре и тоа е позитивно за нас”
“Гери невил исто играше 15-20 минути во средата и исто е подготвен да ни даде доза на искуство во наредните натпревари”- заврши Фергусон.

ИЗВОР

четврток, 20 август 2009 г.

Ферги:"Беше ноќ на Барнли"

Сер Алекс Фергусон верува дека беше само ноќ на Барнли,откако неговиот тим изгуби со 1-0 на Turf Moor.



Барнли неочекувано, во 19 минута со фантастичниот волеј-гол на Роби Блејк го земаа водството на Turf Moor, и успеаа да го издржат притисокот од шампионите до крај на натпреварот.

Јунајтед можеа да израмнат при крај на првото полувреме кога токму Роби Блејк го фаулираше Евра и изнуди пенал, но голманот Брајан Јенсен успешно го одбрани пеналот од Керик.

После натпреварот, Фергусон изјави дека чуствува дека Јунајтед биле подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот, но не изиграа како што најдобро знаат.

"Ние сме разочарни.Не беше добар преформанс од Манчестер Јунајтед, но велејќи го тоа, можеби само беше ноќ на Барнли" - изјави за SkySports.

"Не беа во Премиер лигата 30 години,можеби беше само нивна ноќ бидејќи толку многу шутеви и шанси имавме во шестнаесетникот, просто не ми се верува дека не дадовме гол."

"Да го дадевме голот од пенал пред полувремето, ќе имавме големи шанси да победиме, но сепак неможеме да им ја одземеме победата.Ги немаше долго време во Премиер лигата."

"Почетните 10 минути во првото полувреме играа многу добро и имаа неколку добро нафрлени опасни топки во нашиот шестнаесетник."

"Од фантастичниот гол на Блејк,игравме супер,целосна доминација во теренот и со оглед на нашето искуство требаше да изиграме подобро."

"Во врска со пеналот, имаше 2ца играчи кои што ги шутираа пеналите во последните неколку години, а Мајкл беше еден од нив.Се осеќаше сигурно и немам никаков проблем со тоа" - заврши Сер Алекс.

Еве го и видеото со целосната негова изјава


Посетители

Администратори