Менаџерот на Манчестер Јунајтед ги негираше шпекулациите дека планира да купи уште еден напаѓач.
Фергусон летово се ослободи од услугите на Кристијано Роналдо и на Карлос Тевез, а во тимот пристигнаа Луис Антонио Валенсија и Мајкл Овен како замени. Фергусон исто така изјави дека планира во тимот да ги вклучи и Федерико Македа и Дени Велбек како резерви, што наиде на многу критики во јавноста.
Но јавноста во Англија деновиве наголемо шпекулираше дека Фергусон планира да упати понуда до напаѓачот на Валенсија, Давид Виља, откако тимот постигна само еден гол по двата одиграни натпревари во Премиер лигата.
Фергусон ги отфрли овие шпекулации и изјави: „Дали јас ви кажав дека нема повеќе да купуваме фудбалери?. Толку беше. Веќе ја донесов одлуката и сигурен сум во тоа. Имам одличен тим.“
0 коментари:
Објави коментар