четврток, 20 август 2009

Ферги:"Беше ноќ на Барнли"

Сер Алекс Фергусон верува дека беше само ноќ на Барнли,откако неговиот тим изгуби со 1-0 на Turf Moor.



Барнли неочекувано, во 19 минута со фантастичниот волеј-гол на Роби Блејк го земаа водството на Turf Moor, и успеаа да го издржат притисокот од шампионите до крај на натпреварот.

Јунајтед можеа да израмнат при крај на првото полувреме кога токму Роби Блејк го фаулираше Евра и изнуди пенал, но голманот Брајан Јенсен успешно го одбрани пеналот од Керик.

После натпреварот, Фергусон изјави дека чуствува дека Јунајтед биле подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот, но не изиграа како што најдобро знаат.

"Ние сме разочарни.Не беше добар преформанс од Манчестер Јунајтед, но велејќи го тоа, можеби само беше ноќ на Барнли" - изјави за SkySports.

"Не беа во Премиер лигата 30 години,можеби беше само нивна ноќ бидејќи толку многу шутеви и шанси имавме во шестнаесетникот, просто не ми се верува дека не дадовме гол."

"Да го дадевме голот од пенал пред полувремето, ќе имавме големи шанси да победиме, но сепак неможеме да им ја одземеме победата.Ги немаше долго време во Премиер лигата."

"Почетните 10 минути во првото полувреме играа многу добро и имаа неколку добро нафрлени опасни топки во нашиот шестнаесетник."

"Од фантастичниот гол на Блејк,игравме супер,целосна доминација во теренот и со оглед на нашето искуство требаше да изиграме подобро."

"Во врска со пеналот, имаше 2ца играчи кои што ги шутираа пеналите во последните неколку години, а Мајкл беше еден од нив.Се осеќаше сигурно и немам никаков проблем со тоа" - заврши Сер Алекс.

Еве го и видеото со целосната негова изјава


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори