сабота, 3 октомври 2009 г.

Харгривс ќе ги изведува слободните удари - Сер Алекс

Сер Алекс Фергусон верува дека долго повредениот англиски играч од средниот ред Овен Харгривс ќе биде адекватна замена за Кристијано Роналдо за изведувањето на слободените удари.


Заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид значи можност за многу играчи да се докажат, иако веќе е докажан, Овен Харгривс.Немаше многу шанса да ги изведува слободните удари за тимот поради повреди но почесто поради тоа што Кристијано беше незаменлив на таа позиција.

Оваа сезона, Рајан Гигс успеа да даде 2 гола од слободни, додека и Руни беше инволвиран кон шутирањето од слободни многу често оваа сезона.Како и да е, со враќањето на Харгривс од долгата повреда на коленото, Фергусон смета дека може да ја пополни и таа мала дупка.

"Освен Роналдо, мислам дека во тимот нема подобар изведувач на слободни удари моментално од Овен Харгривс.Тоа е само 1 дел од играта каде што тој може да ни помогне.Сепак, некои луѓе не ги сметаат слободни удари за многу важни во играта, но јас не сум од тие, за мене тие се важни како пеналите.Роналдо даваше многу голови од слободни и сега сеуште бараме некој да ги пополни головите од слободни.Се надевам дека Харго ќе успее." - изјави Фергусон

Најава:Јунајтед v Сандерленд


Премиер Лига, 8мо коло|Сабота,3ти Октомври 2009|Почеток:18:30h
Стадион:Old Trafford, Manchester

Сандерленд доаѓа на Олд Трафорд во најлошо можно време за нив.Јунајтед се во Ѓаволска форма во сите натпреварувања, од Премиер лигата и Карлинг купот до Лигата на Шампионите.Фантастичен скор од 8 победи и 1 изгубен натпревар досега од Црвените Ѓаволи и иако изгубивме 2 големи играчи играме фантастично.Рајан Гигс дефнитивно е играч на месецот за Септември со фантастични натпревари против Сити,Стоук и Волфсбург.Бербатов исто играше на многу високо ниво против Волфсбург,направи многу шанси со добри пасови и покажува дека не се џабе фрлени парите за него.За Руни и Флечер мислам дека не треба да се збори воопшто, едноставно фантастични.Засега одбраната и голманот се најголемата грижа.Не успеавме да издржиме неколку натпревари без примен гол и тоа е загрижувачко.Кушчак започна против Волфсбург и можно е да го видиме на повторно на голот.

Сандерленд моментално се наоѓаат на 8мото место со 4 победи од 7 натпревари.Доаѓаат на Театарот на Соништата после победата од 5-2 над Волфс каде што Бент и Џоунс постигнаа по 2 гола.Засега им оди добро под водство на минатиот менаџер на Виган и поранешниот играч на Јунајтед, Стив Брус, кој имаше еден од најдобрите трансфер периоди во историјата на тимот и го претвори од тим - кандидат за отпаѓање, во тим способен да се бори за средината на табелата.

Повредени играчи:

Јунајтед:
О Харгривс | Повреда на колената | 3ти Ноември '09
Г Обертан | Побреда на листовите | 31ви Октомври '09
Е Ван Дер Сар | Скршеница на прстите | 17ти Октомври '09
Р Да Силва| Повреда на рамото | 31ви Октомври '09
М Овен | Непознато | 15ти Октомври '09

Сандерленд
Л Катермол | Повреда на зглобот | Непознато


Можни состави
Kuszscak

O'Shea - Rio - Vidic - Evra

Valencia - Fletcher - Carrick - Anderson

Berbatov - Rooney

v

Bent - Jones

Richardson - Cana - Reid - Malbranque

Bardsley - McCartney - Ferdinand - Mensah

Gordon

Мој тип:
Јунајтед 3-1 Сандерленд
Руни x2, Бербатов - Бент

петок, 2 октомври 2009 г.

Рајан Гигс: Топ 5

На натпреварот против Волфсбург, Рајан Гигс го постигна својот 150ти гол за Манчестер Јунајтед и со тоа стана 9от играч кој постигнал веќе 150 гола во големата историја на Манчестер Јунајтед. На прашањето кои се неговите омилени 5, магичниот Велшанин одговори:



Манчестер Јунајтед против Манчестер Сити, деби во дресот на Манчестер Јунајтед, 4 мај, 1991. Победа на Јунајтед 1:0.


Се сеќавам дека истрчав до стативата и го испружив стапалото. Не мислам ни дека ја допрев топката како што треба. Мислам дека врвките ја допреа, не цело стапало. Луѓето мислеа дека е тоа автогол на Колин Хендри, но сите ми се стрчаа накај мене и почнаа да прославуваат.Тоа беше Манчестер Сити и ние го победивме дома, со еден гол. Мојот. Не ми беше потребна ниту една причина повеќе за да бидам најсреќниот човек во тој момент.
Манчестер Јунајтед против Јувентус, ЛШ, Олд Трафорд, 1 октомври 1997, победа на Јунајтед со 3:2

Ова беше еден од натпреварите кога сакавме да и испратиме порака на Европа. Јувентус беше одличен тим со Зидан, Дешамп и Дел Пиеро во нивните редови. Водевме 2-1 и јас се пробив по левата страна, поминав неколку одбранбени фудбалери и погодив.
Манчестер Јунајтед против Арсенал, полуфинале на ФА Куп, Вила Парк, 14 април 1999, победа на Јунајтед со 2:1


Беше инстинкт. Влегов како замена, ја добив топката и пробав да ги издриблам сите околу мене. По некој момент се најдов сам во шеснаесетникот, лице во лице со Дејвид Симан и си реков: „Морам да ја шутнам најсилно што можам“ и го направив тоа. Прославата на голот беше иста како голот. Си реков, „Ми е гајле“ и се радував како мало дете.

Манчестер Јунајтед против Јувентус, ЛШ, Деле Алпи, 25 февруари 2003. Победа на Јунајтед со 3:0

Дадов два гола на овој натпревар. Вториот го дадов откако од половина терен почнав со пробив, па се најдов по мојата лева страна на теренот, влегов во шеснаесетникот и погодив. Голов е специјален за мене бидејќи навистина е убаво кога знаеш дека си дал таков гол против Јувентус, или па против било кој друг италијански тим. Ми значи овој гол и затоа што ова не беше најдобра сезона за мене се` до тој гол, па овој гол ме врати во колосек. Многумина мислеа тогаш дека ќе го напуштам Јунајтед, но по овој натпревар, сезоната стана една од најдобрите за мене.


Манчестер Јунајтед против Челзи, Финале на ЛШ, Лужники, изведување на пенали, 21 мај 2008. Победа на Јунајтед со 6-5.

Таа цела недела вежбав изведување на пенали иако Фергусон не сакаше да изведуваме пенали и да се спремаме за пенал рулет. Мислеше дека тоа ќе ни создаде дополнителен притисок пред финалето, но јас сепак изведував на тренинзите и сакав да ја пласирам топката во аголот долу. Ако шутнев така, и да ја спасеше Чех, ќе беше одлично одбранет пенал. Но ми олесни кога видов дека топката влезе во голот и значеше дека Челзи мора да погоди. Но Ед го одбрани ударот на Анелка и така ја прославив мојата втора титула во ЛШ.

Добри вести за Мајкл Овен

Повредата на напаѓачот на Ѓаволите не е толку сериозна колку што се претпоставуваше.


29-годишниот напаѓач се повреди во Средата во победата на Јунајтед над Волфсбург, и во прес-конференцијата после натпреварот менаџерот на Манчестер Јунајтед откри дека Овен најверојатно ќе отсуствува 3 недели.

Како и да е, Фергусон ги демантираше овие стравувања на пресконференцијата во пресрет на натпреварот со Сандерленд во Петок наутро.

„Не е толку лошо како што отпрвин се чинеше“ изјави Фергусон „Поради претпазливост ја напушти играта пред време, и ќе биде спремен за игра наредното коло.“

„Тој не тренираше пред натпреварот со Волфсбург и можеби требаше да го изоставам од составот. Но тој сакаше да игра, но и јас сакав да игра. Ќе биде фит за натпреварот со Болтон.“

Сер Алекс Фергусон исто така откри дека голманот Ван дер Сар не е далеку од враќање на теренот, додека талентираниот млад дефанзивец Рафаел Да Силва почнал да тренира.

„Имаме силен состав“ изјави менаџерот на Јунајтед „ Проблемот кога се сите фит е да го избереш вистинскиот тим.“

Извор

Разочараниот Берба признава дека треба да се смени





Димитар Бербатов признава дека уште треба да го менува начинот на игра за да се прилагоди во Манчестер Јунајтед.
Бугаринот не успеа да ги оправда(според незнајковците) 30.75 мил фунти кои Ферги ги даде за него и постигна само 9 гола во неговата дебитантска сезона.
"Сметам дека сум крив само јас и никој друг, јас треба да се сменам а не Манчестер Јунајтед."
"Тие ме третираат перфектно откако пристигнав. Во првата сезона се разочарав самиот себеси мора да признаам"
"Притисокот беше огромен за мене, а многу сакав да се докажам на навивачите"
"Мора да запаметите дека тие се навикнати на Џорџ Бест, Боби Чарлтон, Ерик Кантона. Јас сум само Димитар. Имав добар број на асистенции но малце голови. Морам повеќе да постигнувам."
"Понекогаш не знам што правам погрешно, дали неам среќа стварно не знам."
"Понекогаш останувам буден цела ноќ мислејќи дека можев да изиграм поубаво при некоја неискористена шанса."
Бербатов подобро ја започна оваа сезона давајки 2 гола во ПЛ.
"Повеќе сум задоволен од мојата игра сезонава. Чувствувам дека се интергрирав себеси подобро во тимот. Сега сум посилен. Но мислам дека можам да давам повеќе голови."
Бугаринот признава дека гледа и статистика за неговата игра.
"Гледав на нашите ProZone статистики на почетокот на ланската сезона и бев деветти во истрчана километража. Запнав и на крајот бев четврти. Можеби оваа сезона ке бидам прв"
Тој исто така признава дека големата сума која ја плати Јунајтед за него бил тежок товар за носење, но инсистира дека е среќен.
"Кој може да оправда таква сума на пари, никој не може. Ако мислам на таа сума нонстоп ке полудам. Јас играм покрај легенди како Сколс, Гигс и Руни. Трењиран сум од фантастичен трењер како Сер Алекс Фергусон. Како може да не сум среќен?

четврток, 1 октомври 2009 г.

„Веселата дружина feat. распеаниот Керик“

Вчера вечер, Манчестер Јунајтед ја имаше психичката предност во мечот со Волфсбург и со пресврт успеа да победи и да се искачи на првото место во групата Б во ЛШ, по првото место во ПЛ.


Пред да почне сезоната, имаше сериозно двоумици дали Јунајтед ќе биде стариот и експлозивен тим откако тимот го напуштија Тевез и Роналдо, но како и секој пат кога овој тим ќе продаде ѕвезда, докажа дека секогаш е опасен и воигран. Овојпат, на теренот блеснаа Гигс и Керик.

Керик за медиумите синоќа изјави: „По примениот гол, нашето расположение не опадна и знаевме дека ако веруваме дека можеме да победиме ќе го направиме тоа. Во тимот си веруваме многу еден на друг и сме полни со самодоверба. Секако дека и физичката спремност е важна, но ако го сакаш нешто толку многу, ништо на светот не може да те спречи да го постигнеш. “

Првиот гол за Јунајтед го постигна Рајан Гигс, легендата на тимот кој очигледно игра како да е на почетокот на кариерата. Наредниот натпревар на Јунајтед е против Сандерленд, во ПЛ.

Посетители

Администратори