петок, 2 октомври 2009

Рајан Гигс: Топ 5

На натпреварот против Волфсбург, Рајан Гигс го постигна својот 150ти гол за Манчестер Јунајтед и со тоа стана 9от играч кој постигнал веќе 150 гола во големата историја на Манчестер Јунајтед. На прашањето кои се неговите омилени 5, магичниот Велшанин одговори:



Манчестер Јунајтед против Манчестер Сити, деби во дресот на Манчестер Јунајтед, 4 мај, 1991. Победа на Јунајтед 1:0.


Се сеќавам дека истрчав до стативата и го испружив стапалото. Не мислам ни дека ја допрев топката како што треба. Мислам дека врвките ја допреа, не цело стапало. Луѓето мислеа дека е тоа автогол на Колин Хендри, но сите ми се стрчаа накај мене и почнаа да прославуваат.Тоа беше Манчестер Сити и ние го победивме дома, со еден гол. Мојот. Не ми беше потребна ниту една причина повеќе за да бидам најсреќниот човек во тој момент.
Манчестер Јунајтед против Јувентус, ЛШ, Олд Трафорд, 1 октомври 1997, победа на Јунајтед со 3:2

Ова беше еден од натпреварите кога сакавме да и испратиме порака на Европа. Јувентус беше одличен тим со Зидан, Дешамп и Дел Пиеро во нивните редови. Водевме 2-1 и јас се пробив по левата страна, поминав неколку одбранбени фудбалери и погодив.
Манчестер Јунајтед против Арсенал, полуфинале на ФА Куп, Вила Парк, 14 април 1999, победа на Јунајтед со 2:1


Беше инстинкт. Влегов како замена, ја добив топката и пробав да ги издриблам сите околу мене. По некој момент се најдов сам во шеснаесетникот, лице во лице со Дејвид Симан и си реков: „Морам да ја шутнам најсилно што можам“ и го направив тоа. Прославата на голот беше иста како голот. Си реков, „Ми е гајле“ и се радував како мало дете.

Манчестер Јунајтед против Јувентус, ЛШ, Деле Алпи, 25 февруари 2003. Победа на Јунајтед со 3:0

Дадов два гола на овој натпревар. Вториот го дадов откако од половина терен почнав со пробив, па се најдов по мојата лева страна на теренот, влегов во шеснаесетникот и погодив. Голов е специјален за мене бидејќи навистина е убаво кога знаеш дека си дал таков гол против Јувентус, или па против било кој друг италијански тим. Ми значи овој гол и затоа што ова не беше најдобра сезона за мене се` до тој гол, па овој гол ме врати во колосек. Многумина мислеа тогаш дека ќе го напуштам Јунајтед, но по овој натпревар, сезоната стана една од најдобрите за мене.


Манчестер Јунајтед против Челзи, Финале на ЛШ, Лужники, изведување на пенали, 21 мај 2008. Победа на Јунајтед со 6-5.

Таа цела недела вежбав изведување на пенали иако Фергусон не сакаше да изведуваме пенали и да се спремаме за пенал рулет. Мислеше дека тоа ќе ни создаде дополнителен притисок пред финалето, но јас сепак изведував на тренинзите и сакав да ја пласирам топката во аголот долу. Ако шутнев така, и да ја спасеше Чех, ќе беше одлично одбранет пенал. Но ми олесни кога видов дека топката влезе во голот и значеше дека Челзи мора да погоди. Но Ед го одбрани ударот на Анелка и така ја прославив мојата втора титула во ЛШ.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори