петок, 9 октомври 2009 г.

Харгривс се надева дека конечно ќе завршат кошмарите

Овен Харгривс откри дека се двоумеше дали воопшто ќе може да се врати да игра фудбал повторно, по повредата на колената поради која ја пропушта целата мината сезона.


Кариерата на Харго беше во прашање откако во почетокот на 08/09 сезоната имаше сериозна повреда на едно од колената која потоа се влоши и мораше да оди кај специјалист за да може повторно да заигра фудбал.Англискиот репрезентативец сеуште се опоравува од повредата и се верува дека ќе се врати при крајот на месецов при што треба да се направат уште 2 операции.

Тој признава дека имало моменти кога се плашел дека никогаш нема да заигра повеќе, но сега е оптимист и едвај чека да се врати на терените за да помогне на Јунајтед во блиска иднина.

"Многу размислував за мојата кариера додека бев повреден и како ќе продолжам натаму.Но никогаш не ни помислував сериозно да се откажувам од фудбалот."

"Враќањето во Манчестер беше голем чекор.Сега е и многу полесно кога имаш соиграчи и луѓе од Јунајтед што те подржуваат и се со тебе.Се враќам за да дадам се од себе и да освојуваме титули.Не се враќам за еден натпревар или за еден ден, се враќам за да играм уште 7-8 години." - изјави во интервјуто од Manchester Evening News.

Млад голман на проба во Јунајтед

Младиот голман на второлигашот Порт Вејл, Даниел Лојд-Вестон ќе биде на проба со тимот една недела.


На 18 годишниот голман му е дадена проба во тимот од 2 натпревари со академијата, откако импресионираше неколку пати во тимот на Порт Вејл.

Лојд-Вестон, кој се врати на клупата на Порт Вејл бидејќи се врати првиот голман Џои Анјон, се надева дека ќе може да го импресионира Сер Алекс со настапите за академијата.

Се очекува да настапи натпреварите од Академската лига и Сениор купот во следните недели.

четврток, 8 октомври 2009 г.

Јоветич поласкан од Јунајтед

Ѕвездата на Фиорентина што го потопи Ливерпул со 2-0 во Лигата на Шампионите минатото коло, Стеван Јоветич, вели дека е поласкан од интересот покажа од Јунајтед но вели дека моментално е среќен во Фиорентина.


Во последната недела, откако Јоветич ги даде двата гола кои го победија Ливерпул, имаше многу шпекулации за негово заминување и за интереси за неговиот потпис од неколку големи тимови.

Сепак, 19 годишниот вели дека не планира во блиска иднина да го напушти тимот и дека е среќен во Виола.

"Читам дека за мене се интересирале големи европски тимови и поласкан сум од интересот, поготво од Манчестер Јунајтед, но моментално среќен сум во Фиорентина.Таму имам се што ми треба за да се развијам како играч и сум под договор во следните 5 години, не ми е во плановите на го напуштам тимот." - изјави Јоветич за Српскиот весник Блиц.

Пол Погба официјално играч на Јунајтед

ФИФА одлучи дека тужбата од Ле Авр немала доволно докази и го досади случајот во корист на Јунајтед.Погба официјално е ѓавол!


Пораншениот клуб на 16годишникот испрати жалба до ФИФА против неговото потпишување за Јунајтед, тврдејќи дека имале договор со играчот од средниот ред за 09-10 сезоната.

Сепак, членовите на ФИФА го изгласаа случајот во полза на Јунајтед и дека играчот немал договор со Ле Авр.Според ова, Јунајтед не прекршил ниту едно правило од ФИФА, и Погба денес официјално стана нов играч на Јунајтед.

Ле Авр сеуште имаат опција да се спротистават на одлуката на ФИФА.

среда, 7 октомври 2009 г.

Јунајтед и Сити заинтересирани за Суботич

Градските ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити според најавите на англиски весници, се борат за потписот на Српскиот играч од одбраната на Борусија Дортмунд, Невен Суботич.


Српскиот репрезентативец кој го има добиено епитетот "новиот Видич" импресионираше за Борусија во дебитанската сезона откако се префрли од Маинц за 3.5милиони фунти.

20 годишниот имаше 34 настапи минатата сезона и даде 6 гола и се верува дека Јунајтед и Сити се спремни да платат 15 милиони фунти за неговите услуги, за кои истотака се верува дека и Челзи и Арсенал се заинтересирани.

Сити сеуште бараат дефанзивец откако не успеаа да го донесат легендарниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери, а Јунајтед пак сака да додаде уште еден квалитетен млад дефанзивец и евентуален партнер во иднина на Џони Еванс во срцето на одбраната на Јунајтед.

"Имам договор со Дортмунд и се чуствувам добро тука.Има опција и за да се преселам но во иднина, преместувањето од една земја во друга е прерано за мене." - изјави Суботич

Овен: Јунајтед се најдобриот клуб во светот

Засилувањето на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, ги остави со иронични насмевки фановите на Ливерпул откако изјави дека според него, Манчестер Јунајтед се најдобриот и најголемиот клуб во светот. По ова, очекувано е Овен да биде непријателски пречекан на 25 октомври, кога Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул на Енфилд Роуд.
Иако Овен служи како замена за Бербатов и Руни, вели дека го сака животот во Јунајтед. „Фантастично е да се соработува со Сер Алекс Фергусон. Имате се` што би можеле да посакате или очекувате од еден клуб, можеби најголемиот во светот, Манчестер Јунајтед. Од човекот што е одговорен за дресовите па се` до девојките кои работат во кантината... се` е прва класа.“, изјави Овен.

Иако настапува за Јунајтед, Овен во последно време е исклучен од англиската репрезентација. „ Ова ми е последна шанса да се наметнам на Капело. Морам да прикажам добри игри во дресот на Јунајтед до крајот на сезоната, па да се надеваме дека Капело ќе забележи.“

Посетители

Администратори