среда, 7 октомври 2009

Овен: Јунајтед се најдобриот клуб во светот

Засилувањето на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, ги остави со иронични насмевки фановите на Ливерпул откако изјави дека според него, Манчестер Јунајтед се најдобриот и најголемиот клуб во светот. По ова, очекувано е Овен да биде непријателски пречекан на 25 октомври, кога Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул на Енфилд Роуд.
Иако Овен служи како замена за Бербатов и Руни, вели дека го сака животот во Јунајтед. „Фантастично е да се соработува со Сер Алекс Фергусон. Имате се` што би можеле да посакате или очекувате од еден клуб, можеби најголемиот во светот, Манчестер Јунајтед. Од човекот што е одговорен за дресовите па се` до девојките кои работат во кантината... се` е прва класа.“, изјави Овен.

Иако настапува за Јунајтед, Овен во последно време е исклучен од англиската репрезентација. „ Ова ми е последна шанса да се наметнам на Капело. Морам да прикажам добри игри во дресот на Јунајтед до крајот на сезоната, па да се надеваме дека Капело ќе забележи.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори