недела, 11 октомври 2009 г.

Капело го повика Фостер

Селекторот на англиската репрезентација, Фабио Капело, го повика Бен Фостер за да го замени казнетиот Роберт Грин.

Роберт Грин е суспендиран со натпревар неиграње откако на мечот против Украина, направи фаул и беше исклучен со директен црвен картон по само неколку минути игра. Како негова замена, влезе голманот на Портсмут, ветеранот Дејвид Џејмс, кој ќе биде на списокот на Капело за следниот англиски натпревар, но Капело за следниот натпревар го повика и Бен Фостер, па останува да видиме дали ќе брани Џејмс или пак Фостер ќе го направи својот трет настап за репрезентацијата на Англија.

Англија успеа да се квалификува на светскиот шампионат во Јужна Африка во 2010, но сака да ги заврши квалификациите со победа на наредниот натпревар.

Агонијата на Обертан при крај

Габриел Обертан, новиот играч на Манчестер Јунајтед, конечно се очекува да стапне на фудбалските терени во црвениот дрес покасно овој месец.

Репрезентативецот на Франција под 21 година тренираше со првиот тим цела недела без никакви проблеми, откако се врати од повредата на 'рбетот.

Обертан потпиша 4 годишен договор за Јунајтед летово за сума од 3 милиони евра, но сеуште нема направено настап за тимот поради повредата.Поранешното крило на Бордо, почна да тренира на почетокот на минатата недела и Сер Алекс Фергусон се надева дека ќе може да смета на неговите услуги во следните 2 недели.

Обертан може да игра многу позиции, но иднината во Јунајтед му е најверојатно во крилната позиција.Ги помина неговите први 3 месеци во новиот тим на рехабилитација и ја пропушти турнеата во Азија на тимот.

Ван Гал требало да го замени Фергусон

Поранешниот менаџер на Аз Алкмар и моменталниот менаџер на Баерн Минхен, Луис Ван Гал откри во својата биографија која ја промовираше минатата недела, дека се согласил да го замени Сер Алекс Фергусон на менаџерската позиција во Јунајтед.


Но...

"Тоа се случи пред Светското првенство 2002 година.Бев во контакт со Јунајтед преку Питер Кенјон и тој ми кажа дека Сер Алекс сакал да се пензионира."

"Го очекував моментот кога тој ќе си замине и веднаш,истиот ден, јас да го заменам.Но на крај, сепак Сер Алекс не се откажа" - напиша Ван Гал во неговата автобиографија.

Во овој период, истотака се шпекулираше и за Свен Горан Ериксон како замена за САФ, кој тогаш ја однесе Англија во Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореа.За неговата автобиографија, Ван Гал, беше критикуван и од легендата на Барселона и на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков.


сабота, 10 октомври 2009 г.

"Не се пензионирам сеуште" - Ван Дер Сар

Ветеранот на голот на Манчестер Јунајте сака да продолжи да игра.


Најстариот играч во Јунајтед, 38 годишниот Едвин Ван Дер Сар, ги негира шпекулациите дека на крајот на сезоната ќе ја заврши својата голманска кариера, изјавувајќи дека никогаш не кажал кога ќе ја завршува својата кариера.

"Никогаш не сум соопштил на ниеден медиум дека ќе се пензионирам на крајот од сезоната." - изјави за Manchester Evening News.

Истотака испрати порака до Фостер дека си го сака број 1 местото на голот на Јунајтед.

"Си го сакам назад моето место.Додека играв за резервите во Вторникот беше идеално бидејќи ми требаше изигран натпревар за да знам дека сум сигурен да продолжам да бранам за првиот тим." - изјави Едвин.

Тој исто имаше и пофални зборови за него и дека не треба да се грижи за неколкуте почетнички грешки.

"Бен го има карактерот да го преживее тоа што го помина.Тој е многу силен тип и имам големи симпатии за него." - заврши Ван Дер Сар.

Интернационални настапи [10-11.10.2009]

Дојде и оваа недела, каде што нема да имаме Премиер лигашки фудбал да гледаме, но затоа играчите ќе играат за своите земји и ќе пробат да се квалификуваат за Светското првенство 2010.


Играчите кои што не се повикани за репрезентациите се: Едвин Ван Дер Сар(повреда),Бен Фостер(повреда),Гери Невил,Пол Сколс,Рајан Гигс(пензиониран од интернационален фудбал),Овен Харгривс(повреда),Габриел Обертан(повреда),Дарен Флечер,Мајкл Овен(повреда) и Томаш Кушчак.

За оние репрезентации кои веќе се квалификувани, можат да експериментираат и да им дадат шанси на некои играчи кои што не играат често во првиот состав.

Нани ќе се надева дека ќе може да направи чудо за да и помогне на својата репрезнтација да ги победи следните 2 натпревари со што ќе имаат шанси да се квалификуваат за Светското првенство.Играат дома против Унгарија и Малта.

Патрис Евра ќе игра за Франција во натпреварите со Фарски острови и Австрија, додека пак Видич и Тошич се повикани за репрезентацијата на Србија за да играат против Романија и Литванија.

О'Шеј и Гибсон се повикани за двата решавачки натпревари на Ирска против Италија и Црна Гора неделава.Само 4 поени им требаат за да ги исфрлат Светските шампиони од Светското првенство.

Бербатов е повикан за репрезентацијата на Бугарија која очекува победи против Кипар и Џорџија.Антонио Валенсија истотака ќе игра за репрезентацијата на Еквадор, откако им помогна со гол во победата од 3-1 против Боливија, и тоа ќе играат против Уругвај и Чиле.Еванс ќе игра за репрезентацијата на Северна Ирска во последниот натпревар против Чешка во среда.

Руни,Фердинанд,Керик и Вес Браун се надеваат дека ќе го одржат 100% скор на Капело со натпреварите против Белорусија и Украина иако веќе се квалификуваа.Андерсон е повикан за репрезентацијата на Бразил но тешко дека ќе игра поради големиот избор на играчи кој го има селекторот Дунга и поради тоа што веќе се квалификувани за Светското првенство.Исто како и Андерсон, така и Парк, повикан но тешко дека ќе игра.

петок, 9 октомври 2009 г.

Eвра претчувствува..

Патрис Евра верува дека на Манчестер Јунајтед му е судено да се сретне со Реал Мадрид оваа година во ЛШ.



Двата клуба добро ја започнаа евро турнејата оваа сезона во ЛШ и по само два одиграни меча изгледаат како сериозни кандидати за пласирање во 1/8 финалните мечеви. Како и да е, ако Реал и Манчестер завршат на првите места во своите групи, системот на формирање на двојките нема да дозволи овие тима да се сретнат се до 1/4 финалето.

Но францускиот интернационалец Патрис Евра верува дека оваа сезона, Манчестер Јунајтед, кога и да е, ќе играат против Реал Мадрид. „Знам дека ќе играме со Реал Мадрид. Не ме прашувајте од каде ми е ова, инстинктот ми вели така, но сигурен сум дека ќе играме“, изјави Евра. Ако ова се оствари, тогаш 28 годишниот лев бек кој според многумина е најдобар во светот на својата позиција, ќе ја има неверојатната задача да го запре Кристијано Роналдо. Сепак, Евра, вели дека не е толку загрижен поради тој факт.

„Еднаш играв против него кога настапував во У21 репрезентацијата. Исто така, не заборавајте дека до пред неколку месеци секојдневно тренирав со него и против него. Знае и тој дека ќе биде многу тешко. Роналдо ми беше добар пријател и жално е што не` напушти, но во Јунајтед никој не е ѕвезда - самиот клуб е ѕвезда.“

Посетители

Администратори