петок, 9 октомври 2009

Eвра претчувствува..

Патрис Евра верува дека на Манчестер Јунајтед му е судено да се сретне со Реал Мадрид оваа година во ЛШ.



Двата клуба добро ја започнаа евро турнејата оваа сезона во ЛШ и по само два одиграни меча изгледаат како сериозни кандидати за пласирање во 1/8 финалните мечеви. Како и да е, ако Реал и Манчестер завршат на првите места во своите групи, системот на формирање на двојките нема да дозволи овие тима да се сретнат се до 1/4 финалето.

Но францускиот интернационалец Патрис Евра верува дека оваа сезона, Манчестер Јунајтед, кога и да е, ќе играат против Реал Мадрид. „Знам дека ќе играме со Реал Мадрид. Не ме прашувајте од каде ми е ова, инстинктот ми вели така, но сигурен сум дека ќе играме“, изјави Евра. Ако ова се оствари, тогаш 28 годишниот лев бек кој според многумина е најдобар во светот на својата позиција, ќе ја има неверојатната задача да го запре Кристијано Роналдо. Сепак, Евра, вели дека не е толку загрижен поради тој факт.

„Еднаш играв против него кога настапував во У21 репрезентацијата. Исто така, не заборавајте дека до пред неколку месеци секојдневно тренирав со него и против него. Знае и тој дека ќе биде многу тешко. Роналдо ми беше добар пријател и жално е што не` напушти, но во Јунајтед никој не е ѕвезда - самиот клуб е ѕвезда.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори