сабота, 10 октомври 2009

Интернационални настапи [10-11.10.2009]

Дојде и оваа недела, каде што нема да имаме Премиер лигашки фудбал да гледаме, но затоа играчите ќе играат за своите земји и ќе пробат да се квалификуваат за Светското првенство 2010.


Играчите кои што не се повикани за репрезентациите се: Едвин Ван Дер Сар(повреда),Бен Фостер(повреда),Гери Невил,Пол Сколс,Рајан Гигс(пензиониран од интернационален фудбал),Овен Харгривс(повреда),Габриел Обертан(повреда),Дарен Флечер,Мајкл Овен(повреда) и Томаш Кушчак.

За оние репрезентации кои веќе се квалификувани, можат да експериментираат и да им дадат шанси на некои играчи кои што не играат често во првиот состав.

Нани ќе се надева дека ќе може да направи чудо за да и помогне на својата репрезнтација да ги победи следните 2 натпревари со што ќе имаат шанси да се квалификуваат за Светското првенство.Играат дома против Унгарија и Малта.

Патрис Евра ќе игра за Франција во натпреварите со Фарски острови и Австрија, додека пак Видич и Тошич се повикани за репрезентацијата на Србија за да играат против Романија и Литванија.

О'Шеј и Гибсон се повикани за двата решавачки натпревари на Ирска против Италија и Црна Гора неделава.Само 4 поени им требаат за да ги исфрлат Светските шампиони од Светското првенство.

Бербатов е повикан за репрезентацијата на Бугарија која очекува победи против Кипар и Џорџија.Антонио Валенсија истотака ќе игра за репрезентацијата на Еквадор, откако им помогна со гол во победата од 3-1 против Боливија, и тоа ќе играат против Уругвај и Чиле.Еванс ќе игра за репрезентацијата на Северна Ирска во последниот натпревар против Чешка во среда.

Руни,Фердинанд,Керик и Вес Браун се надеваат дека ќе го одржат 100% скор на Капело со натпреварите против Белорусија и Украина иако веќе се квалификуваа.Андерсон е повикан за репрезентацијата на Бразил но тешко дека ќе игра поради големиот избор на играчи кој го има селекторот Дунга и поради тоа што веќе се квалификувани за Светското првенство.Исто како и Андерсон, така и Парк, повикан но тешко дека ќе игра.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори