среда, 12 август 2009 г.

Манчестер Јунајтед - сезона 2009/10

Шампионите влегуваат во новата сезона без Тевез и Роналдо. Како ќе се снајдат? Следува гледиштето на Гил Кларк за нивните перспективи.

Завршувајќи ја претходната сезона со двојна круна, што значеше и трета титула по ред во Премиер лигата, летово беше чудно за тимот од Олд Трафорд и Сер Алекс Фергусон потврди дека ќе го крпи тимот пред почетокот на новата сезона.
По освојувањето на Лигата, Карлинг купот и Светскиот клупски куп како и поразот во финалето на ЛШ од Барселона кој остави горчливо искуство кај некои играчи, навивачите сигурно ќе се прашуваат како ќе се снајде нивниот тим по заминувањето на двајца значајни играчи.
Необично за шампионот, поголемиот број на шпекулации што кружеа летово во врска со играчи беше за нивно заминување отколку за пристигнување во тимот. Беше мало изненадување конечното заминување на Роналдо во Реал, кој и тоа како ќе му фали на Јуанјтед и покрај цената која ја добија за него.
Карлос Тевез одлучи да продолжи кај градските ривали од Сити со што ги разочара фановите кои правеа тој да се чувствува како во Аргентина, но после последните негови изјави за и околу Јунајтед, може да биде многу брзо забораен.
За разлика од играчите кои заминаа, уште поголемо изненадување беа играчите кои пристигнаа, особено играчот кој ја наследи 7-та на Роналдо, Мајкл Овен.
Грижите околу формата и повредите сеуште го опкружуваат, пристигна како слободен играч и е право коцкање, а ако може да ги врати голгетерските способности може да биде многу позначаен од Тевез кој минатата година постигна само 5 голови во Лигата.
Следи Антонио Валенсија, крилото на Виган кое од Јунајтед беше следено подолго време. Многу повеќе ќе се очекува од него бидејќи ќе треба да ја пополни дупката која настана со заминувањето на Роналдо на десната крилна позиција и може да се процени како квалитетно засилување на тимот.
Одбранбено Јунајтед сеуште се многу моќни и со задна линија како Вес Браун, Рио Фердинанд, Немања Видич и Патрис Евра се една од најдобрите одбранбени линии во Светот.
Напред има мали проблеми, Руни ја доби неговата омилена позиција, Ферги смета дека Бербатов ќе биде многу подобар за разлика од првата сезона, а додека Мајкл Овен како и гладните за игра младинци Македа и Велбек ќе ја чекаат својата шанса од клупата.
Сепак најмногу проблеми се очекува да има во средниот ред и многу поголема одговорност од Парк, Карик, Нани, Андерсон и новиот играч Валенсија од кои ќе се очекува голема креативност и голови.
Вејн Руни се очекува да блесне оваа сезона. Најмногу ќе треба да ги надополни головите на Роналдо, а ако се знае дека и во англиската репрезентација игра на централната напаѓачка позиција, ќе биде фасцинантно да се види како ќе се справи со дополнителниот притисок.
Напаѓачот Федерико Македа се прослави претходната сезона со двата победнички голови и Феги вети дека оваа година ќе игра повеќе првотимски фудбал. Впрочем Ферги напомена дека квалитетите на Македа биле причина да не се расфрла со пари по засилување и младиот италијанец се надева дека ќе има успешен старт на неговата кариера во Јунајтед.
Нема што многу да зборуваме за Сер Алекс Фергусон освен дека уште еднаш изненади многу со тоа што не трошеше големи суми по заминувањето на Роналдо и со доведувањето на Мајкл Овен.
Шкотланѓанецот отворено кажа дека португалецот ќе недостасува и дека ќе игра подруга формација за следната сезона, а се надева дека неговиот реконструиран тим ќе успее да ја освои четвртата по ред титула во Премиер лигата.
Поразот од Барселона во мај ги зашемети играчите и менаџерот на Јунајтед и ја зголеми желбата да го повратат трофејот назад. Сепак, можеби поважно е знаењето дека уште една титула може да го направи тимот првиот што освоил четири титули по ред и уште позначајно, да го преминат Ливерпул кој има 18 титули и да станат најдобрата англиска екипа.

ИЗВОР

Зошто Флечер е потценуван?

“Зошто противничките фанови не го ценат Флечер?Тоа е нешто што заморува”-Бен Хибс
Неодамна дискутиравме со фан на Ливерпул околу Дарен Флечер и ми рече:”Toj не е топ играч нели? , добар е ама не е добар како Маскерано”. Јас сум голем фан на Флечер и тоа многу ме налути.

Дури и во деновите кога некои фанови на Јунајтед со презир зборуваа за него, јас бев стрплив. Прв пат го видов кога играше во 2002 година, кога отидов да ги гледам резервите на Јунајтед за прв пат против Вест Бромвич Албион на Олд Трафорд. Ова слабо и коскесто дете на средината на теренот беше едноставно насекаде, делејќи пасови на сите страни како професионалец кој дошол да игра во пониска лига. Се изгледаше толку едноставно, Уште тогаш си реков дека е класа за сите останати на теренот.
По неговиот влез во првиот тим, Флеч страдаше играчки бидејќи беше млад, физички не толку експониран, и мораше својата позиција да ја бара надвор од крилните позиции. Беше опишуван како новиот Бекам што беше награда за неговиот талент. Кога почна да игра имаше голема празнина оставена од заминувањето на Рој Кин. За него тоа беше тешко школо. Но Флечер се нафати, а негативните кометар што често ги добиваше не му сметаа.
За среќа, Сер Алекс е добар во проценувањето на карактери и таленти. Во последните неколку години тој ја подобри својата игра, работеше напорно во теретана за што потврди дека порано кога бил помлад играч, му било многу тешко да работи бидејќи не гледал никакви резултати на себе од работата, а сега го достигнува врвот на својата кариера. Но додека фановите на Јунајтед во голем број почнаа да препознаваа што Флечер придонесе за тимот-технички квалитет, паметна дистрибуција на топки, енергија, мирна глава и особено големо искуство и зрелост, фановите на другите клубови се преокупирани со многу поневажни работи.
Флечер претходната година беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед и искрено, ако немаше една или две повреди кои ги заработи, сериозно ќе конкурираше за играч на годината. После поразот и разочарувањето во Рим, Ферги изјави дека Флечер бил голема загуба поради суспензијата. Дали ќе ги запреше Чави и Иниеста? Нема да знаеме, а и Барса изигреа многу подобро без нивните отсутни фудбалери.
Поентата е дека тоа што Ферги има многу голема доверба во неговиот сонародник. И додека сите бараат наследник на Роналдо по неговото заминување, Флечер би требало и се надевам дека ќе ја искористи шансата и да се исправи пред предизвикот.
Тој е капитен на Шкотска, што е заслужена почест за се што прави за националниот тим, каде секогаш е еден од најистакнатите, дури и во помладите години. Мислам дека сега е дојдено неговото време во Јунајтед. Беше неверојатен во првото полувреме на Вембли против Челзи, каде се очекуваше да блеснат играчи како Нани, Андерсон и Бербатов, и да ја подигнат нивната играа, и му е потребно само да избегне некаква повреда за да продолжи да пружа одлични игри како и претходната сезона.
Можеше да го загубиме Флеч претходново лето кога многу клубови, особено Евертон, искажаа огромен интерес за него по одличните партии и големите заслуги за двојната круна за Јунајтед. За среќа, остана и дури и го продолжи договорот. Впрочем и во друг клуб ќе докажеше дека фанот на Ливерпул не е во право.

ИЗВОР

Мануел Ноер во радарот на Манчестер Јунајтед

Чуварот на мрежата на Шалке 04, Мануел Ноер според неколку извори е означен како ново потенцијално засилување за екипата на Манчестер Јунајтед, со што е доведена во прашање иднината на вториот голман, Полјакот Томас Кушчак.


По повредата на првиот чувар, скршениот прст на Едвин ван дер Сар кој ќе го оддалечи од терените неколку месеци и нестабилниот Фостер кој не се снајде баш најдобро на натпреварот против Челзи на Комјунити Шилдот, се чини дека голманското место е моментално најслабата точка во Манчестер Јунајтед. Затоа, Ферги најверојатно ќе биде приморан да го одврзе кесето за да се засили голманската позиција, ако се знае и дека кариерата на ван дер Сар е веќе на залезот со оглед на неговата возраст. За Ноер, летениов трансфер период, интерес покажа и германскиот шампион Баерн Минхен, но тој ја одби понудата и изјави дека со Шалке има договор до 2012 и дотогаш ќе остане верен на овој клуб. Но, не се знае дали Ноер ќе одолее на Црвените Ѓаволи од Манчестер и ако евентуално дојде до трансфер, се шпекулира дека за Ноер, на Шалке ќе треба да му бидат исплатени 25 милиони фунти стерлинзи.
Извор

вторник, 11 август 2009 г.

НАЈУБАВИТЕ 50 ГОЛОВИ ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД !

Како загревање пред стартот на сезоната, едно видео од најубавите 50 погодоци за Манчестер Јунајтед во последниве 10 години! УЖИВАЈТЕ :)

Ферги : Можеме да освоиме четири по ред!

“Тешко е да се каже кој е најголема опасност за нас. Мислам дека ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал гледаме што се случува со Манчестер Сити со голем интерес и се прашуваме дали може да успее нивниот проект со толку многу потрошени пари”.

Ферги инсистира дека неговите играчи се свесни за тежината да се освојат четири титули во низа, но најавува дека “црвените ѓаволи” се подготвени да го прифатат предизвикот.
Шампионот е во обид да стане првата екипа во Англија што ќе освои четири едноподруго титули. Тоа би значело дека би имале 19 титули и би го надминале нивниот најголем ривал Ливерпул.
Ферги е свесен за опасноста што доаѓа од конкурентите од големата четворка, но исто инсистира и дека не треба да се потценат и комшиите од Манчестер кои беа активни летово на трансфер пазарот.
Но знаејќи дека неговата екипа ги издржа сите притисоци ланската сезона, Ферги е самоуверен дека може повторно да се повтори ланскиот успех и оваа година.
“Освојување на титулата четири пати по ред е нешто што секој сака да го оствари и е голем предизвик и остварување”-рече Ферги на пресот!
“Ние знаеме колку е тешко да се освои лигата. Имавме голем отпор претходната година и со оглед дека бевме и во Јапонија, после тоа мораше да играме на највисоко ниво за да ја освоиме лигата”
“Тој проблем го немаме оваа година, иако сакав да го имаме. Но сепак секогаш е голем предизвик за нас”

“Тешко е да се каже кој е најголема опасност за нас. Мислам дека ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал гледаме што се случува со Манчестер Сити со голем интерес и се прашуваме дали може да успее нивниот проект со толку многу потрошени пари”.
“Тие се на насловните страници секоја недела и има голем интерес за нивната ситуација бидејќи никој од нас не беше толку многу активен на пазарот. Ние продававме играчи, Ливерпул го продаде Алонсо, ние Роналдо, Арсенал Адебајор....големата четворка всушност беше тивка(во однос на купување играчи). Затоа сме заинтересирани како тоа ќе се одрази на Сити”-заврши Фергусон.

ИЗВОР

понеделник, 10 август 2009 г.

Нани ја прошири листата на повредени во Јунајтед!

Нани може да го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата откако го измести рамото во натпреварот против Челзи во Комјунити Шилд кој Манчестер Ј. го загуби на пенали.


Крилото кое постигна гол и импресионираше по левата крилна позиција, беше принудено да ја напушти играта во второто полувреме после стартот на Џон Тери над него, при што португалецот незгодно падна. Тој ќе има скенирање во понеделник наутро за да се види вистинската природа на неговата повреда.
Повредата за него дојде во најнезгодно и најнепосакувано време, кога имаше шанса да ја зацементира позицијата што ја остави во наследство неговиот претходник и сонародник К.Роналдо.
Започна одлично на натпреварот со прекрасен гол постигнат од далечина после 10 минути игра на мечот од Комјунити Шилд против Челзи.
Нани е придодаден на листата на повредени каде се наоѓаат Немања Видиќ, Вес Браун, Гери Невил и Едвин ван дер Сар.

ИЗВОР


Посетители

Администратори