Чуварот на мрежата на Шалке 04, Мануел Ноер според неколку извори е означен како ново потенцијално засилување за екипата на Манчестер Јунајтед, со што е доведена во прашање иднината на вториот голман, Полјакот Томас Кушчак.
По повредата на првиот чувар, скршениот прст на Едвин ван дер Сар кој ќе го оддалечи од терените неколку месеци и нестабилниот Фостер кој не се снајде баш најдобро на натпреварот против Челзи на Комјунити Шилдот, се чини дека голманското место е моментално најслабата точка во Манчестер Јунајтед. Затоа, Ферги најверојатно ќе биде приморан да го одврзе кесето за да се засили голманската позиција, ако се знае и дека кариерата на ван дер Сар е веќе на залезот со оглед на неговата возраст. За Ноер, летениов трансфер период, интерес покажа и германскиот шампион Баерн Минхен, но тој ја одби понудата и изјави дека со Шалке има договор до 2012 и дотогаш ќе остане верен на овој клуб. Но, не се знае дали Ноер ќе одолее на Црвените Ѓаволи од Манчестер и ако евентуално дојде до трансфер, се шпекулира дека за Ноер, на Шалке ќе треба да му бидат исплатени 25 милиони фунти стерлинзи.
Извор
0 коментари:
Објави коментар