“Зошто противничките фанови не го ценат Флечер?Тоа е нешто што заморува”-Бен Хибс
Неодамна дискутиравме со фан на Ливерпул околу Дарен Флечер и ми рече:”Toj не е топ играч нели? , добар е ама не е добар како Маскерано”. Јас сум голем фан на Флечер и тоа многу ме налути.
Дури и во деновите кога некои фанови на Јунајтед со презир зборуваа за него, јас бев стрплив. Прв пат го видов кога играше во 2002 година, кога отидов да ги гледам резервите на Јунајтед за прв пат против Вест Бромвич Албион на Олд Трафорд. Ова слабо и коскесто дете на средината на теренот беше едноставно насекаде, делејќи пасови на сите страни како професионалец кој дошол да игра во пониска лига. Се изгледаше толку едноставно, Уште тогаш си реков дека е класа за сите останати на теренот.
По неговиот влез во првиот тим, Флеч страдаше играчки бидејќи беше млад, физички не толку експониран, и мораше својата позиција да ја бара надвор од крилните позиции. Беше опишуван како новиот Бекам што беше награда за неговиот талент. Кога почна да игра имаше голема празнина оставена од заминувањето на Рој Кин. За него тоа беше тешко школо. Но Флечер се нафати, а негативните кометар што често ги добиваше не му сметаа.
За среќа, Сер Алекс е добар во проценувањето на карактери и таленти. Во последните неколку години тој ја подобри својата игра, работеше напорно во теретана за што потврди дека порано кога бил помлад играч, му било многу тешко да работи бидејќи не гледал никакви резултати на себе од работата, а сега го достигнува врвот на својата кариера. Но додека фановите на Јунајтед во голем број почнаа да препознаваа што Флечер придонесе за тимот-технички квалитет, паметна дистрибуција на топки, енергија, мирна глава и особено големо искуство и зрелост, фановите на другите клубови се преокупирани со многу поневажни работи.
Флечер претходната година беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед и искрено, ако немаше една или две повреди кои ги заработи, сериозно ќе конкурираше за играч на годината. После поразот и разочарувањето во Рим, Ферги изјави дека Флечер бил голема загуба поради суспензијата. Дали ќе ги запреше Чави и Иниеста? Нема да знаеме, а и Барса изигреа многу подобро без нивните отсутни фудбалери.
Поентата е дека тоа што Ферги има многу голема доверба во неговиот сонародник. И додека сите бараат наследник на Роналдо по неговото заминување, Флечер би требало и се надевам дека ќе ја искористи шансата и да се исправи пред предизвикот.
Тој е капитен на Шкотска, што е заслужена почест за се што прави за националниот тим, каде секогаш е еден од најистакнатите, дури и во помладите години. Мислам дека сега е дојдено неговото време во Јунајтед. Беше неверојатен во првото полувреме на Вембли против Челзи, каде се очекуваше да блеснат играчи како Нани, Андерсон и Бербатов, и да ја подигнат нивната играа, и му е потребно само да избегне некаква повреда за да продолжи да пружа одлични игри како и претходната сезона.
Можеше да го загубиме Флеч претходново лето кога многу клубови, особено Евертон, искажаа огромен интерес за него по одличните партии и големите заслуги за двојната круна за Јунајтед. За среќа, остана и дури и го продолжи договорот. Впрочем и во друг клуб ќе докажеше дека фанот на Ливерпул не е во право.
ИЗВОР
0 коментари:
Објави коментар