четврток, 10 септември 2009 г.

Спалети во посета на Манчестер

Пораншениот менаџер на Италијанскиот тим Рома, Лучиано Спалети ќе биде во посета на Сер Алекс Фергусон во наредната недела.


Сер Алекс Фергусон уште еднаш покажува за неговата почит кон странските тренери.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед очигледно беше шокиран од отпуштањето на менаџерот на Рома по слабиот старт на сезоната и го покани на посета на Олд Трафорд.

"Рома играа убав фудбал додека Спалети беше тренер.Тоа што тој успеа да го направи е фантастично."

"Лучијано ќе дојде во Манчестер да види како е во Англија и англискиот фудбал.Ќе работиме заедно следните неколку дена, и може ќе потрошиме и некое шише вино" - изјави Фергусон.


Дали ова значи дека Спалети ќе добие некаква улога во Јунајтед?

Настапи на фудбалерите за своите репрезентации

Руни го постигна последниот гол за Англија, со кој ја совладаа со 5-1 репрезентацијата на Хрватска и се пласираа на Светското првенство во Јужна Африка.


Освен Руни, за Англија беа повикани и Мајкл Керик,Вес Браун и Бен Фостер но беа неискористени измени.

Флечер играше 90 минути за Шкотска којашто не успеа да се пласира на Светското првенство, бидејќи изгубија дома од репрезентацијата на Холандија со 0-1.

Антонио Валенсија се запиша истотака во листата на стрелци за Еквадор во победата од 3-1 над Боливија.

Немања Видич и Патрис Евра изиграа 90 минути еден против друг во интересниот дуел меѓу Србија и Франција кој заврши со 1-1.Зоран Тошиќ беше повикан, но беше неискористена замена.

Италија успеа да ја порази Бугарија со 2-0, во која 90 минути изигра Димитар Бербатов но не успеа да помогне на својата репрезентација да ги победи моменталните светски шампиони.

Нани изигра само 9 минути на натпреварот на Португалија против Унгарија, но неговата репрезентација забележа победа од 1-0.

Дарен Гибсон изигра 90 минути во пријателскиот натпревар на Р.Ирска против Јужна Африка, кадешто неговата репрезентација издвојува победа од 1-0.

Немаше добри вести за Џони Еванс откако неговата Северна Ирска изгуби повторно, овојпат од Словачка во Белфаст.

среда, 9 септември 2009 г.

Фиорентина поднесува жалба до Јунајтед

ФИФА потврдува дека контактирале со Фиорентина за "крадењето" на Мишел Форнеиер од Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Италијанската репрезентација под 16 години, Мишел Форнеиер (десно на сликата), играше за Јунајтед во Милк Купот на почетокот на август, каде Јунајтед победија со 1-0.

Со фактот дека италијанските тимови не смеат да понудуваат професионални договори на играчи под 18 години, англиските тимови долго време ги "крадат" италијанските таленти од нивните тимови.

Јунајтед е еден од најконсистентните тимови кои "крадат" вакви таленти од Италија, со поголеми имиња како Џузепе Роси,Федерико Македа и Давиде Петручи.

Ле Авр веќе ги пријавија Црвените Ѓаволи поради потенцијалното "крадење" на младиот французин Пол Погба, но Јунајтед веднаш изглеа со контра удар тврдејќи дека се било легално во неговиот трансфер.Сега и Фиорентина сакаат да испратата официјална жалба до ФИФА за Форнесиер.

"Можеме да потврдиме дека контактиравме со Фиорентина за потенцијалниот трансфер на Мишел Форнесиер во Манчестер Јунајтед." - изјави гласник од ФИФА.

Истотака Манчестер Јунајтед можат да се најдат под радарот на ФИФА, поради крадењето на талентираниот играч на Емполи, Алберто Масаки.

вторник, 8 септември 2009 г.

Фердинанд: Има само еден голем тим во Манчестер

Иако Сити потрошија речиси 250 милиони фунти со цел да станат главна сила во Англија и Европа, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед вели дека тие само си го трошат времето.
Исто така Фердинанд го предупреди амбициозниот Арапски сопственик на Манчестер Сити и менаџерот Марк Хјуз дека трошењето на огромни суми за играчи не гарантира успех.


„Овој град едноставно не е доволно голем за два големи клуба“ изјавил Фердинанд.

„Сити имаат многу локални подржувачи кои што плачеа за успех изминативе години, и можеби сега мислат дека е дојдено нивното време поради сите инвестирани пари.“

„Но не секогаш парите носат и успех. Можно е, како во ситуацијата со Челзи, но тие пред Абрамович беа трети, четврти или петти во Лигата, додека ситуацијата со Сити е друга, и времето ќе покаже колку ќе бидат успешни. Ако освојат нешто оваа сезона, нека им е со среќа, но мислам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги освојат големите трофеи.“

Иако нема одиграно натпревар оваа сезона поради повреда заработена на денот пред првиот натпревар, Фердинанд се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот против Тотенхем во Сабота.

Извор

понеделник, 7 септември 2009 г.

Jунајтед ги негира бенефициите на Погба

Како одговор на моменталните изјави во јавноста на претседателот на Le Havre, Жан Пјер Лувел, Јунајтед сака категорично да потврди како дел од клупската полиса и во согласност со фудбалските правила, дека не им нуди бенефиции на родителите на играчите кои потпишуваат за клубот, како на пример плус добивки или па купување на куќи.



Јунајтед денес му пиша на фудбалскиот клуб Ле Авр дека ако ваквите изјави во јавноста продолжат, дека против нив ќе биде покрената соодветна судска постапка за клевета, во врска со правилноста на трансферот на Пол Погба. Манчестер Јунајтед е задоволен што овој трансфер се одви според сите законски правила и регулативи на ФИФА и на УЕФА и е спремен судски да ја брани секоја искажана неправилност од Ле Авр или од било кое трето лице.

Истотака, треба да се спомне дека целата документација во врска со договорот на Пол Погба, веќе е одобрена од Англиската Фудбалска Асоцијација и Премиер Лигата.

Јунајтед заинтересирани за Игор Акинфеев

Англискиот трократен шампион, Манчестер Јунајтед, е заинтересиран за услугите на рускиот голман на мрежата на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев.


Не само недоволно добар за Англија, очигледно дека Бен Фостер неможе да ги задоволи вкусовите да брани во првиот состав на гигант како Манчестер Јунатјед, па затоа Сер Алекс се сврте кон многу талентираниот Руски голман, 23 годишниот Игор Акинфеев од ЦСКА Москва.

Ван Дер Сар изјави дека најверојатно ќе ја заврши својата кариера на крајот на сезонава, и моментално е повреден 8 недели поради скршеница на прстот.Како и да е, на Сер Алекс ќе му останат само Фостер и Кушчак како опции за главен голман во тимот, и според The Mirror, Сер Алекс верува дека не се достојни за да бранат за тим како Јунајтед.

Посетители

Администратори