четврток, 8 октомври 2009 г.

Јоветич поласкан од Јунајтед

Ѕвездата на Фиорентина што го потопи Ливерпул со 2-0 во Лигата на Шампионите минатото коло, Стеван Јоветич, вели дека е поласкан од интересот покажа од Јунајтед но вели дека моментално е среќен во Фиорентина.


Во последната недела, откако Јоветич ги даде двата гола кои го победија Ливерпул, имаше многу шпекулации за негово заминување и за интереси за неговиот потпис од неколку големи тимови.

Сепак, 19 годишниот вели дека не планира во блиска иднина да го напушти тимот и дека е среќен во Виола.

"Читам дека за мене се интересирале големи европски тимови и поласкан сум од интересот, поготво од Манчестер Јунајтед, но моментално среќен сум во Фиорентина.Таму имам се што ми треба за да се развијам како играч и сум под договор во следните 5 години, не ми е во плановите на го напуштам тимот." - изјави Јоветич за Српскиот весник Блиц.

Пол Погба официјално играч на Јунајтед

ФИФА одлучи дека тужбата од Ле Авр немала доволно докази и го досади случајот во корист на Јунајтед.Погба официјално е ѓавол!


Пораншениот клуб на 16годишникот испрати жалба до ФИФА против неговото потпишување за Јунајтед, тврдејќи дека имале договор со играчот од средниот ред за 09-10 сезоната.

Сепак, членовите на ФИФА го изгласаа случајот во полза на Јунајтед и дека играчот немал договор со Ле Авр.Според ова, Јунајтед не прекршил ниту едно правило од ФИФА, и Погба денес официјално стана нов играч на Јунајтед.

Ле Авр сеуште имаат опција да се спротистават на одлуката на ФИФА.

среда, 7 октомври 2009 г.

Јунајтед и Сити заинтересирани за Суботич

Градските ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити според најавите на англиски весници, се борат за потписот на Српскиот играч од одбраната на Борусија Дортмунд, Невен Суботич.


Српскиот репрезентативец кој го има добиено епитетот "новиот Видич" импресионираше за Борусија во дебитанската сезона откако се префрли од Маинц за 3.5милиони фунти.

20 годишниот имаше 34 настапи минатата сезона и даде 6 гола и се верува дека Јунајтед и Сити се спремни да платат 15 милиони фунти за неговите услуги, за кои истотака се верува дека и Челзи и Арсенал се заинтересирани.

Сити сеуште бараат дефанзивец откако не успеаа да го донесат легендарниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери, а Јунајтед пак сака да додаде уште еден квалитетен млад дефанзивец и евентуален партнер во иднина на Џони Еванс во срцето на одбраната на Јунајтед.

"Имам договор со Дортмунд и се чуствувам добро тука.Има опција и за да се преселам но во иднина, преместувањето од една земја во друга е прерано за мене." - изјави Суботич

Овен: Јунајтед се најдобриот клуб во светот

Засилувањето на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, ги остави со иронични насмевки фановите на Ливерпул откако изјави дека според него, Манчестер Јунајтед се најдобриот и најголемиот клуб во светот. По ова, очекувано е Овен да биде непријателски пречекан на 25 октомври, кога Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул на Енфилд Роуд.
Иако Овен служи како замена за Бербатов и Руни, вели дека го сака животот во Јунајтед. „Фантастично е да се соработува со Сер Алекс Фергусон. Имате се` што би можеле да посакате или очекувате од еден клуб, можеби најголемиот во светот, Манчестер Јунајтед. Од човекот што е одговорен за дресовите па се` до девојките кои работат во кантината... се` е прва класа.“, изјави Овен.

Иако настапува за Јунајтед, Овен во последно време е исклучен од англиската репрезентација. „ Ова ми е последна шанса да се наметнам на Капело. Морам да прикажам добри игри во дресот на Јунајтед до крајот на сезоната, па да се надеваме дека Капело ќе забележи.“

Руни сака да е најдобар англиски голгетер

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, напаѓачот Вејн Руни, изјави дека сака да стане најдобар стрелец во репрезентацијата на Англија.
Рекордот моментално е во посед на Сер Боби Чарлтон, кој за Гордиот Албион погоди 49 пати, додека Вејн Руни има постигнато 25 гола, а се` уште е на почетокот на својата кариера. „За мене тоа ќе биде остварување на сонот од мал и ми значи многу. Исто така добро би било ако двајца играчи од Манчестер Јунајтед го држат првото и второто место на листата на стрелци. Не го отпишувајте Мајкл Овен пред време, тој се` уште има шанса за повеќе.“, изјави Вејн Руни.

Мајкл Овен е 4 на таа листа, со постигнати 40 гола. Пред него освен Чарлтон со 49, се Гери Линекер со 48 и Џими Гривс со 44 погодоци.

вторник, 6 октомври 2009 г.

Ѓаволско трио: Продолжуваме понатаму!

Гери Невил и се обрати на англиската јавност и посвети неколку минути на своите колеги ветерани од тимот ја Јунајтед, Гигс и Сколс и изјави дека ќе играат за тимот се додека тие се пожелни во него, поточно, не се најдат соодветни замени.

34 годишниот десен бек на Јунајтед, кој имаше доста повреди и не одигра многу мечеви минатире две сезони, негираше дека неговата кариера во Јунајтед е доведена до крајот, иако призна дека нема уште многу да настапува за репрезентацијата на Англија и дека најверојатно кај и да е, интернационалната кариера ќе заврши.

„Играњето за Манчестер Јунајтед е најдобрата работа на светот. Зошто би сакале да прекинеме?“ „Настапите на Гигс ме оставаат без зборови. Неверојатно. Тој е можеби најкреативниот фудбалер во тимот и таа негова креативност честопати не „вадела“ кога ни било најтешко. Сколс па се` уште е рамо до рамо со брзината со која се играат натпреварите и никогаш не дозволува некој шут да пропадне залудно. “, изјави Гери Невил.

Како најголема причина зошто овие тројца никогаш не посакале да си заминат од нивниот клуб од детството, Невил го наведе Сер Алекс Фергусон. „Фергусон е причината поради која сме овде. Секогаш ни давал шанса. Не само на нас, тој сиве овие години наназад промовираше млади играчи и ги пробиваше низ фудбалскиот свет. Тој има контрола над се. Ние сме среќни што тој сака ние се` уште да играме.“

Посетители

Администратори