четврток, 4 февруари 2010 г.

Нистелрој ги поддржува Јунајтед и Вејн Руни

Една од иконите на Јунајтед, Руд ван Нистелрој, изјави дека Манчестер Јунајтед ја имаат неговата поддршка во битката за титулата оваа сезона и изјави дека најголемата причина поради која Јунајтед би ја освоил ПЛ е големината на Вејн Руни.



Поранешниот напаѓач на Јунајтед, кој постигна 150 гола во 219 настапи, се придружи на тимот од Хамбургер но сепак признава дека би сакал повторно да заигра во ПЛ.

„Ги гледам натпреварите на ТВ и уверен сум дека битката за титулата ќе се води меѓу Јунајтед и Челзи. Двата тима се полни со играчи со победнички менталитет, но се надевам дека мојот Јунајтед ќе излезе како победник. За разлика од Челзи, тие се посилни од сезона во сезона и го имаат Вејн Руни.“, изјави ван Нистелрој.

На прашањето за можното враќање во ПЛ, Нистелрој додаде: „Неколку англиски тимови покажаа интерес за мене. Го сакам англискиот тим и по поминати 5 неверојатни години на Олд Трафорд, би било лудост да кажам дека не сакам да се вратам таму. Сепак, во тој момент, Хамбургер достави понуда која најмногу ми одговараше и затоа ја прифатив.“

Јунајтед заинтересирани за Зидан

Манчестер Јунајтед, Барселона и Арсенал заинтересирани за играчот на Борусија Дортмунд, Мухамед Зидан.


Таткото на Мухамед Зидан, Абдула, изјави дека овие три клуба го контактирале агентот на неговиот син за можно преминување во нивните редови. Мухамед Зидан беше еден од главните ѕвезди на Африканскиот куп на нации и му помогна на Египет да го освои купот 3 пат по ред.

Таткото на Зидан, истотака откри дека неговиот син има клаузула во договорот со Дортмунд дека може во секое време да го напушти клубот и да премине во друг тим во секое време до крајот на сезоната.


Овен Харгривс изоставен од составот за ЛШ

Овен Харгривс е изоставен од списокот на фудбалери кои ќе треба да продолжат со натпреварите во нокаут фазата од ЛШ.



Овој потег најверојатно ќе значи крај на надежите на Харгривс дека би можел да избори место во селекцијата на Капело за СП кое треба да се оддржи летово.

Минатиот месец САФ изјави дека би можел Харгривс да влезе во селекцијата за ЛШ иако се` уште неспремен за фудбалски натпревар, но УЕФА потврди дека англискиот репрезентативец го нема на списокот на фудбалери.

По претрпената операција на двете колена, Харгривс почна со тренинзи во септември, но неговото закпренување оди поспоро, па датата на неговото враќање на терените се` повеќе се оддолжува, иако Сер Алекс изјави дека Харгривс почнал да тренира со првиот тим неколку пати неделно.

Иако е изоставен од селекцијата, сепак Англија верува дека Харгривс би се повратил во неговата стара форма, бидејќи сите паметат кој беше најдобар англиски играч на СП во Германија, 2006 година.

среда, 3 февруари 2010 г.

Тевез пак провоцира

Вестите коишто дефинитиво ќе ги изнервира и по којзнае кој пат испровоцира фановите на Јунајтед да го свиркаат на секој натпревар, е изјавата на Тевез дека во својата соба го има ставено постерот "Welcome to Manchester".



Манчестер Сити го направија контроверзниот постер на датата кога Тевез пристигна како засилување од Јунајтед во Сити, и беше прикажан низ скоро цел Манчестер и најмногу околу стадионот на Сити.

Ферги постерот го искоментира како доказ за ароганцијата на соседите.Но Тевез не мислеше така, и штом го доби постерот веднаш го закачи во својата соба.

"Закачен ми е на ѕидот во мојата соба во Аргентина.Некој ми го купи на мене, сам никогаш не би купил нешто со моја слика или име на него." - изјави Тевез.


вторник, 2 февруари 2010 г.

Бекам: Јунајтед е моја прва и единствена љубов

Играчот на Милан, Дејвид Бекам, признава дека Манчестер Јунајтед е негов омилен тим, прва љубов како што го нарекува и вели дека се подготвува за емоционално враќање на Олд Трафорд.



Изјави: „Кога бев во Реал Мадрид, не успеав да се вратам на Олд Трафорд. Чувството дека ќе играм против Јунајтед ме прави да се чувствувам лошо на моменти, затоа што го имам во срцето. Првите години кога играв во Реал ми беше многу тешко и многу работи ми недостигаа. До ден денес посакувам да сум играч на Манчестер Јунајтед, тоа ми е во срцето. Секогаш кога ги гледам Јунајтед како играат посакувам да победат и посакувам да освојат што повеќе титули, затоа што тие се мојот тим број 1.“

Рио со уште една жалба

Рио Фердинанд ќе поднесе уште една жалба за банот од 4 натпревари кој му беше даден во четврокот, но овој пат, со последица од неиграње во финалето на Карлинг купот.


Откако англискиот репрезентативец конечно се врати во составот за Јунајтед во натпреварот со Хал, по само 2 натпревари изиграни повторно се врати на трибините, овој пат поради банот од 4 натпревари.

Јунајтед поднесе жалба за првичниот бан од 3 натпревари, колку Рио да игра против Сити во Карлинг купот, но таа беше одбиена и му беше даден дополнителен бан од 4 натпревари.Веќе го пропушти натпреварот со Арсенал, и му остануваат уште со Астон Вила,Евертон и Портсмут.

Овој пат жалбата не е доставена за банот од 3 натпревари туку за дополнителна казна којашто ја доби.Доколку биде прифатена жалбата, тогаш би играл во натпреварот со Евертон на Гудисон Парк, но ако не биде прифатена би можело да му се додаде уше 1 натпревар плус, суспензија, со што не би можел да игра против Вила во Карлинг купот.

Сер Алекс ја поддржува жалбата бидејќи дефинитивно сака да има екстра дефанзивец во тимот за тешките натпревари кои следат од Евертон натаму.


Посетители

Администратори