Една од иконите на Јунајтед, Руд ван Нистелрој, изјави дека Манчестер Јунајтед ја имаат неговата поддршка во битката за титулата оваа сезона и изјави дека најголемата причина поради која Јунајтед би ја освоил ПЛ е големината на Вејн Руни.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед, кој постигна 150 гола во 219 настапи, се придружи на тимот од Хамбургер но сепак признава дека би сакал повторно да заигра во ПЛ.
„Ги гледам натпреварите на ТВ и уверен сум дека битката за титулата ќе се води меѓу Јунајтед и Челзи. Двата тима се полни со играчи со победнички менталитет, но се надевам дека мојот Јунајтед ќе излезе како победник. За разлика од Челзи, тие се посилни од сезона во сезона и го имаат Вејн Руни.“, изјави ван Нистелрој.
На прашањето за можното враќање во ПЛ, Нистелрој додаде: „Неколку англиски тимови покажаа интерес за мене. Го сакам англискиот тим и по поминати 5 неверојатни години на Олд Трафорд, би било лудост да кажам дека не сакам да се вратам таму. Сепак, во тој момент, Хамбургер достави понуда која најмногу ми одговараше и затоа ја прифатив.“
0 коментари:
Објави коментар